Текст „ALPHA“ со лого
Снимка од фотоапаратот ZV-E1 без прикачен објектив; потоа, видното поле зумира во сензорот и се прикажува текст „Сензор за целосна слика“ на екранот
Префрлување на текст „Фотоапарат за видеоблогови со заменливи објективи“” врз брза секвенца од црн ZV-E1 со различни објективи закачени на куќиштето на фотоапаратот што ја демонстрира неговата разновидност; а потоа, држач за снимање GP-VPT2BT од Sony е прикачен на фотоапаратот и се појавува розов ZV-E1 покрај него со испружен екран со променлив агол, додека се појавува текст „ZV-E1“ што го исполнува екранот и се претвора во заднина за сликите од фотоапаратите
Текст „Слики во формат за целосна слика“ врз секвенца што прикажува резолуција и дефокусирање: девојка гледа кон левата страна од екранот; лонец со вода што врие над логорски оган; млад човек што се вози во совозачкото седиште на автомобил навечер; силуета од пар наспроти зајдисонце додека седат покрај езеро
Текст „4K 60p, 4K 120p, со можност за надградба” со фуснота „Мора да преземете код за бесплатна лиценца од веб-сајтот за надградба на фотоапарати од Sony и да го инсталирате во фотоапаратот. Ќе биде издадено во јуни 2023 година или подоцна. Не е достапно во некои земји или региони. QFHD (3840×2160). Со отсекување на сликата до прибл. 10%,” врз секвенца од слики: рака што ги допира лисјата на растение; млада жена стои во висока трева; жена држи рачно огледалце додека нанесува кармин
Текст „Заменливи објективи; прекрасна разновидност“ врз секвенца од слики што прикажуваат материјали снимени со различни објективи: прво, снимка одблиску од раце што отстрануваат објектив; потоа следи текст „FE 20 мм, F1,8 G“ врз пар што се спушта по скали до метро, зад нив е кулата Токио; текст „FE 70-200 мм F2,8 GM OSS II“ врз стапала што чекорат долж плажа низ плитка морска вода; текст „Sony FE 90 мм F2,8 Macro G OSS“ врз жена што нанесува маскара
Префрлување на снимка од жена што држи фенер додека шета покрај езеро приквечер додека се појавува текст „Малку шум при слаба осветленост, до ISO 409600“ со фуснота „Проширено.“, што демонстрира чувствителност при слаба светлина
Префрлување на секвенца од двајца видеоблогери: прво, млад човек снима нагоре; потоа, тој и машкиот субјект на видеоблогот снимаат додека чекорат еден до друг; потоа, младиот човек го притиска панелот на допир додека се појавува текстот „Поставки за филмски видеоблог“
Текстот „Поставки за филмски видеоблог“ останува на екранот врз секвенца од снимки од машкиот субјект на видеоблогот што демонстрираат различни поставки: S-Cinetone, CLEAN X OCEAN, CHIC X FOREST, MONO
Текст „Стабилно обликување на екранот со AI“ со фуснота „Достапно само за видеоснимки. Кадарот се отсекува од 4K-слики, што резултира со намален агол на гледање“ врз снимка од млад човек што снима со држач за снимање, по што следи пример-снимка од неговите снимени материјали од машкиот субјект на видеоблог што демонстрира стабилност
Текст „Видеоснимки со забрзани движења во самиот фотоапарат“ со фуснота „Времето на снимање ќе се разликува во зависност од условите“ врз сцени со брзо темпо од движење низ различни локации
Преминување на снимка од видеоблогерка што отстранува капаче за објектив и снима видеоблогер што вози автомобил
Текст „Беспрекорна стабилизација“ врз двајцата видеоблогери додека се снимаат како трчаат, со снимка-пример за стабилен снимен материјал
Воздушен приказ на фотоапаратот што ги снима двајцата видеоблогери додека поставуваат камп; преминување на црно-бел снимен материјал како пример за препознавање на човечки движења преку AI со бела илустрација додека се појавува текст „Прецизен фокус заснован врз AI“; следење на окото на машкиот субјект со бел правоаголник; преминување на снимка од двајцата видеоблогери додека наздравуваат со шолји покрај логорски оган
Секвенца од снимки што прикажуваат видеоблогерка за мода и убавина како се буди дома и ја започнува својата дневна рутина; а потоа, текст „Природен тон на кожата“ врз видеоблогерката што директно зборува на фотоапаратот
Рака крева производ за убавина, а потоа снимката преминува на видеоблогерка што држи производ и зборува кон фотоапаратот додека се појавува текст „Брзо фокусирање за рецензија на производ“
Секвенца од снимки од видеоблогерка што нанесува маскара и го поставува фотоапаратот; текст „Автоматско обликување на кадарот врз основа на AI“ со фуснота „Достапно само за видеоснимки. Кадарот се отсекува од 4K-слики, што резултира со помал агол на гледање” врз видеоблогерка што оди низ спалната соба, а фотоапаратот ги следи нејзините движења со бели правоаголници
Видеоблогерка држи фотоапарат и паметен телефон; текст „Поврзете се со вашиот паметен телефон“ врз снимка од екраните на телефонот и фотоапаратот; префрлување на видеоблогерката додека таа зборува кон фотоапаратот и ја крева раката до објективот
Брзо префрлување до секвенца од снимки од двајцата видеоблогери што кампуваат како снимаат на покривот на комбе и се восхитуваат на погледот околу езеро како што се појавува текст „Широка маргина на грешка од над 15 чекори“ со фуснота „Видеоснимки со S-Log3, со тестирања на Sony”
Текст „Снимање во S-Log 3“ врз RAW-снимки од женскиот субјект на видеоблогот; а потоа, форматот „Log“ се применува на истата снимка
Текст „10-битен 4:2:2 за природни градации„ врз женски субјект што стои во поле со трева
Секвенца од снимки од двајца видеоблогери што кампуваат и готват вечера навечер; текст „Висококвалитетно проследување во живо“ врз поврзани телефон и фотоапарат, како и снимки-примери за проследувањето во живо на видеоблогерите со коментари од гледачите
Видеоблогер се вози во автомобил и снима од прозорецот; текст „Променливо насочување во микрофон со 3 капсули“ врз видеоблогер што ја раскажува сцената; префрлување на видеоблогер што снима на отворено во град
Текст „Изработено од рециклирани материјали и пластика“ врз секвенца што го прикажува машкиот субјект додека го вади ZV-E1 од пакувањето
Текст „Реализирајте го вашиот целосен потенцијал со снимање видеоблогови“ врз секвенца од снимки од видеоблогери: видеоблогер за убавина, двајца видеоблогери што кампуваат, видеоблогер во градот
ZV-E1 со испружен екран со променлив агол, прикажува снимен материјал од видеоблогер
Лого Sony