АКЦИОНА КАМЕРА HDR-AS50

Сите спецификации и функции

HDR-AS50

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 24,2 x 47,0 x 83,0 мм
Тежина
83 гр. (вклучувајќи ја испорачаната батерија)

Сензор

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор со задно осветлување од 7,77 мм (тип 1/2,3)
Ефективни точки (видео)
Прибл. 11,1 милиони точки
Ефективни точки (фотографија)
Прибл. 11,1 милиони точки

Објектив

Вид на објектив
Tessar од ZEISS®
F-број (максимална решетка)
F2,8
Фокусна должина (35мм) (видео)
f=18,4 мм (широко), f=21,8 мм (тесно)
Фокусна должина (35мм)(фотографија)
f=18,4 мм (широко), f=21,8 мм (тесно)
Минимално фокусно растојание
Прибл. 30 см

Стабилизација на слика

Steadyshot
Електронска стабилизација на слика SteadyShot

Експозиција

Режим на експозиција
Повеќе сегменти
Минимална осветленост
6 лукси (1/30 брзина на бленда)

Баланс на белата боја

Режими на балансот на белата боја
АВТОМАТСКИ/температура на бои/прилагодено

Бленда

Брзина на блендата
1/30 - 1/10.000 (30fps)

Снимање

Процесор на слика
BIONZ X™ процесор на слика
Други функции за снимање
Повторено снимање, подвижна снимка LE, секвенцијално фотографирање, снимање забрзани снимки, проследување во живо
Отпорност на вода
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Отпорност на прав
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Отпорност на удари
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)

Медиуми за снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Компатибилност со Memory Stick Micro и MicroSD/SDHC/SDXC

Снимање

Формат за снимање (видео)
MP4: MPEG-4 AVC/H.264, XAVC S формат: MPEG-4 AVC/H.264
Формат за снимање (фотографија)
Компатибилност со DCF вер.2.0, компатибилност со Exif вер.2.3, компатибилност со MPF Baseline
Видео резолуција
MP4 PS:1920x1080 60p/50p, MP4 HQ:1920x1080 30p/25p, MP4 STD:1280x720 30p/25p, MP4 HS120 (HS100):1280x720 120p/100p, XAVC S:1920x1080 60p/50p/30p/25p/24p
Стапка на снимање видео (ABR / VBR)
MP4 PS: Прибл. 28 Mbps/HQ: Прибл.16 Mbps/STD: Прибл. 6 Mbps/HS120(HS100): Прибл. 28Mbps, XAVC S 60p/30p/24p Прибл. 50 Mbps 50p/25p Прибл. 50 Mbps
Големина на слика (режим на слики)
Прибл. 11,9 милиони точки 16:9 (4608 x 2592)

Аудио

Формат за снимање на звук
MP4/MPEG-4 AAC-LC 2-кан.
Микрофон
Вграден стерео микрофон
Звучник
Моно звучник

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Повеќе/микро USB приклучок

Моќност

Енергетски потреби
3,6V (комплет батерии)
Тип на батерија
NP-BX1

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење (NP-BX1)
  • Микро USB кабел
  • Водич за запознавање
  • Куќиште за под вода (MPK-UWH1)
  • Тока за прикачување
Placeholder

Функции

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Нов кориснички интерфејс за едноставно ракување

Избирањето и менувањето на функциите никогаш не било полесно со новиот и интуитивен кориснички интерфејс. Сите менија се лесно достапни. Уживајте во беспрекорно поставување на камерата и пронајдете ги совршените поставки за вашите потребите при фотографирањето. Камерата може да се вклучува/исклучува и преку паметен телефон со Imaging Edge Mobile.

SteadyShot™ го победува тресењето и заматувањето

Од најкарпестата патека до највозбудливото сурфање – добијте јасни и чисти видеоснимки во кои ќе ужива вашата публика. SteadyShot ја нормализира осцилацијата која сликата ја пренесува во сензорот. Тоа значи дека заматувањето на движењата и нивоата на шум се намалени, дури и при слаба осветленост.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Exmor R® CMOS сензор со поголема чувствителност

Спуштање со велосипед по планини со огромна брзина на зајдисонце? Кајакарење во зори? Вашиот снимен материјал ќе изгледа прекрасно, благодарение на чувствителноста при слаба осветленост, подобрената јасност на слика и значителното намалување на зрнестата текстура кои ги нуди Exmor R® CMOS сензорот од Sony.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

BIONZ X™ за врвни детали и текстура

Процесорот за обработка на слика од Sony реалистично ја репродуцира текстурата и деталите, исто како што ги гледа човечкото око, преку обработката со извонредно голема брзина. Заедно со предниот LSI (интеграција во голем размер), кој ја забрзува обработката, BIONZ X ви нуди поприродни детали, пореалистични слики, градација со побогати тонови и помал шум, без разлика дали снимате фотографии или видеоснимки.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Остар Tessar објектив со извонредно широк агол од ZEISS®

Снимајте неверојатни слики со широк агол со објективот Tessar од ZEISS® или изберете стандарден, но сепак впечатлив приказ. И во двата режима, секогаш ќе можете да снимате прекрасни слики од скијачките патеки, планинските патеки, брзите реки или, пак, асфалтираните патеки во вашиот локален парк.

Функција за прилагодување на аголот на гледање

Уживајте во поголема флексибилност за разновидност при снимањето за да добиете врвни ефекти и поголема возбуда. На пример, аголот на гледање може да се менува помеѓу „Широко“ и „Тесно“ во две нивоа. Освен тоа, режимот за зумирање кој можете беспрекорно да го прилагодувате овозможува промена на зумот при снимањето. 

