ILME-FX6 Текст за воведно видео

Лого Alpha

 

Текст „Cinema Line FX6“ прикажан врз FX6 од горниот лев агол, со прикачена рачка со XLR-приклучоци и LCD-екран

Текст „Филмско изразување со креативност во формат за целосна слика“

Текст „Прекрасен ефект на дефокусирање и креативност во формат за целосна слика“ прикажан врз портрет снимен одблиску од предна страна на жена која си ја мести косата, со силни ефекти на дефокусирање на заднината; потоа се прикажува врз слика одблиску од жена во соблекувална како разговара со шминкер кој ја шминка, повторно со силни ефекти на дефокусирање на заднината; потоа се прикажува широка слика од соблекувалната во која се подготвуваат повеќе субјекти, каде што субјектот во заднина е во фокус, а другите субјекти се дефокусирани и тој ефект се зголемува кон предниот план на сликата

Текст „Основна вредност на ISO во S-Log3“ прикажан врз две слики на екранот што ја прикажуваат истата слика од жена во услови со слаба осветленост, на левата слика се прикажува текстот „ISO 800“, а на десната страна се прикажува текстот „ISO 12800“, десната слика е значително посветла од левата

Текст „Висока чувствителност во формат за целосна слика до ISO 409600*“ прикажан врз малку поширока слика од истата жена во услови со слаба осветленост и текст „ISO 10000“; потоа се прикажува посветла верзија од истата слика со текст „ISO 80000“

Текст „Динамички опсег со 15+ чекори во S-Log3“ прикажан врз слика од столчиња и други предмети во затворена просторија со силна светлина што влегува низ прозорците, со лизгач за лево -> десно што го зголемува контрастот и ги намалува премногу осветлените површини, со текст „* Со градација“

Текст „Висока чувствителност и обработка со голема брзина со помош на напреден сензор и процесор“ прикажан врз две слики на екранот. Текст на левата страна „CMOS-сензор за целосна слика со 10,2 MP* и задно осветлување“ врз слика од сензорот и логото „Exmor RTM CMOS-сензор“; текст на десната страна „Најнов процесор за слика BIONZ XR“ врз слика од два чипа означени како „BIONZ XR“ и „SONY“ на отпечатена електронска плоча

Текст „Наука за филмски бои со S-Cinetone“ прикажан врз четири портрети одблиску од субјекти од различна етничка припадност, со силна ефекти на дефокусирање на заднината, секој субјект го врти своето лице за да се прикажат прекрасни тонови на кожата

 

Текст „Функции за извонредна слобода“

Текст „627 AF-точки за откривање фаза со широко покривање“ прикажан врз слика од жена во профил врз која се прикажува централно поставен правоаголник што го означува покривањето на сликата од 95% во ширина и 94% во должина; во горниот лев агол се прикажува „AF“ како избран режим, а врз десното око на субјектот се прикажува мал бел квадрат со жолта линија што посочува дека окото е фокусирано и фокусот не се губи (иако преминува на левото око) додека субјектот се движи кон камерата, а потоа почнува да се оддалечува од камерата и го врти грбот на кратко, но фокусот повторно го пронаоѓа окото

Текст „Поддршка за AF на очи во реално време и откривање лица“ прикажан врз слика од жена во профил која седи во соблекувална, врз нејзиното око се прикажува мал бел квадрат со жолта линија, потоа жената се движи низ соблекувалната и фокусот преминува врз другите субјекти, а тоа се забележува со појавата на правоаголници врз нивните лица и со појавата на мали правоаголници со жолти линии врз нивните очи

Текст „Поддршка за AF на очи во реално време и откривање лица“ прикажан врз снимка од два танчери кои танцуваат, на танчерот во преден план му се откриваат и фокусираат лицето и очите, а потоа кога излегува од кадарот, се откриваат и фокусираат лицето и очите на танчерот во заднина

Текст „4K (QFHD) 120p со многу прецизен AF“ прикажан врз снимка со забавени движења на танчер кој настапува во затворена просторија, фокусот се задржува врз танчерот и покрај екстремните движења

Текст „Електронски варијабилен ND-филтер во формат за целосна слика“ прикажан врз низа слики што го прикажуваат ефектот на затемнување на варијабилниот ND-филтер кај сликата, при промена од 1/4 до 1/128

Текст „Непречена контрола на длабочината на полето“ прикажан врз низа слики од отворањето на ирисот и затемнувањето што го создава електронскиот ND-филтер во исто време, при што дефокусирањето на заднината се зголемува паралелно со отворањето на ирисот, но светлината останува иста поради ефектот за затемнување на ND-филтерот. Потоа процесот се прикажува во обратна насока, односно ирисот се затвора и ефектот на дефокусирање на заднината се намалува, но светлината останува иста поради ефектот за осветлување на ND-филтерот

