ILME-FX3 Текст за воведно видео

Лого Alpha

 

Наслов „Нова филмска слобода“

 

Приказ од горната задна страна на FX3

Текст „Cinema Line FX3“ прикажан врз снимка од FX3 што внимателно ротира до нејзината предна лева страна, со прикачена рачка со XLR

Текст „Филмско изразување“

Текст „Ефекти на дефокусирање во формат на целосна слика за изразување на филмската перспектива“ прикажан врз слика од субјект доловен од предната страна, како разговара со друг субјект свртен со грбот кон фотоапаратот, со силни ефекти на дефокусирање врз двата субјекти во преден и заден план

Текстовите „Голем динамички опсег со 15+ чекори*“ и „S-Log3 без корекција на бои“ прикажани врз слика од крајбрежје и згради при слаба сончева светлина, со лизгач за лево -> десно што ги зголемува контрастот и живописноста на боите, а се прикажува и текстот „Со корекција на бои“

Текст „S-CinetoneTM за филмски изглед“ прикажан врз две слики на екранот што прикажуваат портрет во крупен кадар од женски модел. На левата страна има текст „Стандардно (профил на слика ИСКЛУЧЕН)“; на десната страна има текст „S-Cinetone (профил на слика 11)“ со значително поразлични тонови на кожата

Текст „Мал шум при висока чувствителност дури и при слаба осветленост“ прикажан врз ноќна слика од река, осветлен мост и згради, како и корисник со FX3 на чиј LCD-екран се прикажува сликата, се гледа црвена сигнална светилка што посочува дека снимањето е во тек; а потоа се прикажува ноќна слика од два субјекти кои разговараат, на едниот лицето му е видливо и е во фокус, а другиот е завртен со грб кон камерата, а врз предметите во преден и заден план има силни ефекти на дефокусирање

Текст „До ISO 409600*“ прикажан врз видео од танчери на плажа непосредно по зајдисонцето; со текст „ISO 12800“, танчерите и плажата се речиси црни; со текст „ISO 51200“, сцената е посветла и се гледаат детали на површината на океанот; со текст „ISO 409600*“, танчерите и плажата имаат добра експозиција, деталите се видливи и хоризонтот е светол

Текст „Фотографирање со висока стапка на слики до 120 fps во 4K-резолуција“ прикажан врз снимки со забавени движења од глумци кои пешачат низ град, а потоа се прикажуваат танчери на плажа по зајдисонце

Текст „Дизајнирана за удобно самостојно снимање“

Текст „Најкомпактната камера Cinema Line со тежина од 715 гр. (1 lb. 9,3 oz.)*“ прикажан врз слика од задната лева страна на корисник кој ја држи камерата FX3 додека оди наназад, снима видео од субјект кој лежи во кревет, а снимката се прикажува на LCD-екранот на камерата и се гледа црвена сигнална светилка која свети

Текст „Испорачана рачка со XLR за стабилно и удобно снимање“ прикажан врз снимка во која корисникот ја прикачува рачката со XLR на камерата FX3, се гледаат завртки што се прицврстуваат со прсти

Текст „Отвори за завртки 1/4-20 UNC* за прикачување галантерија без дополнителни држачи“ прикажан врз 5 слики на кои се гледа како корисник прикачува различна галантерија на камерата FX3 и рачката со XLR, се гледа кабел за поврзување

Текст „Стабилизација на слика со активен режим* за стабилно рачно снимање“ прикажан врз снимка од задната страна на субјект кој оди во ходник и се облекува, снимена од корисник со FX3 кој оди зад него; потоа се прикажува снимка од друга перспектива на која се гледаат и субјектот и корисникот кој ја држи камерата FX3, со вклучена црвена сигнална светилка и LCD-екран на кој се прикажува стабилизирана слика

Текст „Поддршка за дополнителна стабилизација со метаподатоци за тресење на камерата во Catalyst“ прикажан врз две слики на екранот. Текст на левата страна: „ИСКЛУЧЕНА стабилизација“; текст на десната страна „Стабилизирано со Catalyst“ со лого ознаки на Catalyst Browse и Catalyst Prepare; истиот видеозапис од крајбрежна сцена снимен од корисник кој оди е значително постабилен на десната страна

Текст „Брз и хибриден AF со широка покриеност од 95% x 94%“ прикажан врз снимка од танчери кои настапуваат на градска сцена навечер, лицето на женскиот субјект е видливо и во фокус, врз него централно е прикажан правоаголник што покрива 95% од ширината и 94% од висината на сликата

Текст „AF на очи во реално време при мала длабочина на поле и висока стапка на слики“ прикажан врз портрет од женски субјект кој оди кон камерата, со бел квадрат околу едно око (понекогаш преминува од едно на друго око) што укажува на задржување на фокусот врз едно око, со силни ефекти на дефокусирање на заднината што стануваат посилни како што се доближува субјектот

