Автоматско обликување на кадарот | ZV-E1 | Sony | α

Текст: „Главни карактеристики на ZV-E1: Автоматско обликување на кадарот“ со фуснота „Достапно само за видеоснимки. Кадарот се отсекува од 4K-слики, што резултира со помал агол на гледање“

Снимка од видеоблогер за мода и убавина што поставува ZV-E1 за снимање во домот; префрлување на снимка од видеоблогерката што покажува јакна кон фотоапаратот додека ја следат бели правоаголници, што демонстрира технологија за препознавање субјекти заснована врз AI, со текст „Со технологијата за препознавање субјекти заснована врз AI, отсечениот кадар автоматски може да следи субјект“

Текст „Динамични, возбудливи снимки за фотосесии за една личност“ со поделен екран: левата страна го прикажува субјектот додека препознавањето на субјект засновано врз AI го следи и го врамува во бел правоаголник, десната страна го прикажува отсекувањето во правоаголникот, а видеоблогерот е добро врамен

Текст „Префрлете го субјектот во сцена со две лица со само еден допир“ со поделен екран: левата страна прикажува маж и жена додека уживаат во топли напитоци покрај езеро, жената е врамена во правоаголник како главниот субјект, а десната страна ја прикажува само жената во тој кадар; следно, на левата страна, бели кругови околу мажот претставуваат допири, а фотоапаратот повторно го обликува кадарот, избирајќи го него како субјект, беспрекорно приспособувајќи го кадарот на десната страна

Текст „Sony, Alpha, EXMOR R, BIONZ XR и S-Cinetone се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Sony Corporation. Сите други заштитни знаци им припаѓаат на нивните соодветни сопственици. Дизајнот на производот, функциите и спецификациите подлежат на промени без известување. Достапноста на производот се разликува во зависност од пазарот. Објективите и галантеријата се изборни. Прикажаните слики и ефекти што се користат за илустрација на некои функции се симулирани.“