Листа со функции

Слика од производот GN28 прикачен за ILCE-7RM5

Мал, моќен, сигурен и безжичен блиц

Блицот GN280 со голема излезна моќ нуди оптимизирани перформанси и контрола со кои се одликуваат само производи од Sony. Може да се контролира директно од фотоапаратот и е доволно мал да го собере во џеб, а притоа нуди професионална издржливост, како и безжични радиокомуникации за различни примени.1

Ефикасно спречување на прегревањето

Алгоритамот за оптимизирана контрола на блицот овозможува одлични перформанси за блицот, а воедно нуди и ефикасна заштита од прегревање за долготрајна стабилност и сигурност.
Илустрација на која се објаснува впарувањето на функцијата на управувач и приемник

Стабилна безжична комуникација со радиосигнали

HVL-F28RMA се одликува со стабилна безжична комуникација со радиосигнали. HVL-F28RMA кој функционира како управувач може да се постави на компатибилен фотоапарат1 и да се впари со други надворешни единици HVL-F28RMA кои функционираат како приемници. Радиокомуникацијата обезбедува сигурна комуникација преку поголеми растојанија, што е можно преку оптичка комуникација, дури и при силна сончева светлина или кога има пречки меѓу фотоапаратот и субјектот. Поддржува бавна синхронизација, синхронизација со задната завеса и користење повеќе блицови1.
Контрола на блиц преку кориснички интерфејс на компатибилен фотоапарат

Сеопфатна контрола преку фотоапаратот

Компензацијата на блицот, соодносот на светлина и другите параметри на блицот може да се контролираат директно преку компатибилен фотоапарат0, а приспособените копчиња ќе ви овозможат да правите прилагодувања додека гледате низ визирот. Прикажани се параметрите на блицот на избраниот јазик на екранот на фотоапаратот.
Слика што прикажува дека може да се контролираат 15 блицови во 5 групи преку безжична радиокомуникација

Контрола на повеќе блицови со радиосигнали

Кога се користи како управувач за блицови, HVL-F28RMA може да контролира најмногу 15 блицови и/или приемници во 5 групи01 на растојание до 35 м/114 ft2 за да овозможи најразлични опции за контрола на осветлувањето.
Слика од површината во која блицот може да се постави под агол

Осветлување што е прилагодено според секоја сцена

Со големата јачина како кај HVL-F28RMA, ќе добиете доволно светлина што ќе можете да ја одбивате, а аголот на блицот може да се постави на 0, 20, 40, 60, 80 и 120 степени, во зависност од потребата. Положбата од 0 степени овозможува заклучување за да се спречи несакана промена на аголот во одредени ситуации за фотографирање.
Слика од внатрешната структура на блицот што е отпорна на прав и влага

Сигурен во лоши надворешни услови

Исто како сите врвни блицови од Sony, така и HVL-F28RMA има дизајн што е отпорен на прав и влага0 за поголема издржливост во лоши надворешни услови.1
Слика од металниот приклучок со цврста странична рамка под блицот

Метален приклучок со цврста странична рамка

Приклучокот за повеќе интерфејси има новодизајниран метален приклучок со цврста странична рамка што значително ја зголемува јачината и сигурноста.
Слика одблиску од задната страна на производот со копчиња за ниво на излезна светлина

Директна контрола врз нивото на светлина

Наменските копчиња LEVEL + и – овозможуваат директна и брза контрола врз излезната светлина и компензацијата на блицот, а може да се користат и за контрола на истите параметри кај другите безжично впарени блицови за непречен и ефикасен работен процес.
Портрет од жена надвор

Синхронизација со голема брзина (HSS)

За стандардните максимални брзини за синхронизација на блицот, брзината на блендата мора да се намали при употреба на блиц за пополнување при дневна светлина, што го отежнува создавањето ефекти на дефокусирање на заднината. Синхронизацијата со голема брзина му овозможува на блицот да се синхронизира со целиот опсег на брзини на блендата0 за да може да се користат големи отвори на блендата за создавање ефекти на дефокусирање во секоја прилика.

Безжичен блиц преку објективот (TTL)

Јачината на блицот може да се одреди прецизно со мерење на светлината преку објективот, дури и при безжично фотографирање. Положбата и насоката на блицот може да се прилагоди за да се омекнат сенките и светлите површини при фотографирање субјекти од предната страна или за да се создадат сенки за поголемо чувство на длабочина, според потребата. Достапна е безжична контрола на соодносот на блицот.
Слика од десната страна на производот GN28 со отворен повеќенаменски/микро USB-приклучок

Повеќе/микро USB приклучок

Блицот може да се поврзе со компјутер преку неговиот повеќенаменски/микро USB-приклучок за практично ажурирање на софтверот.
Слика одблиску од задната страна на производот со осветлен режим за пробен блиц

Режим за пробен блиц

Режимот за пробен блиц ви овозможува да ги проверите сенките врз објектот пред да ја снимите фотографијата, а можете да го проверите и нивото на светлина со помош на надворешен мерач на блиц, што е неопходно за фотографирање во студио. Нивото на светлина на пробниот блиц зависи од поставките за ниво на светлина во режимот за рачен блиц (M), а блицот се активира со ниво на светлина од 1/1 во режимот TTL (преку објективот).
Портрет од жена во зграда

Контрола на блицот врз основа на функцијата за откривање лица

HVL-F28RMA работи заедно со функциите за откривање лица на компатибилните фотоапарати0 за да ја балансира јачината на блицот со амбиенталното осветлување и да го прикаже лицето на субјектот со реален и прецизен баланс на белата боја.

Автоматско прилагодување на балансот на белата боја

Информациите за температура на бојата се пренесуваат од блицот до фотоапаратот за да се гарантира прецизен баланс на белата боја за бои кои изгледаат природно. Со компатибилни фотоапарати0, блицот автоматски се балансира со условите на амбиенталното осветлување за тоновите на кожа да се прикажат со природни бои.