Од студиото, на вашиот екран

Нурнете во слики како од кино во вашиот дом. Нашето професионално искуство за квалитет на слика на домашната забава ни помага верно да ја репродуцираме замислата на креаторот на содржини, користејќи режими од типот Studio Calibrated создадени од соработката на Sony со најдобрите услуги за проследување во светот.

Слика на екранот од сцена во која се прикажува човечка силуета и ноќно градско небо.

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите што ги добивате со BRAVIA

Ве очекува огромен број на филмови. Со технологијата BRAVIA, Pure Stream™ и IMAX® Enhanced, сите содржини кои ги гледате ќе имаат одлична слика и извонреден звук.01234
Приказ под агол на телевизор BRAVIA кој го прикажува филмот „Venom: The Last Dance“ со живописна заднина и текст „Available now on SONY PICTURES CORE“.

SONY PICTURES CORE™ го пренесува филмското доживување во домот

Вака треба да уживате во филмовите. SONY PICTURES CORE Calibrated Mode е резултат на соработката помеѓу нашите инженери за телевизори и експертите на Sony Pictures, за да добиете слика со филмски квалитет во вашата дневна соба.0
Лого за Sony Pictures Core

Гледајте Netflix со филмски квалитет што се оптимизира автоматски

Гледајте од Netflix на потполно нов начин. Нашиот Netflix Adaptive Calibrated Mode, дизајниран од Sony и Netflix, нуди слика како од филмско студио во вашиот дом, со светлина која автоматски се приспособува според амбиенталните услови во вашата соба.0
Двајца седат на кревет и гледаат One Piece од Netflix на телевизор BRAVIA монтиран на ѕид.

Sony и Prime Video создаваат доживување како во кино во вашиот дом

Гледајте филмови, серии, па дури и спорт во живо на ист начин како што замислиле режисерите и телевизиските куќи. Со Prime Video Calibrated Mode, поставките за слика се калибрираат автоматски според содржините што ги гледате, како спорт во живо, за да добиете Prime Video со квалитет како од филмско студио во вашиот дом.01
Слика од лик во филмот „The Boys“ и лого за Amazon Prime подолу.

Реално филмско доживување

Уживајте во навистина незаборавни филмови во домот. Нашиот телевизор ги исполнува строгите стандарди за IMAX® Enhanced, DTS:X®, Dolby Vision® и Dolby Atmos®, за да овозможи неверојатно амбиентално и реално доживување при гледањето.
Слика од кино сала со црвени седишта во редови и филмско платно на кое е прикажан астронаут во вселената.

Звук IMAX Enhanced® со DTS:X®

Уживајте во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ преку BRAVIA и BRAVIA Theatre, овозможено со технологијата IMAX® Enhanced.012
Лого ознаки за IMAX Enhanced и Disney+