Едноставно поврзување со паметни телефони

Поврзувањето на фотоапаратот со телефон е лесно преку Creators’ App0. Преносот на податоци во заднина нема да прекине ако екранот на паметниот телефон влезе во режим на мирување или активирате друга апликација1. Претворете го телефонот или компјутерот во далечински управувач за да ракувате со фотоапаратот далечински.
Слика на која човек ги пренесува податоците од фотоапаратот во паметен телефон

Едноставно проследување со еден кабел

Претворете го ZV-1 II во висококвалитетна веб-камера со тоа што ќе го поврзете со компатибилен уред преку USB0. Големиот сензор за слика од тип 1,0 и однапред поставените параметри за креативен изглед создаваат живописни слики.
Слика на која човек го користи ZV-1 II како веб-камера
Лого за Creators' Cloud

Cloud-услуги на Sony

Најавете се на Creators’ Cloud за да извлечете максимум од алатките за снимање од Sony. Со тоа ќе добиете пристап до услугите на Cloud како Master Cut (Beta) која ги користи метаподатоците од фотоапаратот и Cloud AI за ефикасно создавање на грубо обработени видеоснимки, што ќе ви заштеди многу време. Или, пак, користете Ci Media Cloud за полесно и попрактично снимање и соработка со тимовите.
Дознајте за Creators' Cloud
Лого за Creators' App

Creators' App

Creators' App е апликација за паметни телефони која ви овозможува да го поврзете вашиот фотоапарат од Sony со Cloud, што ја подобрува функционалноста и ја зголемува практичноста за фотографирање и споделување.
Дознајте повеќе за Creators' App