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Вградениот стерео микрофон снима квалитетен звук

Направете ги добрите видеоснимки уште подобри со одличниот звук. Вградениот стерео микрофон ви овозможува да ги доловите звуците од вашата авантура со стерео и природен звук. Јасниот звук со намален шум ќе ги надополни најсофистицираните видеоснимки што можете да ги снимите.

Снимање забрзани снимки во 4K

Снимањето забрзани снимки ви овозможува да снимате видеоснимки со забрзани движења на едноставен начин преку снимање висококвалитетни 4K-фотографии на определени интервали. Потоа PlayMemories™ Home ќе ги претвори овие слики во импресивна видеоснимка со забрзани движења.

Highlight Movie Maker со откривање на лице 

Дознајте на колку едноставен начин Highlight Movie Maker ја користи функцијата за откривање на лице при автоматското уредување во самата камера. Исто така, Highlight Movie Maker поддржува голем број на сцени - не само спортски случувања, туку и секојдневни ситуации и патувања - и автоматски ги избира најдобрите моменти од снимката за да создаде видеоснимка со најдобри моменти и музика во заднина. Можете веднаш да ги споделувате вашите дела преку паметен телефон.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Рачна контрола за софистициран стил на снимање

Откријте ги софистицираните функции за снимање видеоснимки со возбудливи случувања кои  со гордост ќе ги споделите со семејството, пријателите и фановите. Користете ги напредните рачни поставувања како баланс на белата боја и AE поместување, и оптимизирајте ја осветленоста и нијансите за да одговараат на сликите од другите видеокамери за полесно уредување на снимките. Покажете ја вашата вештина и стил како режисер и филмска ѕвезда.

Проследување во живо преку Ustream (во моментот IBM Cloud Video)

Споделувајте ги трчањата со скии, големите бранови (и совладувањата) во реално време. Проследувајте ги сцените во моментот кога се случуваат со висококвалитетна слика и звук.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

120 fps во HD резолуција за забавени видеоснимки

Погледнете го секој детаљ од динамичните случувања со рамномерни забавени движења, благодарение на снимањето со висока стапка на слики од 120 fps во HD резолуција.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Секвенцијално фотографирање

Снимајте динамични сцени со секвенцијално фотографирање. Тоа ви овозможува да доловите најмногу осум висококвалитетни слики од некој трик или премин, поради што е совршена функција за оние кои сакаат да го анализираат својот стил. Поставувањата се 8 fps/1 сек., 5 fps/2 сек. и 2 fps/5 сек.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Подвижна снимка LE

Снимете цела динамична сцена во една слика. Оваа функција создава композитна слика од објектот во движење, со различни поставувања за различни брзини за последователно снимање, кои се: 8 fps/1 секунда, 5 fps/2 секунди и 2 fps/5 секунди.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Контрола на повеќе камери

Користете до пет камери за да добиете возбудливи снимки од површината нагоре или одозгора надолу. Контролирајте ги на едноставен начин со далечинскиот управувач за прегледување во живо (не се испорачува со HDRAS50) или со паметен телефон преку апликацијата Imaging Edge Mobile.

PlayMemories™ Home за лесно и креативно уредување

Подобрете ги видеоснимките со PlayMemories™ Home. Снимајте и уредувајте видеоснимки на брз и едноставен начин благодарение на големиот број функции, како снимање забрзани снимки во 4K и забавени видеоснимки. Исто така, може да ги ротирате видеоснимките во правец на стрелките на часовникот или во спротивна насока за 90˚ со функцијата за ротирање видеоснимки или, пак, користете приказ на повеќе видеоснимки за да споите до четири сегменти со видео - снимени истовремено со различни камери - што ќе ги прикажете истовремено во различен дел од екранот.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Практично повторено снимање

Не грижете се да не го пропуштите совршениот момент со повтореното снимање. Можете да изберете снимање со повторно презапишување со времетраење од 5, 20, 60, 120 минути или “неограничено”. Користете го за да го снимите клучниот момент без да се грижите заради недоволниот простор.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Подводно куќиште како стандардна опрема

Нуркајте со акционата камера до 60 м/197 ft. користејќи го испорачаното куќиште за под вода - нема потреба да купувате изборна опрема. Куќиштето е опремено со рамен панел и ви овозможува да ги користите сите копчиња на камерата на едноставен начин. Згора на тоа, ја заштитува камерата и од удари, влага, 'рѓа, прав и песок. Уживајте во безгрижни подводни авантури и истражувајте терени со лоши услови.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Зголемена практичност 

Вградениот приклучок за статив значи дека можете брзо да ја прикачите вашата акциона камера на статив за стабилно снимање. USB приклучоците сега се сместени на задната страна на камерата за полесно приклучување на галантерија.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Отвор за Memory Stick Duo / SD

Отворот за мемориска картичка поддржува Memory Stick Micro™ (M2) и микро SD / SDHC / SDXC мемориска картичка (класа 4 или повисока). Изберете ја картичката која најмногу одговара на вашите потреби за снимање и е компатибилна со вашиот компјутер. (Мемориските картички не се испорачани.)

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Дополнителни светлосни индикатори за лесно препознавање на статусот на камерата

Оваа акциона камера има три светлосни индикатори на предната, горната и задната страна. Сега можете лесно да го проверувате статусот на снимање од различни насоки, како и да го слушате звукот на практичниот звучен потсетник.

Слика од Акциона камера HDR-AS50

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.