Аудиоопрема за автомобил

Аудиоопрема за автомобил

Аудиоопрема за автомобил

Дознајте за функциите на XM-6ES

Видеозаписот започнува со приказ на козметичкиот дизајн на засилувачите Mobile ES, а потоа следи краток преглед на палетата и спецификациите за моќност. Не само што се моќни, туку и гарантираат висококвалитетен звук. Поддршката за звук со висока резолуција ви овозможува да ја репродуцирате музиката така како што ја замислиле изведувачите.

Дизајнот со минимални пречки содржи оптимизирани блокови за напојување со трансформатори со тороидално јадро. Во компонентите со врвен квалитет спаѓаат електролитички кондензатори со мала импеданса што создаваат јасен и прецизен звук, а калемите со OFC-жици се избрани заради помала внатрешна отпорност и подобри карактеристики на звукот.

Механичкиот дизајн се одликува со цврсти структури, а долната плоча има вкрстена конструкција за зацврстување. Тој ја зголемува цврстината на целото куќиште за приближно 50% и ја намалува резонанцата со поместување на максималната резонанца надвор од фреквентниот опсег на силните вибрации на возилото, што на крајот резултира со подобри перформанси за придушување на вибрациите.

Користењето на производот е подобрено со приклучоци што се дизајнирани за едноставна и сигурна инсталација, како и контроли и копчиња за прилагодување што се логички поставени за лесно препознавање и користење.

Шемата за поврзување посочува дека се достапни различни влезни поставки заради повеќе опции при инсталацијата, а функцијата за спојување на сигналите нуди непречен пристап до фабричкиот звук заради поголема флексибилност.

На крајот, видеозаписот нуди приказ одблиску од контролниот панел за да го видите квалитетот на неговата изработка, а потоа накратко ги прикажува сите пет модели пред да заврши.

Извонреден звук со разновидни опции

XM-6ES

Дознајте повеќе за засилувачот за во автомобил XM-6ES Mobile ES™ што поддржува звук со висока резолуција. Оптимизираниот дизајн и распоред на електронското коло и внимателно избраните компоненти нудат извонредно квалитетен звук и перформанси. Уживајте во различни конфигурации на системи и реална музика со зголемен фреквентен одзив и излезна моќност RMS од 100 W x 8 (330 W x 4 со спојување).

()
  • XM-6ES

    НОВО


Црно-бела слика од заоблен пат опкружен со дрва и планина во заднина Црно-бела слика од заоблен пат опкружен со дрва и планина во заднина

Дознајте за нашата страст и беспрекорна технологија

Слика од логото Mobile ES наспроти портокалова заднина
Слика под агол од засилувачот за во автомобил XM-6ES со затворен горен панел, се гледаат само приклучоците на предната страна

Излезна моќност RMS од 100 W x 6

Уживајте во динамички звук со излезна моќност RMS од 100 W x 6 (330 W x 3 со спојување) со 4 оми / RMS од 165 W x 6 со 2 оми. Високоефикасниот засилувач од класа D нуди различни конфигурации на звучници што одговараат за сите автомобили и ги импресионираат сите ентузијасти за звук.

 

Така како што замислиле изведувачите

Слушајте ги најситните детали на звукот со висока резолуција чиј квалитет како од музичко студио го надминува квалитетот на CD-дисковите. Чувствувајте се како изведувачот да настапува пред вас.

Засилувачот со 6 канали XM-6ES е создаден да ги подобри сите песни - вклучувајќи ги и датотеките со звук со висока резолуција. Врвните електронски компоненти овозможуваат неверојатна ефикасност и репродукција на совршен звук, а тоа го збогатува секое патување со автомобилот со музика каква што заслужува.

 

Слика од логото Hi-Res AUDIO во црна и жолта боја
Две слики од засилувачот за во автомобил XM-6ES на кои се прикажани достапните приклучоци и преклопници на горната и предната страна на уредот

Подобро логичко позиционирање на контролите и приклучоците

Контролите и приклучоците се логички позиционирани заради лесно препознавање и користење. Внимателно дизајнираниот распоред овозможува интуитивно ракување и едноставно инсталирање.

 

Спојување на сигналите за непречен пристап до фабричкиот звук

Функцијата за спојување на сигналите ги спојува филтрираните аудиосигнали од модерните фабрички аудиосистеми во автомобилите, како што се посебните сигнали за високотонец, вуфер и сабвуфер, и прецизно го засилува целиот фреквентен опсег за стерео звук. Споениот нивелиран сигнал ќе можете дури и да го испратите кон друг моно или стерео засилувач во низата, што овозможува флексибилна инсталација во различни видови на возила и аудиосистеми.

Цртеж од XM-6ES поврзан со шест звучници и XM-1ES, поставките за звук се прикажани покрај приклучоците 1, 2, 5 и 6

Случај 1 - Поврзување со фабричкиот звук без филтери за фреквенција, во комбинација со моно засилувачот Mobile ES XM-1ES за употреба на сабвуфер. 

Фабрички преден канал: 20 Hz–20 kHz. Фабрички заден канал: 20 Hz–20 kHz.
Цртеж од XM-6ES поврзан со шест звучници и XM-1ES, поставките за звук се прикажани покрај приклучоците 1, 2, 3 и 4

Случај 2 - Поврзување со фабричкиот звук со излезни сигнали чии фреквенции се филтрирани за високи и ниски стерео звуци, во комбинација со XM-1ES за сабвуфер. 

Фабрички преден канал: 5 kHz–20 kHz. Фабрички заден канал: 20 Hz–5 kHz.

Слика со икона за едноставно користење и звучник прикажан од горната страна

Излезна моќност RMS од 100 W x 6 (330 W x 3 со спојување) со 4 оми

Слика со икона за едноставно користење и крива линија

Излезна моќност RMS од 165 W x 6 со 2 оми

Слика со икона за едноставно користење и звучник прикажан од предната страна

Компатибилност со звук со висока резолуција

Слика со икона за едноставно користење и звучник прикажан од предната страна

Спојување на сигналите за непречен пристап до фабричкиот звук и комбинирани излези за предзасилувач

Слика со икона за едноставно користење и звучник прикажан од предната страна

Подобри приклучоци и контролен панел, како и испорачан далечински управувач за бас

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.