Главни карактеристики

Неверојатен G Master-квалитет дури до рабовите на сликите

Двата прецизни XA-елементи (екстремно асферични) го коригираат изобличувањето и повеќето видови на аберација. Овој оптички дизајн содржи и елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) за намалување на хроматската аберација. Антирефлективниот нано слој II врз површините на објективот овозможува намалување на рефлектирањата што предизвикуваат одблесоци и отсјај.
Слика за пример

Иновативната оптика и решетката F1,4 нудат врвно дефокусирање

Иновативната оптика и максималната решетка F1,4 создаваат прекрасно дефокусирање. Длабокото и кремасто дефокусирање на заднината и предниот план при F1.4 се идеални за да ги истакнете субјектите во портретите. Напредните функции, што придонесуваат за прекрасно дефокусирање, вклучуваат XA-елементи (екстремно асферични) кои го спречуваат прстенестото дефокусирање и оптимизација на сферичната аберација при дизајнот и производството.
Пример за ефектот на дефокусирање

Лесен и компактен објектив со неверојатни перформанси

XA-елементите (екстремно асферични) во иновативен дизајн, моќните линеарни XD-мотори и компактната кружна решетка работат заедно во објектив со голема решетка и висока резолуција, кој има надворешен дијаметар од 80,6 мм, должина од 96,0 мм и тежина од 516 грама (18,3 oz.). Поради преносливоста и одличните перформанси при слаба осветленост, овој објектив е идеален избор за портрети и секојдневни слики.
Објектив што го носат во рака

Брз, прецизен и тивок AF со следење за фотографии и видеа

Фокусната група на објективот е придвижувана од линеарните XD-мотори (екстремно динамички) и напредниот алгоритам за рамномерен и брз погон за фокусирање. Шумот и вибрациите се минимизирани за тивко ракување со AF, што може да биде огромна предност при снимање видео. Субјектите се доловуваат и следат рамномерно дури и кога снимате со 120 fps или други високи стапки на слики.  
Слика на која се прикажани механизми за придвижување

Интуитивното ракување ја реализира замислата на креаторот

MF со линеарен одзив нуди одзив на рачно фокусирање како кај механичките објективи и е доволно брз за да овозможи рамномерно поместување на фокусот за видеа. Преклопникот за ирисот може да се заклучи со цел прстенот за решетката да се фиксира во „А“ за да се спречат промени или рачно да се постави од F1,4 во F16. Двете копчиња за задржување на фокусот и преклопникот за режим AF/MF нудат разновидно фотографирање.
Слика од корисник кој снима

Неверојатна сигурност во сите опкружувања и прилики

Предниот елемент на објективот има слој со флуор отпорен на отпечатоци од прсти, прав, вода, масло и други нечистотии, а овозможува и полесно бришење на сите нечистотии што се акумулираат на површината на објективот. Дизајнот што е отпорен на прав и влага0 ви нуди поголема сигурност за надворешна употреба во лоши услови.
Слика од слојот со флуор