КОМПОНЕНТИ ЗА СИСТЕМИ ЗА ЗВУК

Грамофон со можност за снимање со звук со висока резолуција

PS-HX500
Слика од Грамофон со можност за снимање со звук со висока резолуција
Слика од Грамофон со можност за снимање со звук со висока резолуција
Слика од Грамофон со можност за снимање со звук со висока резолуција
Слика од Грамофон со можност за снимање со звук со висока резолуција
Слика од Грамофон со можност за снимање со звук со висока резолуција
PS-HX500, награда со 5 ѕвезди од What Hi-Fi?

„Тенденцијата за детали на Sony е уникатна“, PS-HX500 од Sony, What Hi-Fi?, мај 2016 година

Награда со 5 ѕвезди од What Hi-Fi?
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Дигитално снимање на аналогниот формат во најчиста форма

Грамофон за репродукција на винилни плочи и за снимање со висока резолуција

Внесете нова енергија во аналогните ремек-дела со DSD. Поврзете го грамофонот PS-HX500 со вашиот компјутер преку USB, репродуцирајте плочи и доловете го секој аспект на винилот со стандардната конверзија во DSD со 5,6 MHz. Претворете ја скапоцената колекција на плочи во звук со висока резолуција, а потоа прошетајте се со вашиот Walkman® или, пак, седнете и уживајте во репродукцијата на оригиналните грамофонски плочи.

Илустрација на USB
Дигитално снимање преку USB

Поврзете го грамофонот со компјутер за да ги преснимате омилените песни во музички фајлови.

Илустрација на приклучоците
Вграден моно еквалајзер

Поддржува моно и линиски излез за да можете да репродуцирате преку вградениот засилувач или надворешниот моно еквалајзер.

Винилот станува пренослив и добива звук со висока резолуција

Претворете ги вашите плочи во висококвалитетни дигитални музички фајлови

PS-HX500 е опремен со висококвалитетен A/D конвертор. Само поврзете го со вашиот компјутер преку USB кабел и претворете ги винилните плочи во песни со звук со висока резолуција. Ова е одличен начин за правење резервна копија од вашата скапоцена винилна колекција или за носење на песните надвор во вашиот Walkman®.

Понесете ги вашите плочи

Најдоброто од винилот, со мали димензии

Ќе можете во секое време и на секое место да уживате во реалниот звук на винилот, со целата негова топлина и рамномерност, со дигитална практичност - дома, надвор и во вашиот автомобил.

Цртеж за концепт
Напредните функции го вршат целиот процес

Само поврзете го PS-HX500 во USB приклучокот на компјутерот и претворете ги вашите винилни песни во висококвалитетен дигитален формат. Испорачаната компјутерска апликација ви овозможува да снимате, уредувате и зачувувате песни од вашите винилни плочи.

Слика од AD конверторот
Стандарден AD конвертор за DSD

Внатрешниот A/D конвертор поддржува стандардна конверзија од аналоген формат во DSD со 2,8 MHz или дигитален формат со 5,6 MHz.

Слика од апликацијата „Hi-Res Audio Recorder“
Бесплатна апликација „Hi-Res Audio Recorder“ за PC

Апликацијата за уредување за Windows и macOS® ви овозможува лесно отсекување на несаканите делови од снимката и делење на песните на едноставен начин.

DSD за репродукција која е слична со изворот

DSD форматот ги репродуцира најситните детали од звукот, вклучувајќи го и амбиентот за време на изведбата. Овој чист звук е идеален начин за снимање и репродуцирање на топлите чувства од винилните плочи.

Формати на аудио фајлови со висока резолуција

Освен DSD фајловите добиени од DSF, поддржано е и снимање и репродукција на WAV фајлови добиени од PCM.

формати на фајлови
Веднаш почнете да уживате во извонредните изведби

Извршете интеграција во вашиот висококвалитетен аудио систем со компоненти

Поврзувањето на PS-HX500 со висококвалитетен аудио систем со компоненти ви овозможува да уживате во винилските плочи и реализмот кој го нудат.

Технологии за звук наменети за аналогно уживање

Уживајте во сите јасни и топли звуци од вашите винилни плочи со PS-HX500 кој е опремен со технологија за висококвалитетен звук.

Слика од прав држач со школка
Новодизајниран прав држач со вградена школка

Вградената школка ја подобрува издржливоста и го стабилизира лежиштето за да овозможи врвно фокусирање и димензионалност на звукот, а неговата лесна структура го подобрува следењето.

Грамофон - стабилност во движење

Грамофонот ги користи најновите техники за да обезбеди извонредно стабилна ротација за оптимална и природна репродукција на вашата музика.

Слика од системот со ременски погон со голема стабилност
Систем со ременски погон со голема стабилност

Оптимизираната конструкција со лагери го стабилизира ременскиот погон за да добиете природна репродукција на звукот.

Слика од висококвалитетната гумена подлога од 5 мм
Висококвалитетна гумена подлога од 5 мм

Одличното прилепување на површината на плочата ја минимизира непотребната резонанса за да се добие чист звук

Слика од подлогата за плочи од лиен алуминиум
Подлога за плочи од лиен алуминиум

Подлога за плочи со голема инерција од лиен алуминиум нуди извонредна рамнотежа помеѓу цврстината и масата.

Што има во кутијата

Извонредната технологија за звучници на Sony е вградена во MDF кутијата за да добиете висококвалитетна акустика.

Слика од MDF кутијата со врвна акустика
Акустична MDF плоча

MDF кутијата со дебелина од 30 мм има одлични карактеристики на звукот за прецизна репродукција на звучното поле.

Слика од изолираната структура
Изолирана структура

Одлично изолирана со гумени придушувачи за елиминација на вибрирањето на полиците и другите периферни предмети.

Слика до електронската плоча со епоксидно стакло
Електронска плоча со епоксидно стакло

Користењето на смола од епоксидно стакло за електронската плоча ви нуди подобар квалитет на звукот и стабилност.

Спецификации и функции

Поврзете го со компјутер преку USB и претворете ги аналогните снимки во стандардни DSD фајлови со 5,6 MHz. DSD ги доловува фините нијанси на старите ремек-дела, вклучувајќи ја рамномерноста на винилот. Архивирајте ги фајловите на музички сервер, понесете ги со вас на вашиот Walkman® или пак уживајте во нив во автомобилот. Внатрешниот засилувач со моно еквалајзер ви овозможува да уживате во аналогноста преку висококвалитетен аудио систем.
  • Внатрешен A/D конвертор и USB излез за лесно конвертирање на винилот во DSD.

  • Поддржува моно и линиски излез преку вградениот моно еквалајзер.

  • Две брзини на работа: 33 1/3 и 45 rpm.

  • Извонредно стабилен систем со ременски погон за природна репродукција на звукот.

  • Новодизајнираната игла овозможува прецизно следење на фонографските снимки.

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина