Внесете ново ниво на реалистичност во вашите видеоснимки
Дознајте сè за нашата нова генерација на микрофони за просторен звук - со новосоздаден микрофон кој снима реалистични звуци.
Реално аудиодоживување од амбисоничен микрофон
ECM-AX10, во својот тенок и сферичен дизајн, има четири повеќенасочни капсули за микрофони. Користејќи напредна обработка на просторниот звук, тој снима балансиран и позициски звук низ целиот фреквентен опсег, при што врши кодирање на јасниот звук со прецизно 3D-позиционирање на звукот. Вашите слушатели ќе се чувствуваат како да се во истиот момент со вас.
Снимајте реалистичен просторен звук директно во вашиот паметен телефон
Снимајте реален просторен звук насекаде. Четирите микрофони работат со нашите нови алгоритми за обработка на сигнали, за да создаваат снимки со реален просторен звук - не се потребни големи конструкции за камери, кои се тешки за ракување.
Слушнете реалистичен просторен звук со Eclipsa Audio™0 на YouTube™1
Со компатибилноста со Eclipsa Audio™0 може да уживате во видеозаписи со реален звук, кој е многу подобар од стереозвукот. Ќе се чувствувате како звуците да доаѓаат кон вас од сите места на сцената, што создава пореалистично чувство на простор, длабочина и присуство. Со зачувување на просторниот звук снимен во форматот First-Order Ambisonics, ECM-AX10 создава реално доживување при гледањето, кое ќе ја доближи публиката до моментот.
Изберете го омилениот формат за просторен звук
Благодарение на различните опции за формати, меѓу кои и форматите за амбисоничен звук, бинаурален звук и стереозвук, може да го приспособите снимениот звук според вашата публика. Создавајте реалистични аудиодоживувања директно преку вашиот паметен телефон, за да може вашата публика да се чувствува како да е со вас на сцената.
Снимање просторен звук или стереозвук - изборот е ваш.
Избирајте брзо помеѓу режимите за просторен звук и стереозвук со наменските копчиња. Во режимот за просторен звук ќе ја доловите целата атмосфера во вашето опкружување, со реален амбисоничен звук користејќи ја нашата наменска апликација или со бинаурален звук, за широка компатибилност со вашата омилена апликација за видеосодржини. Доловете го навивањето на публиката, звучните ефекти на природата и возилата во движење, за да ја создадете реалната атмосфера на вашата сцена, или изберете снимање на стандарден стереозвук за да добиете познато, а сепак возбудливо доживување. Без разлика што ќе изберете, ќе добиете совршено балансиран звук низ целиот фреквентен опсег, благодарение на висококвалитетните капсули на микрофонот.
Појасен звук со дигитално намалување на шумот
Филтерот за елиминирање шум, кој може да се вклучи по потреба, ефикасно го отстранува непријатниот шум во заднина, за да снимате јасен звук во гласни опкружувања. Посебниот филтер за елиминирање ниски фреквенции ги отстранува ниските фреквенции, како што е шумот од ветерот, клима уредите и други вибрации, за да го намали придушувањето на звукот.
Елиминирајте го шумот од ветерот
ECM-AX10 се испорачува со ефикасна заштита од ветер со крзно, која лесно се отстранува и може да го намали шумот од ветерот при снимање на отворено.