Извонреден звук со разновидни опции
Дознајте повеќе за засилувачот за во автомобил XM-8ES Mobile ES™. Овој 8-канален засилувач што поддржува звук со висока резолуција може да се поврзе со различни извори, а може и да го користите во различни конфигурации на системи. Слушајте реална музика со зголемен фреквентен одзив и излезна моќност RMS од 100 W x 8 (330 W x 4 со спојување).
Уживајте во динамички звук со излезна моќност RMS од 100 W x 8 (330 W x 4 со спојување) со 4 оми / RMS од 165 W x 8 со 2 оми. Високоефикасниот засилувач од класа D нуди различни конфигурации на звучници што одговараат за сите автомобили и ги импресионираат сите ентузијасти за звук.
Слушајте ги најситните детали на звукот со висока резолуција чиј квалитет како од музичко студио го надминува квалитетот на CD-дисковите. Чувствувајте се како изведувачот да настапува пред вас.
Засилувачот со 8 канали XM-8ES е создаден да ги подобри сите песни - вклучувајќи ги и датотеките со звук со висока резолуција. Врвните електронски компоненти овозможуваат неверојатна ефикасност и репродукција на совршен звук, а тоа го збогатува секое патување со автомобилот со музика каква што заслужува.
Контролите и приклучоците се логички позиционирани заради лесно препознавање и користење. Внимателно дизајнираниот распоред овозможува интуитивно ракување и едноставно инсталирање.
Функцијата за спојување на сигналите ги спојува филтрираните аудиосигнали од модерните фабрички аудиосистеми во автомобилите, како што се посебните сигнали за високотонец, вуфер и сабвуфер, и прецизно го засилува целиот фреквентен опсег за стерео звук. Споениот нивелиран сигнал ќе можете дури и да го испратите кон друг моно или стерео засилувач во низата, што овозможува флексибилна инсталација во различни видови на возила и аудиосистеми.
Излезна моќност RMS од 100 W x 8 (330 W x 4 со спојување) со 4 оми
Излезна моќност RMS од 165 W x 8 со 2 оми
Компатибилност со звук со висока резолуција
Спојување на сигналите за непречен пристап до фабричкиот звук и комбинирани излези за предзасилувач
Подобри приклучоци и контролен панел, како и испорачан далечински управувач за бас