Листа со функции

Задно осветлен портрет од жена фотографиран со блиц

Блицот со излезна моќ GN60 ги поддржува најновите технологии

Блицот со голема моќ GN600 нуди софистицираност и комуникација со фотоапарати какви што може да понуди само Sony и се одликува со сигурен блиц при брзо континуирано фотографирање и синхронизација при брзина на бленда до 1/400 сек.2. Интуитивно ракување преку интерфејсот на фотоапаратот2, брзо исфрлување со поместување и безжична комуникација со радиосигнали за врвна контрола и разновидни опции.
Слика на која се објаснува како оригиналниот блиц од Sony остварува интелигентна комуникација со куќиште на фотоапарат α

Интелигентна комуникација со новите фотоапарати α

α Lighting System еволуираше паралелно со фотоапаратите α за да им обезбеди оптимално осветлување на креаторите за најразлични потреби. Интеграцијата што е можна само со оригинални производи од Sony овозможува комуникација со компатибилни фотоапарати за сигурна и прецизна контрола на осветлувањето.  [1] Процесор на блицот [2] Приклучок за повеќе интерфејси [3] Сензор за слика [4] Процесор за слика
Слика од блицот што го осветлува предниот дел

Стабилна моќ GN60 што ги задоволува професионалните потреби

Бидејќи HVL-F60RM2 е дизајниран и произведен од Sony, може да комуницира со фотоапаратите α за да овозможи доследна светлина со GN60 при секое активирање на блицот. HVL-F60RM2 поддржува фокусни должини од 20 mm (14 mm со широкиот панел) до 200 mm.
Портрет на жена снимен со континуирано фотографирање со блиц

До 20 активирања на блицот во секунда

Со компатибилен фотоапарат со електронска бленда0 може да генерирате прибл. 20 блицови во секунда континуирано, во подолг временски период од 1 секунда1. Надворешната батерија за блиц FA-EBA1 овозможува прибл. 20 блицови во секунда, подолго од 10 секунди.
Слика од жена со прекрасно дефокусирање која стои на патека што води до плажа

Синхронизација со брзини на блендата до 1/80000 секунди е можна со компатибилни фотоапарати, за нови начини на изразување

Кога се користи со компатибилни фотоапарати, HVL-F60RM2 овозможува синхронизација на блицот со брзини до 1/80000 секунди.01 Во режимот HSS (синхронизација при голема брзина), тој може да се синхронизира со брзини на блендата од 1/400 - 1/8000 секунди.2 Тоа овозможува да се одвлече вниманието од заднината и да се искористи блицот за осветлување на главниот субјект, за осветлување на подвижните субјекти наспроти светла заднина и многу повеќе.
Слика на маж кој држи фотоапарат со блиц пред него со градски пејзаж во заднината

Стабилно и брзо континуирано фотографирање со блиц

Кога се користи со компатибилен фотоапарат0, HVL-F60RM2 може континуирано да го активира блицот за најмногу 200 слики1 во серии со голема брзина до 10 fps. Нема пропуштени слики поради неуспешна синхронизација на блицот, поради што добивате стабилна поддршка за континуирано фотографирање.
Невестата и младоженецот фотографирани со блиц и насмевка на лицата

Минимално доцнење за активирање на блицот

Кога го користите HVL-F60RM2 со компатибилен фотоапарат0, доцнењето помеѓу притиснување на копчето за блендата и активирање на блицот е значително помало1 за да бидете сигурни дека ќе ги снимите краткотрајните моменти.
Задно осветлен портрет на човек фотографиран со блиц пред зајдисонце

Контрола на блицот поврзана со откривање лица

Со компатибилен фотоапарат1, балансот на белата боја се прилагодува автоматски за лицето на субјектот да се прикаже со природни бои. HVL-F60RM2 ја користи функцијата за откривање лице на компатибилните фотоапарати1 за да овозможи идеално осветлување на главниот субјект, дури и во групи.
Неколку слики од невеста снимени со контрола на блицот со P-TTL по слика

Контролата со P-TTL се прилагодува на светлината

Во комбинација со компатибилен фотоапарат0, контролното секвенционирање со голема брзина во фотоапаратот користи пробен блиц за да ги контролира сите блицови посебно1 за време на континуираното фотографирање, дури и кога следите субјекти кои се движат брзо во сцени со големи промени во осветлувањето.
Слика од жена која позира фотографирана со соодветен баланс на белата боја

Прецизност на AWB што се постигнува само со оригиналната опрема

Благодарение на ексклузивниот дизајн, овој напреден блиц ги пренесува податоците за температура на боите во фотоапаратот каде што се искористуваат за прецизно прилагодување на балансот на белата боја заради природен изглед на боите во секоја прилика.
Слика од блицот што го осветлува предниот дел

Иновативно спречување на прегревање за подолго фотографирање

Употребата на материјали отпорни на топлина и оптимизираниот алгоритам за блицови создаваат поголема отпорност на прегревање што овозможува подолги сесии за фотографирање со блиц.
Слика од батерија за блиц во мојот џеб

Брзо обновување и сигурен и брз континуиран блиц

Напредната електроника и конструкција овозможуваат брзо време на обновување и континуирано фотографирање со блиц во долги временски периоди. Комплет четири батерии нудат енергија за повеќе од 240 активирања со време на обновување од 1,7 секунди1.  Изборниот адаптер со надворешна батерија за блиц FA-EBA1 ќе ви понуди времиња на обновување дури до 0,6 секунди1.

Брза синхронизација, бавна синхронизација и синхронизација на задна завеса

Синхронизацијата со голема брзина работи при сите брзини на блендата0, а може да се користи со најширока решетка за да создаде прекрасно заматување на заднината кај портретите. Поддржани се и бавна синхронизација и синхронизација со задна завеса.

Вида на дистрибуции на блицот што може да се изберат

Достапни се три вида на дистрибуции на блицот што може да се изберат: Стандардно (STD), приоритет на GN (CENTER) и приоритет на широк агол (EVEN).
Слика од металниот приклучок со цврста странична рамка под блицот

Метален приклучок со цврста странична рамка

Металниот приклучок со цврста странична рамка значително ја зголемува цврстината и издржливоста на приклучокот за повеќе интерфејси и неговите електрични контакти.
Слика што го прикажува автоматското прилагодување на аголот на осветлување од блицот за да се усогласи со фокусната должина

Светлина за фокусна должина и големина на слика

Аголот на осветлување на блицот се прилагодува автоматски за да одговара на фокусната должина кај објективите со опсег од 20-200 мм. Се прилагодува и дистрибуцијата на светлина заради оптимално осветлување со формати за целосна слика или APS-C.
Слика од внатрешната структура на блицот што е отпорна на прав и влага

Подобра отпорност на прав и влага

Дизајнот што е отпорен на прав и влага0 придонесува за голема издржливост во надворешни услови. Заштитата на приклучокот нуди поголема отпорност на прав и влага со одредени куќишта од серија a.
Контрола на блиц преку кориснички интерфејс на компатибилен фотоапарат

Сеопфатна контрола од компатибилни фотоапарати

Компензацијата на блицот, соодносот и другите параметри може да се контролираат директно преку компатибилен фотоапарат0. Со приспособено копче на блицот може да ги отворите прилагодувањата на блицот и лесно да ги прилагодите додека гледате низ визирот.
Слика од површината во која блицот може да се постави под агол

Прилагодување со брзо исфрлување со поместување

Брзо поставете ја главата на блицот под агол од 90 степени налево или надесно, 150 степени нагоре или 8 степени надолу и брзо префрлете се помеѓу хоризонтална и вертикална ориентација. Ревидираниот механизам е покомпактен и попрактичен.
Слика одблиску од копчињата на производот за брза и интуитивна контрола на нивоата на директна светлина

Брза и интуитивна контрола на директната светлина

Наменските копчиња LEVEL + и – овозможуваат директна и брза контрола врз излезната светлина и компензацијата на блицот, а може да се користат и за контрола на истите параметри кај другите безжично впарени блицови за непречен и ефикасен работен процес.
Кориснички интерфејс на фотоапаратот Alpha

Ефикасна меморија за TTL-нивото на светлина

TTL-нивото на блицот може да се меморира и подоцна да се употреби за рачно прилагодување. Ова во голема мера може да го намали времето потребно за рачно поставување параметри за блицот во различни ситуации.
Слика одблиску од екранот на производот

Подобар екран со Quick Navi на задната страна

Со притиснување на копчето Fn, на екранот ќе се прикажат избраниот режим за блиц и други параметри заради лесно поставување во различни ситуации за фотографирање. Претходниот блиц HVL-F60RM ги прикажуваше само иконите за исклучена безжична врска и исклучено повикување на меморија по притиснување на копчето Fn, а кај HVL-F60RM2 овие параметри се прикажуваат стандардно на неговиот екран.
Маж фотографира портрет со блиц поврзан преку безжична комуникација со радиосигнали со неговиот лаптоп

Повеќенаменска безжична комуникација со радиосигнали

Безжичната комуникација со радиосигнали е стабилна на оддалеченост до 30 м/98,4 ft0. Сигурна комуникација без грешки е можна дури и во близина на рефлектори и пречки. Поддржува бавна синхронизација, синхронизација со задната завеса и користење повеќе блицови1.
Слика од жена која се потпира на ѕид и позира

Автоматски баланс на белата боја со филтри во боја

Ако прикачите некој од испорачаните филтри во боја на блицот, балансот на белата боја ќе се прилагоди автоматски за да добиете природна мешавина на блиц и амбиентална светлина.    [1] Блиц со филтер во боја [2] Блиц без филтер во боја
Лево: Слика што прикажува дека може да се контролираат 15 блицови во 5 групи преку безжична радиокомуникација, Десно: Слика од повеќе блицови како функционираат заедно

Безжична контрола со радиосигнали на 15 блицови

Контролирајте најмногу 15 блицови и/или приемници во 5 групи0. HVL-F60RM2 може да комуницира со блицови што не поддржуваат безжична комуникација со радиосигнали преку изборниот предавател FA-WRC1M и/или приемникот FA-WRR1.

Контрола на блицот со адаптер за одбивање светлина

Кога се користи испорачаниот адаптер за одбивање светлина, блицот комуницира со фотоапаратот за да постигне оптимална дистрибуција на блицот за нежна и рамномерна светлина. Широкиот панел го засилува овој ефект.

Жичен приклучок IN/OUT за синхронизација

Еден приклучок за синхронизација овозможува влезна и излезна врска за синхронизација. IN може да се користи за примање сигнали за активирање од мерач на блиц, додека OUT може да се користи за активирање дополнителни блицови.

Звучен сигнал за целосно полнење

Откако ќе го активирате блицот, звучен сигнал ќе ве извести дека циклусот на обновување завршил. На овој начин може лесно да го следите статусот на подготвеност на целиот безжичен систем за осветлување.

Далечинско активирање преку фотоапаратот

Функцијата за далечинско активирање овозможува истовремено далечинско активирање на блицот и блендата на фотоапаратот, за полесно истовремено фотографирање на истиот субјект од повеќе агли.

Повеќе/микро USB-приклучок за поврзување со компјутер

HVL-F60RM2 има повеќенаменски/микро USB-приклучок наменет за поврзување со компјутер заради ажурирање на софтверот.