Снимете го светот од нови агли

Слика одблиску од очи на жена Слика одблиску од очи на жена

Снимете го светот од нови агли

Слика од FR7 поставена на таван во стандардна позиција

Далечинска контрола за креативно поставување на камерата 

Благодарение на вградениот механизам за поместување и закосување што може далечински да се управува, FR7 може да се постави на таван или на други подалечни локации. Следете ги субјектите или веднаш изберете ги однапред составените кадри за ненадминат креативен потенцијал. 

Автоматско обликување на кадарот со PTZ за подобро создавање содржини

Почнувајќи од вер. 3.0, камерата FR7 ќе биде компатибилна со функцијата за автоматско обликување на кадарот со PTZ. Нашата револуционерна функција за автоматско обликување на кадарот со PTZ ѝ овозможува на камерата FR7 да ги следи субјектите доследно и лесно да го одржува кадарот кој ќе го изберете.

Слика од човек кој користи таблет и RM-IP500

Иновативна далечинска контрола 

Благодарение на новосоздадената апликација Web App што овозможува едноставен пристап преку QR-код или URL-адреса, камерата FR7 може да се поставува преку веб-пребарувач на компјутер или таблет-уред. Исто така, може да го користите изборниот панел за далечинска контрола (RCP), главните уреди за поставување (MSU) и RM-IP500 за прецизно поместување, закосување и зумирање со помош на контролна палка
Слика на која се прикажани сензорот за целосна слика и BIONZ XR

Напредна технологија за филмски израз

Како дел од Cinema Line, FR7 нуди карактеристики што го поддржуваат филмскиот израз. FR7 има CMOS-сензор за целосна слика од 35 мм со задно осветлување, за првпат во камера со поместување, закосување и зумирање (PTZ). BIONZ XR™ нуди извонреден квалитет на сликата благодарение на високата чувствителност, рамномерните градации и реалистичните бои. 
Слика од FR7 и објективи со E-приклучок

Неограничена креативност со објективите со E-приклучок

FR7 се одликува со E-приклучокот од Sony и може да се користи со сите објективи со E-приклучок. Меѓу нив спаѓаат и објективите од врвната серија G Master, кои се познати по својата неверојатна резолуција и ефекти на дефокусирање. Изборот на фокусни должини од 12 мм до 1200 мм ви овозможува опширна креативна контрола.