Лого Alpha
Текстови „Следење во реално време“ и „Нова функција за следење предмети“
Текст „Широко покривање“ прикажан врз слика од задна страна на манекенка која пешачи на отворено, врз сликата се прикажува мрежа од 25 x 17 бели квадрати што ги означуваат локациите на AF-сензорот
Текстот „Следење субјекти“ се прикажува додека белите квадрати се заменуваат со зелен квадрат со двојни рабови што ја следи и фокусира задната страна на главата на манекенката, означува дека следењето во реално време е активно
Текст „Откривање лица“ се прикажува додека манекенката се врти за да се види нејзиното лице, а зелениот квадрат со двојни рабови се претвора во поголем зелен квадрат што го следи и фокусира лицето на манекенката, означува дека откривањето лица е активно
Текстот „Откривање очи“ се прикажува штом очите на манекенката станат видливи и зелениот квадрат на функцијата за откривање лица се претвора во помал зелен квадрат што го следи и фокусира едното око на манекенката, а тоа означува дека откривањето очи е активно; функцијата наизменично ги следи левото и десното око
Портрет од манекенка која гледа директно кон камерата
Текст „Обработувајте голема количина на податоци за слики во реално време“ прикажан врз цртеж од камерата и објективот на кој се означени сензорот за слика, меморискиот чип и процесорот за обработка на слика BIONZ X
Текст „Технологија за препознавање субјекти“ прикажан врз видеозапис од манекенка која се движи на левата страна и цртеж од камерата на десната страна; стрелките го покажуваат протокот на податоци од сензорот до процесорот BIONZ X. Текстот „Боја“ се прикажува во десниот агол на обичен видеозапис од манекенка на левата страна; потоа се прикажува текстот „Шема“ во десниот агол на стилистички обработен црно-бел видеозапис на левата страна; а потоа се прикажува текстот „Растојание“ врз симулирана мапа за длабочина на левата страна
Текст „Технологија за препознавање субјекти со вештачка интелигенција“ прикажан врз обработен видеозапис од манекенка која се движи на левата страна, со симулирана вредност за сигурно препознавање што се зголемува од 0,000% до 98,853%, а на десната страна се прикажуваат повеќе слики и симулирани податоци од учењето со вештачка интелигенција што се прелистуваат надолу; потоа се појавуваат квадрати што ги следат лицето и очите со текстот „Лице / Око“ на левата и десната страна соодветно
Текст „Обработувајте ги сите податоци истовремено“ прикажан врз четири обработени видеозаписи од претходно снимени материјали што прикажуваат како функцијата за препознавање користи бои, шеми, длабочина и лице / очи, а потоа се прикажува фотографија од манекенка која гледа кон камерата
Текст „Беспрекорно фокусира лица и очи“ прикажан врз видеозапис што симулира слика на LCD-екран, се гледа субјект на скејтборд како изведува трик, а на екранот се прикажува „1/2000 F4,0 M.M. -0,3 ISO 200“ со зелен квадрат со двојни рабови што означува следење на главата во реално време, потоа се прикажува квадрат што означува откривање лице, потоа мал квадрат што означува следење очи, а фокусот се задржува врз субјектот кој се движи и се доближува до камерата
Текст „Исто така со еден допир“ прикажан врз симулирана слика на LCD-екран, се гледа субјект со кацига и заштитен костум кој користи уред со млазници за вода, се гледа цртеж на кој се прикажува прстот на корисникот кој го допира субјектот на екранот за да активира следење; потоа се прикажува текстот „континуирано и прецизно следење“ додека зелен квадрат со двојни рабови го следи субјектот што означува следење во реално време, а фокусот се задржува врз субјектот низ целата сцена и на екранот се прикажува „1/200 F4,0 M.M. 0,0 ISO 400“ со црвен индикатор REC
Текст „Автоматскиот фокус еволуираше“
Текст „Брзина x Вештачка интелигенција“
Лого SONY