Лого за Alpha и снимен глас „Alpha“
Текст „Доловете повеќе од вашиот свет“
Се прикажува црн фотоапарат ZV-E10 со црн објектив, а потоа видот и бојата на објективот се менуваат. Се прикажува друг фотоапарат во бела боја и објективите повторно се менуваат. Повторно се прикажува црниот фотоапарат со прикачен црн објектив, држач за снимање и заштита од ветер, а отворениот LCD-екран прикажува модел кој снима автопортрет и мавта со раката
Натпис „Фотоапарат за видеоблогови со заменливи објективи“
Натпис „ZV-E10“
Влогер и модел
Влог од модел кој стои на отворено, а потоа видеоблогерот снима автопортрет во затворена просторија
Текст „Создавајте инспиративни приказни“ што се прикажува врз различни видеозаписи од влог за готвење
Влогер пешачи и снима модел кој пешачи надвор, гледано одозгора. Слика одблиску од истиот влогер кој го прилагодува објективот
Вадење црн објектив од торба што потоа се прикачува на црно куќиште, потоа се прикажува текст „со заменливи објективи“ врз слики од сребрен објектив што се прикачува на бело куќиште и фокусира, а потоа се прикажува црн објектив што се прикачува на црно куќиште и фокусира. Сите куќишта имаат прикачен микрофон со заштита од ветер
Натпис „и“ прикажан врз видеозапис од сребрен објектив што се отстранува од бело куќиште, а потоа се прикажува црн објектив што се отстранува од црно куќиште, целта е да се прикаже сензорот за слика
Натпис „голем сензор“ се прикажува врз видеозапис од сензорот на фотоапаратот, а потоа фотоапаратот се отсекува од кадар за да се истакне само сензорот
Текст „Импресивно изразување“ се прикажува врз видеопортрет со дефокусирана заднина, и модел кој се смее, а потоа го трга погледот од фотоапаратот
Слика одблиску од сецкање домат на мали парчиња
Влог од модел кој шета низ град и се смее
Слика одблиску од касерола
Влог со автопортрет од два субјекти, едниот е влогер а другиот модел кој се смее, градска сцена на отворено, а потоа следи слика од моделот снимен во профил
Натпис „Снимање видеоблогови на едноставен начин“
Натпис „Само притиснете“ што се прикажува врз слика одблиску од копчето S&Q,
потоа прст го притиска копчето,
а потоа текстот „Само притиснете и добијте забавени движења“ се прикажува врз видеоснимка со забавени движења од движењето на здолништето и косата на моделот
Натпис „Само притиснете за“ над копчето C1 односно преклопникот за ефект на дефокусирање,
а потоа се прикажува Натпис „Само притиснете и добијте заматена позадина“. Кога прстот на корисникот ќе го притисне копчето, позадината на портретот на моделот ќе се замати, а фокусот ќе премине врз лицето на моделот
Слика одблиску од рачно изработен накит, потоа се прикажува слика од видеоблогер кој го зема и го разгледува накитот,
потоа се прикажува натписот „Само притиснете за“ врз слика одблиску од копчето за изложба на производи,
потоа се прикажува слика одблиску од прст што го притиска копчето.
Видеоблогерот погледнува кон фотоапаратот и говори, се прикажува текстот „Само притиснете за изложба на производи“, а потоа видеоблогерот доближува моден додаток до фотоапаратот и фокусот брзо преминува од лицето на видеоблогерот врз модниот додаток, и покрај тоа што лицето на видеоблогерот сè уште е во кадарот (сега не е во фокус)
Натпис „Препуштете му ja работата на фотоапаратот“
Натпис „Брз автоматски фокус“ се прикажува додека фокусот преминува од далечна зграда врз лицето на моделот кој скока во преден план
Натпис „Брз автоматски фокус“ се прикажува додека фокусот преминува од лицето на видеоблогерот кој пешачи и снима автопортрет врз крофна што ја приближува до фотоапаратот
Натпис „следи очи“ со бел правоаголник прикажува прецизно следење на десното око на моделот и покрај тоа што ја поместува и врти главата
Текст „Следи со допир“ се прикажува врз слика од рака/прст кој ја „допира“капата на моделот (симболизира дека корисникот го допира екранот на фотоапаратот), со што се активира следење на капата. Следењето е илустрирано со појавата на бел правоаголник кој ја следи капата додека моделот пешачи на отворено, чие лице не е свртено кон фотоапаратот
Натпис „При движење“ се прикажува врз видеозапис од видеоблогер кој го следи моделот и снима додека пешачат на отворено
Моделот пешачи на отворено и се прикажува нестабилен текст „тресење“ по што текстот престанува да се тресе и се претвора во „заборавете на тресењето“, што ја означува острината на стабилизираната видеоснимка, дури и ако видеоблогерот и моделот пешачат заедно
Натпис „Ги осветлува лицата“ што се прикажува врз видеозапис во кој лицето на видеоблогерот се гледа јасно и покрај тоа што лицето му е во сенка наспроти силно осветлена позадина
Натпис „со природни тонови на кожа“ што се прикажува врз портрети снимени одблиску од 4 видеоблогери од различна етничка припадност, сите од нив имаат природни тонови на кожата
Натпис „Дури и при слаба осветленост“ што се прикажува врз слика одблиску од предната страна на фотоапаратот и видеоблогерот во позадина кој снима во слабо осветлена просторија
Натпис „чиста слика“ врз портрет кој јасно и светло прикажува лице на моделот кој се врти и гледа кон камерата, со замаглени светла во позадина.
Натпис „Чист запис на глас дури и кога дува ветер“ врз градски пејзаж со облачно време, потоа поглед од страната на видео блогерот кој снима селфи со камера држена при должината на раката и со прикачен ветробрански екран, додека косата на блогерот се вее од ветерот. Звук на силен ветер
Натпис „Со испорачан ветробрански екран“ над снимката, од позади камерата гледајќи кон видео блогерот кој снима селфи додека панорамира со камерата држана на должуна на раката и со прикачен ветробрански екран, а косата на блогерот се вее од ветерот. Звук на силен ветер
Натпис "ветер" и натпис "чист запис на глас" над селфи снимка на кров на зграда во градот каде косата на видео блогерот се вее од ветерот, а блогерот вели: "Овде времето е прекрасно --- малку ветровито, но се чувствувам одлично", јасно слушлив над звукот на силен ветер.
Натпис “Сјај, живо и онлајн.”
Натпис: Високо-квалитетно стримање во живо" над видеото на блогер кој стрима, снимајќи се себе со камера монтирана на статив-држач за снимање, како стои покрај отворен персонален компјутер.
Снимка од блиску снимано од страничен поглед кон влогерот кој стрима, покажувајќи на облека и зборувајќи во насока на камерата.
Симулиран екран на персонален компјутер со снимка од живото стримање на блогерката "emma_1999" со наслов "LIVE" и 868 гледачи, со коментари ("Убава соба!!", "Убава јакна", "Уау, толку удобно" итн.) од гледачите, кои се прикажуваат во реално време на левата страна, а блогерката го вели следното: "Знаете, оваа јакна всушност беше на мојата сестра, а потоа ми ја даде мене”.
Натпис: "Само со кабел" над видео од гледна точка на блогерот прикажувајќи ја камерата монтирана на статив-држач за снимање GP-VPT2BT, со микрофон ECM-B1M прикачен на неа, поврзан со компјутер преку USB кабел за пренос на висококвалитетен аудио и видео. На екранот на компјутерот се покажува стрим во живо од слика која го прикажува влогерот ( сега со 879 гледачи)
Потоа натпис “За онлајн комуникација” а притоа компјутерот прикажува 4 лица во мрежа на онлајн состанок: Влогерот “Ема” заедно со три други учествувачи.
Брзо-движечка монтажа на видео клип од луѓе со најразлични фациални експресии, урбани погледи, природни пејсажи итн. Со снимка со брзо движење и со забавено движење.
* Портрет од блиску на косата на моделот која се движи.
* Снимка од блиску на прстените на прстите на моделот.
* Урбан автопат.
* Портрет на модел во урбана средина.
* Тунел во урбана средина.
* Чевлите на моделот.
* Обетките на моделот
* Снимка од блиску на лимон кој е сечен на парчиња.
* Моделот покажува обетки кон камерата
* Преблиска снимка од окото на моделот
* Портрет на лицето на моделот на зелена замаглена позадина.
* Влогерот прави селфи на урбан кров на зграда.
* Модел во урбан лифт се движи кон кровот.
* Моделот ги прикрива очите поради јаката сончева светлина.
* Градски пејсажи на залез и во ноќ.
Натпис: "Влог камера со заменливи леќи" врз погледот на блогерот што снима портрет на моделот, гледан од позади моделот.
Натпис „ZV-E10“
Лого SONY
Повтори ги првите неколку сцени со надлежни врски за поврзаните видеа, суперимпозирани во четирите агли на екранот.
(Камерата е ZV-EZ10; држачот за снимање е GP-VPT2BT; шотган микрофонот е ECM-B1M)