 

Текст „Извонредна преносливост“

Текст „Извонредна преносливост и брз стил на фотографирање“ прикажан врз слика од машки корисник во профил кој оди и ја држи камерата FX6 во рака на висина на своите гради

Текст „Извонредна преносливост за снимање од високи и ниски агли“ прикажан врз две слики на екранот, на левата слика е прикажан корисник кој снима од висока перспектива и ја држи камерата над својата глава и закосена надолу, а на десната слика се прикажува корисник кој снима од ниска перспектива и ја држи камерата на висина на своите колена и закосена нагоре

Текст „Лесна, модуларна и цврста“ прикажан врз слика од камерата FX6 ставена во механизам за стабилизација

Текст „Паметна рачка и паметен држач со прилагодлив агол“ прикажан врз две слики на екранот. Лево: снимка од FX6 со галантерија без прикачен објектив; десно: приказ на прилагодливиот паметен држач што корисникот го ротира за да добие подобар агол

Текст „Флексибилен LCD-екран со висока резолуција од 2,76 милиони точки“ прикажан врз слика од LCD-екранот на кој се гледаат тековните вредности за различни поставки, а прикажан е и прстот на корисникот што допира поставка на екранот

Текстови
„Повеќе формати за снимање со два отвори компатибилни со медиумите CFexpress Type A“

„DCI 4K“
„XAVC Intra 4:2:2, 10 бита, класа 300“

„QFHD“
„XAVC Intra 4:2:2, 10 бита, класа 300“
„XAVC Long 4:2:0, 8 бита

„Full HD“
„XAVC Intra/Long 4:2:2, 10 бита“

прикажани врз слика од задната лева страна на FX6 со отворен капак за медиуми и две картички CFexpress Type A вметнати делумно, а потоа слика со две различни картички вметнати делумно

Текст „Снимање во RAW-формат со 16 бита и 12G-SDI“ прикажан врз две слики на екранот: десната слика ја прикажува камерата FX6 од задна страна со излезен SDI-приклучок; левата слика ја прикажува камерата FX6 од горен лев заден агол со прикачен објектив и галантерија, поставена на статив, а корисникот приклучува кабел во SDI-приклучокот и ги прилагодува поставките на LCD-екранот на допир

Текст „Два XLR-приклучоци и подобрен звук“ прикажан врз две слики на екранот: на левата се гледа рачка со два XLR-влезови за звук; на десната се гледа микрофон со заштита за ветер прикачена на рачката

Текст „Структура за дисипација на топлина што спречува исклучување поради преголема температура“ прикажан врз слика од задната страна на FX6 што се претвора во цртеж од внатрешниот вентилатор за ладење и ладилниците со стрелки што го означуваат протокот на воздух низ куќиштето

Текст „Легура од магнезиум во внатрешните и надворешните компоненти на куќиштето заради голема издржливост и мала тежина“ прикажан врз слика од левата страна на FX6 што се претвора во цртеж од компонентите на куќиштето со легура од магнезиум

Текстови
„Безжично следење, контрола и многу повеќе“
„Вграден Wi-Fi и бесплатна апликација CBM за мобилни телефони“;
„- вчитување видеозаписи на FTP, FTPS или други сервери“
„- префрлување видеозаписи во мобилни уреди“
со логото CBM прикажани врз снимка од манекенка во заднина, снимена со камерата FX6 поставена на статив, со ефекти на дефокусирање врз субјектот и заднината, во преден план се гледа паметен телефон што е во фокус и на неговиот екран се прикажува снимката од камерата

Текст „Голем избор на различни објективи со E-приклучок“ прикажан врз снимка од FX6 со рачка и LCD-екран, се гледа како се прикачуваат различни објективи со E-приклучок

Текст „Ненадминат избор на објективи за креативните корисници“ прикажан врз широка слика од сите објективи со E-приклучок

Низа слики од FX6 снимени одблиску со бавно поместување: слика од предната страна каде што се гледа сензорот; слика од горната страна каде што се гледаат отвори за завртки за прикачување галантерија и паметен држач со прилагодлив агол; слика од предната страна на рачката со XLR-приклучоци и држачот за микрофон; слика од левата страна на екранот

 

Текст „Cinema Line FX6“ прикажан врз FX6 од горниот лев агол, со прикачена рачка со XLR-приклучоци и LCD-екран

Текст „Подготвена за раскажување неверојатни приказни“

 

Лого SONY

Известување за заштитни знаци и одрекувања од одговорност