Текст „Практично и сигурно следење на објектите со помош на допир“ прикажан врз две слики, од кои двете се фокусирани на облеката што е закачена на жица за сушење облека, а во заднината се прикажани дефокусирани згради, а потоа графика што прикажува прст на корисник што допира врз зграда во заднината на LCD-екранот, по што фокусот се префрлува на зградата во заднината, а ефектот на дефокусирање преминува на облеката во преден план. Прва снимка со текст „Брзина на транзиција на AF: 1 (бавно)“ со релативно бавно преминување на фокусот; втора снимка со текст „Брзина на транзиција на AF: 7 (брзо)“ со релативно брзо преминување на фокусот

Текст „Целосно функционален и прецизен AF за ефикасно самостојно снимање“ прикажан врз слика во која три различни субјекти влегуваат, минуваат и го напуштаат кадарот еден по друг, а фокусот преминува и ги следи сите

Текст „Поддршка за AF со одличен одзив во режим на рачен фокус“ прикажан врз слика што се фокусира на женски модел што седи на кревет додека неколку луѓе поминуваат низ сцената пред неа, а во преден план е шолја поставена на маса со ефект на дефокусирање. Вметната слика од камера FX3 со текст „MF“ што преминува во “Помош за AF“ додека моделот станува (и лицето излегува од кадарот), а фокусот се префрлува на шолјата во преден план; потоа се враќа на „MF“

Текст „различни објективи со E-приклучок од Sony за максимизирање на перформансите на FX3“ прикажан врз слика од FX3 со повеќе приклучени додатоци, потоа се прикажува слика од црн објектив што се откачува од куќиштето на камерата, потоа се прикажува слика од прикачен бел објектив што се користи за рачно снимање, а потоа широкоаголна снимка што ги прикажува сите објективи со E-приклучок

 

Текст „Опции за проширување и ракување за креаторите на содржини“

Текст „Оперативност и сигурност за создавање професионални содржини“ врз приказ од задната лева страна од корисник што држи FX3 со прикачена рачка со XLR додека чекори наназад и снима видео од објект кој лежи во кревет, а снимката се прикажува на LCD-екранот на камерата и се гледа црвена сигнална светилка која свети; потоа се прикажува слика од друг корисник кој рачно снима бавно поместувајќи ја FX3

Текст „Копчиња и контроли за практично користење со една рака“ прикажан врз слика од десната страна од корисник кој ја држи рачката на камерата FX3 со десната рака, потоа се прикажува слика од горната предна десна страна од палец на корисник кој се доближува до копчето "REC", а потоа се прикажува слика од задната десна страна во која палецот на корисникот е под контролното вртливо копче

Текст „Јасно видливи сигнални светилки за едноставна сигнализација кога камерата снима“ прикажан врз слика од предната лева страна на камерата FX3 на која показалец на корисник го притиснува копчето за функција „6“ на предната страна и почнува да снима, при што предната црвена сигнална светилка и периметарот на копчето REC се осветлени, потоа се прикажува слика од задната лева страна на која се гледа и осветлената задната црвена сигнална светилка, а потоа се прикажува слика од горната задна десна страна на која се гледаат осветлената предна и задна црвена сигнална светилка и периметарот на копчето REC, со извлечен LCD-екран

Текст „Монитор со променлив агол што се отвора странично“ прикажан врз слика од горната задна страна на FX3 што корисник ја држи со десната рака, додека со левата го отвора LCD-екранот, го извлекува налево и го навалува наназад и нанапред

Текст „Непрекинато снимање во 4K со 60p*“ прикажан врз слика од дијаграм од FX3 од долната предна десна страна, а потоа се прикажува графика на која се претставени внатрешниот вентилатор и ладилникот, при што протокот и дисипацијата на топлината се прикажани со стрелки

Текст „Цврста, но лесна легура од магнезиум“ над детален приказ на компонентите на куќиштето

Текст „Отпорност на прав и влага* за надворешна употреба“ прикажан врз слика од дијаграми од предната горна лева и десна страна, на која е прикажана заштитата околу споевите и капаците

Текст „Внатрешно снимање со 4:2:2 и 10 бита со два отвори компатибилни со медиумите CFexpress Type A“ прикажан врз слика од горната десна страна од FX3 со отворен капак за медиуми, прво е прикажан текстот „CFexpress Type A“ и две делумно вметнати картички CFexpress Type A, а потоа текстот „SDXC/SDHC (UHS-I и UHS-II)“ и две делумно вметнати картички SDXC/SDHC

Текст „Опремено со Full HDMI-приклучок“ прикажан врз слика од десната страна од HDMI-приклучок

Текст „Жична или безжична далечинска контрола преку компјутер или мобилни уреди“ со логото на „Imaging Edge“ прикажан врз слика од танчери што танцуваат пред корисник со камерата FX3 поставена на статив, а друг корисник во преден план држи паметен телефон што ги прикажува контролите на FX3 и кадарот од FX3 и ракува со контролите со прстот

Ротирачки приказ одблиску од камерата FX3: прво од предната лева страна, а потоа од горната задна десна страна со осветлена сигнална светилка и периметар на копчето REC, а потоа од горната задна страна со осветлена сигнална светилка и периметарот на копчето REC, по што се прикажуваат рачката со XLR и контролите за звук

 

Текст „Cinema Line FX3“ прикажан врз снимка од FX3 што внимателно ротира до нејзината предна лева страна, со прикачена рачка со XLR

 

Лого SONY

Известување за заштитни знаци и одрекувања од одговорност