HDR-AS50
Одете и забавувајте се!
Снимајте во секое време и на секое место со акционата камера.
Снимајте во секое време и на секое место со акционата камера.
Користете ја акционата камера со далечинскиот управувач за прегледување во живо. Далечинскиот управувач за прегледување во живо е повеќе од обичен додаток за на рака и може да се користи како практичен монтажен управувач за изборниот држач за снимање. Бидете подготвени за секоја авантура.
Избирањето и менувањето на функциите никогаш не било полесно со новиот кориснички интерфејс. Уживајте во беспрекорно поставување на камерата и пронајдете ги совршените поставки за вашите потреби при фотографирањето. Камерата може да се вклучува/исклучува и преку паметен телефон со Imaging Edge Mobile.
Користете SteadyShot™ за снимање стабилни видеоснимки, фотографирајте во темнина со чувствителност за слаба осветленост, менувајте ја покриеноста на полето со ново и прилагодливо видно поле и добијте ненадминати високи перформанси со комбинацијата од Exmor R® сензор, BIONZ X™ процесор и објектив од ZEISS®.
SteadyShot ги елиминира малите вибрации предизвикани од возење велосипед и други активности. Сега можете да снимате постабилни видеоснимки од лична перспектива, а вашите фанови ќе можат да уживаат во претставата.
Отсега не треба да се грижите за фотографирањето во темнина. Со Exmor R®CMOS сензорот ќе можете да снимате неверојатни видеоснимки во природа, од изгревање до заоѓање на сонцето, па дури и да ја доловите природната атмосфера во затворените простории.
Фотографирајте во темнина дури и кога паѓа светлина врз овој најсовремен сензор.
Снимајте брзи движења и јасни случувања со 50 Mbps/Full HD.
Снимајте пејзажи и слики од висока перспектива со панорамски агли на гледање.
Изберете „Широк“ или „Тесен“ агол за видното поле и прилагодувајте ги поставките преку контролите за зумот додека фотографирате. Внесете врвен квалитет во извонредните видеоснимки на спортистите и режисерите.
Изберете „Тесно“ видно поле или изберете „Широко“ за панорама.
Зумот може да се менува преку паметен телефон со апликацијата Imaging Edge Mobile.
Забавувајте се со новата и цврста акциона камера. Нуркајте на длабочина до 60 м/197 ft. користејќи го испорачаното куќиште за под вода со лесен пристап до копчињата на камерата. Истражувајте насекаде со заштитата од удари, влага, 'рѓа, прав, песок. Снимајте насекаде и во секое време. Само за забава!
Што има во пакетот
Комплет батерии на полнење (NP-BX1), Микро USB кабел, Водич за запознавање, Куќиште за под вода (MPK-UWH1), Тока за прикачување