Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Слушајте, складирајте, уживајте - звук со висока резолуција

Репродуцирајте и складирајте музика и уживајте во HD звук преку системот за звук HAP-S1. Тој содржи засилувач од 2x40W и хард диск од 500 GB. Поврзете го со паметниот телефон за да ја контролирате музиката, а потоа опуштете се и уживајте.

Слушајте ја вашата музика во најдобро издание

Без разлика дали станува збор за звук со висока резолуција, CD дискови или MP3 - слушајте ја вашата музика со највисок можен квалитет на звукот. HAP-S1 поддржува формати на звук со висока резолуција, како DSD, FLAC, WAV и ALAC, како и форматите MP3, iTunes AAC, ATRAC и Windows WMA - обновувајќи го нивниот квалитет речиси до оригиналната снимка.

Како функционира звукот со висока резолуција

Слушајте како да сте во студио за снимање

Технологијата за звук со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема стапка отколку кај CD дисковите. Звукот со висока резолуција може да има стапка од 24 бита/96Hz, поради што ќе доловува повеќе детали од вашата музика.

Звук со висока резолуција
DSEE
Обновете ги сите ваши компресирани фајлови

Процесорот за подобрување на дигиталниот звук (DSEE) ги подобрува компресираните фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE ги репродуцира дигитални музички фајлови со богат и природен звук.

Дизајнирани за моќен звук

2x40W AB засилувачи со двоен моно дизајн

Ваше целосно решение за звук со висока резолуција - независно балансирани канали на засилувачот нудат сеопфатни перформанси, а цврстата рамка ги намалува изобличувањата.

Ефикасни AB засилувачи

Слушајте природен и сеопфатен звук со двојниот моно дизајн.

Аналогни FIR филтри

Работата на фреквенциите на DSD за добивање на прецизна DA конверзија.

Алуминиумска рамка

Цврстата алуминиумска рамка ги намалува вибрациите за намалување на изобличувањата.

Хард диск од 500GB
Вграден хард диск од 500GB

Складирајте до 25.000 песни.

Додајте повеќе простор за складирање

Поврзете надворешен хард диск преку двата задни USB приклучоци.

Вашата музика, на начин кој ви одговара

Бидете во тек со лесни безжични префрлувања

Уживајте во целата ваша музика на едно место. Преземете ја апликацијата HAP за префрлување на музика од вашиот компјутер која овозможува синхронизација и копирање на сите ваши песни во HAP-S1 преку Wi-Fi.® Следниот пат кога ќе преземете нова песна, таа автоматски ќе се префрли, а Gracenote ќе ги провери имињата на песните, насловните страни на албумите и другите информации.

Направете го целосно вашето доживување на звукот

Направете го саканиот систем за звук, со линиски излез и два линиски влезови, коаксијален, оптички, USB и LAN приклучок, како и излези за лев и десен звучник.

Аудио приклучоци
Вие ја контролирате музиката

Секогаш пронаоѓајте ја саканата песна

Преземете ја контролата врз вашиот HDD плеер преку вашиот паметен телефон или таблет уред со преземање на апликацијата за контрола или, пак, пребарувајте ја вашата музика на LCD екранот со испорачаниот далечински управувач.

Апликација
Лесно пребарување со помош на апликацијата

Вашата музичка збирка ќе се копира во вашиот уред за полесно пребарување.

Пребарување на LCD екранот
Погледнете ги вашите песни на LCD екранот

Пребарувајте песни со голема брзина со вртливото копче на предниот панел.

Спецификации и функции

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Капацитет од 500GB за складирање на илјадници песни

  • Wi-Fi® со софтвер за автоматска синхронизација со компјутер

  • Директна контрола преку вашиот паметен телефон или таблет уред

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина