Акциона камера AS20 со Wi-Fi®

Сите спецификации и функции

HDR-AS20

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
24,5 x 47 x 82 мм (вклучувајќи ја испорачаната батерија NP-BX1)
Тежина
83 гр. (вклучувајќи ја испорачаната батерија NP-BX1)

Што има во пакетот

  • Комплет со прилепување (VCT-AM1)
  • Микро USB кабел
  • Водич за ракување
  • Комплет батерии на полнење (NP-BX1)
  • Водоотпорно куќиште (SPK-AS2)
Placeholder

Сензор

Тип на сензор
Задно осветлен Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3"
Ефективни точки (видео)
11,9MP
Ефективни точки (фотографија)
Прибл. 11.900K точки (16:9)

Објектив

Вид на објектив
Tessar® објектив од ZEISS®
F-број (максимална решетка)
F2,8
Фокусна должина
f=2,5мм (1/8 инчи)
Фокусна должина (35мм) (видео)
f=15,3мм (5/8 инчи) (170°), f=21,3мм (27/32 инчи) (120°)
Фокусна должина (35мм)(фотографија)
f=15,3мм (5/8 инчи) (170°), f=21,3мм (27/32 инчи) (120°)
Минимално фокусно растојание
Прибл. 30см, прибл. 11 7/8инчи

Стабилизација на слика

Steadyshot
Електронска стабилизација на слика SteadyShot

Експозиција

Режим на експозиција
Автоматски
Минимална осветленост
6 лукси

Баланс на белата боја

Режими на балансот на белата боја
Автоматски

Бленда

Брзина на блендата
Автоматска контрола на опсег 1/30 - 1/10.000 (30fps)
Отвор на блендата
F2,8

Снимање

Процесор на слика
BIONZ™
Избор на сцени
Автоматски/под вода
Отпорност на вода
До 5 м со испорачаното куќиште SPK-AS2
Отпорност на прав
Со испорачано куќиште SPK-AS2
Отпорност на удари
Со испорачано куќиште SPK-AS2

Медиуми за снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Micro™ – Mark 2, Микро SD/SDHC/SDXC мемориска картичка – класа 4 или повисока

Снимање

Формат за снимање (видео)
MP4 (MPEG-4 AVC/H.264)
Формат за снимање (фотографија)
Компатибилност со DCF вер.2.0, Компатибилност со Exif вер.2.3, Компатибилност со MPF Baseline
Видео резолуција
До 28Mbps
Стапка на снимање видео (ABR / VBR)
HQ:прибл.16Mbps, PS:прибл.28Mbps, SLOW:прибл.12Mbps, SSLOW:прибл.24Mbps, STD:прибл.6Mbps, VGA:прибл.3Mbps
Големина на слика (режим на слики)
11,9 милиони точки 16:9

Аудио

Формат за снимање на звук
MPEG-4 AAC-LC 2-кан.*7
Микрофон
Вграден стерео микрофон
Звучник
Monoral звучник

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Влез за микрофон, Микро HDMI излез, Отвор за мемориска картичка, Повеќе/микро USB приклучок

Моќност

Енергетски потреби
3,6V (комплет батерии)
Тип на батерија
NP-BX1
Потрошувачка на енергија(LCD екран)
1,8W

Функции

Снимајте при слаба осветленост со Exmor R® CMOS сензор

Репродуцирајте го реалистично секој аспект од сцената, дури и при слаба осветленост. Поврзувањето со жици кај препознатливиот дизајн на Exmor R® CMOS сензорот се наоѓа зад деловите за доловување на светлина за да се добие огромно подобрување на чувствителноста и намалување на шумот. Во комбинација со паралелната обработка на сигнали со поголема брзина и побрзата конверзија на сигналите, сликите имаат поширок динамички опсег и богата градација за извонредни детали и јасност.

Остар Vario-Tessar® објектив со извонредно широк агол од 170° од ZEISS®

Снимајте неверојатни слики со широк агол од 170˚ со помош на Vario-Tessar® објективот од ZEISS®. Или, пак, преминете на стандарден приказ од 120˚. Во двата случаи, со над 150 години искуство во прецизната оптика, објективот од ZEISS® им дава интензивен контраст и острина на вашите слики, без одблесоци и отсјај благодарение на напредниот систем со повеќе слоеви.

Контролирајте до пет камери со далечинскиот управувач со прегледување во живо

Со користење на изборниот далечински управувач RM-LVR1 со прегледување во живо, можете да контролирате најмногу пет камери преку Wi-Fi® директно од вашиот рачен зглоб. Обликувајте ги снимките, контролирајте ги поставките за снимање на камерите и започнувајте/запирајте со снимање за да добиете прекрасни снимени материјали од пет извори истовремено.

Домашни видео снимки без тресење со SteadyShot

Снимајте во движење без тресење и заматување. Електронската стабилизација на слика SteadyShot работи во внатрешноста на камерата за да се справи со тресењето на камерата, без разлика дали снимате широкоаголно или телефото. Сензорите за движење го откриваат тресењето на рацете и другите движења на камерата, за кои електронскиот SteadyShot потоа врши компензација со наменската бафер површина на сензорот.

Full HD снимање со 60p/50p и 28Mbps

Оваа импресивна статистика ви овозможува многу креативни опции: добијте Full HD резолуција и бит-стапка за видео од 28Mbps, како и стапка на слики од 50p до забавено движење од 240p.

Уредување на 4 видео снимки со Video Merge

Video Merge ви овозможува да комбинирате до четири видео сегменти (дури и делови со забавени движења) снимени истовремено со различни камери, а потоа да ги прикажете истовремено во различен дел од екранот. Со оваа уникатна функција, секој може да направи извонредни видео снимки без да користи сложен софтвер за уредување. Достапно во PlayMemories Home.

Погледнете ги деталите

Функција за превртување на сликата кај видеоснимките

Функцијата за преклопување наопаку е особено корисна кога акционата камера снима и е поставена во обратна положба. Изберете ја специјалната опција пред снимањето со цел камерата да снима во стандардна ориентација.

Вградениот стерео микрофон снима квалитетен звук

Направете ги добрите видео снимки уште подобри со одличниот звук; вградениот стерео микрофон ви овозможува да ги доловите сите природни звуци од вашата авантура.

Опција за режим на фотографии

Додајте повеќе алатки кон вашата креативност без да додадете каква било опрема. Оваа видеокамера ви овозможува и да снимате неверојатни висококвалитетни поединечни слики - слично како и со фотоапарат. Згора на тоа, секвенцијалниот режим и режимот за забрзани снимки ви овозможуваат да снимате секвенци на слики без напор; искористете ги за одлични ефекти во видеоснимките или, пак, изберете ја вашата омилена слика.

Wi-Fi® за далечинска контрола и полесно насочување на камерата

Тешко е да снимате автопортрети или видеоснимки и да бидете во центарот на случувањата. Без визир/екран, не може да знаете што точно снимате. Решението е да ги погледнете случувањата во живо на вашиот паметен телефон; Можноста за поврзување со Wi-Fi® ви овозможува да го претворите вашиот паметен телефон или таблет уред во далечински управувач и визир.

Траење на батеријата од 150 минути

Без разлика дали возите скејтборд по омилените улици или велосипед на груб терен, не заборавајте да ги снимите случувањата - батеријата трае долго до 150 минути.

Тенок и лесен дизајн со лесно достапни контроли

Тенкиот дизајн, подлежен на помал воздушен и воден притисок, е идеален за речиси секакви надворешни активности. Згора на тоа, тенкиот профил целосно ја обвиткува кацигата (или велосипедот или друга опрема), за да го спречи изместувањето кое го предизвикува крупниот дизајн кај другите марки. Едноставните копчиња го олеснуваат ракувањето, дури и кога носите ракавици.

Цврсто водоотпорно куќиште со приклучок за статив

Камерата, која е изолирана во куќиштето, е отпорна на вода до длабочина од 5м и отпорна на удар при паѓања од висина до 2,5 м. Освен тоа, изолацијата од прав и нечистотии ја прават речиси потполно отпорна на кал, снег, дожд и честички. Акционата камера се одликува и со разновиден вграден универзален приклучок за статив.

Подводен режим за природни бои

Акционата камера снима прекрасни слики со природни бои дури и под вода. Поставете го балансот на белата боја за под вода пред снимањето за да спречите појава на изобличени зелени бои, а водата да остане реалистично сина како во реалноста.

Снимајте на ВАШ начин со два формати на меморија

Меморија која може да се проширува со Memory Stick Micro™ и Micro SD/SDHC картички. Користете го форматот кој сметате дека е попрактичен.

HDMI® излез за едноставно гледање на голем екран

Едноставно споделување нови фотографии или видеоснимки со пријателите и семејството на вашиот HD телевизор со голем екран (потребниот HDMI® кабел се купува одделно).