Систем во дневна соба составен од BRAVIA Theatre Quad и телевизор со голем рамен екран, на кој се прикажува живописна сцена со толпа луѓе. Систем во дневна соба составен од BRAVIA Theatre Quad и телевизор со голем рамен екран, на кој се прикажува живописна сцена со толпа луѓе.

Интервју со инженери за BRAVIA Theatre Quad

Нов стил кој се вклопува во вашата соба и во вашиот секојдневен живот

Со распространување на телевизорите со голем екран и услугите за проследување видеосодржини, начинот на гледање филмови дома трпи значителни промени. Каков вид на домашно кино сакаат луѓето во денешно време? На ова прашање, Sony одговара со системот за домашно кино BRAVIA Theatre Quad кој создава максимален просторен звук користејќи само четири звучници. Системот генерира звук кој е доволно моќен за да го почувствувате на вашата кожа, но системот е создаден и со цел да постигне хармонија со просторот околу него. Разговаравме со инженерите кои го создадоа системот за да дознаеме повеќе за технологијата вградена во него.

Нашиот посветен тим на експерти (од лево кон десно):

Преден ред: Инженер за звук Nagahama, дизајнер за производи Deguchi, менаџер за проекти Nakamura, електричен инженер Matsumoto
Заден ред: Дизајнер за пакувања Abe, планер за производи Hashimoto, инженер за софтвер Ohshima, механички инженер Tanaka
Нашиот посветен тим на експерти

Дали сте виделе домашно кино како ова? Од звукот до инсталацијата - сè е ново.

Телевизор BRAVIA со звучници BRAVIA Theatre Quad монтирани на ѕид, во минималистичка дневна соба.

Нов стил кој се вклопува во дневната соба

Како што форматите на телевизорите еволуираат за да се фокусираат „само на сликата“, така и домашните кина стануваат поедноставни и подискретни. Дизајнот на BRAVIA Theatre Quad оди чекор подалеку и има за цел да создаде пријатно присуство во дневната соба и да биде во хармонија со просторот околу него.

Коментари на инженерите

Deguchi, дизајнер: Ако веќе се обидуваме да го надополниме големиот екран во дневната соба со домашно кино, тогаш нели би било идеално да го направиме рамно и да го монтираме на ѕид? Ова се размислувањата кои ги имавме кога одлучивме да направиме звучници во вид на плочи за BRAVIA Theatre Quad. Од техничка гледна точка, тешко е да се направат рамни звучници, но за овој производ, тимот за развој беше обединет уште од почетокот на развојниот процес и работеше со силна мотивација.
Deguchi, дизајнер
Четири звучници BRAVIA Theatre Quad покрај контролна кутија. Четири звучници BRAVIA Theatre Quad покрај контролна кутија.
Дневна соба со звучници BRAVIA Theatre Quad, се прикажува дистрибуцијата на звукот со сини бранови.

Интеграција на домашното кино во дневната соба.

Системот BRAVIA Theatre Quad создава просторен звук во зоната која ја опфаќаат неговите четири звучници. Со анализа на акустичките карактеристики на просторијата, како положбата на секој звучник, обликот на просторијата, материјалот на ѕидовите, завесите и мебелот, овој систем создава звучно поле и автоматски го оптимизира. Како резултат на тоа, тој нуди оптимални перформанси, независно од распоредот и обликот на просторијата или начинот на кој се позиционирани звучниците.

Коментари на инженерите

Nagahama, инженер за звук: Предните звучници треба да се постават колку што е можно повеќе симетрично заради максимални перформанси. Задните звучници, пак, може да се постават асиметрично, до одреден степен, и да создадат задоволителен ефект преку корекција на звучното поле. Ќе уживате во солиден просторен звук, дури и да има разлики во висината или ориентацијата.
Nagahama, инженер за звук
Tanaka, механички инженер: Ја нагласивме ширината за насочување кога го создававме системот, и мислам дека токму тоа ни овозможува да добиеме соодветен ефект, дури и кога звучниците се позиционирани асиметрично. Широкото насочување максимално ги искористува ефектите кои ги создава корекцијата на звучното поле.
Tanaka, механички инженер

Доживувањето започнува во моментот кога ќе ја отворите кутијата

BRAVIA Theatre Quad нуди редизајн не само на производот, туку и на пакувањето и процесот на купување. За почеток, информациите за сè што треба да правите се јасно прикажани на место каде што вашите очи сами го насочуваат погледот. И корисниците кои прв пат купуваат уреди за домашно кино ќе ја чувствуваат истата возбуда како при купувањето дури и кога лесно и безгрижно ќе ги извршуваат чекорите за инсталација и поставување.
Пакување на BRAVIA Theatre Quad со водич за поставување прикажан во кутијата.

Коментари на инженерите

Ohshima, инженер за софтвер: Новата апликација BRAVIA Connect ќе ги води корисниците низ поставувањето на нашите производи. Ако ја отворите апликацијата и потоа го вклучите системот на звучници BRAVIA Theatre Quad, апликацијата автоматски ќе го открие. Апликацијата нуди видеоснимки и компјутерска графика со објаснувања за поврзувањето и поставувањето, што ќе му помогне на корисникот да извлече максимум од својот систем за звук во своето опкружување.
Oshima, инженер за софтвер

Реалистичен просторен звук кој вашето тело може да го почувствува и кој не може да се репродуцира виртуелно.

Дневна соба со звучници BRAVIA Theatre Quad и телевизор, кој прикажува огномет за да ја истакне извонредната технологија 360 Spatial Sound Mapping.

Чувството на задлабочување е поинакво, бидејќи е „реално“. Секој може да ужива во него, бидејќи е „реално“.

Производот ја поддржува технологијата 360 Spatial Sound Mapping (360 SSM), која го создава реалниот звучен простор на начин кој потполно се разликува од традиционалниот виртуелен опкружувачки звук, кој само ја симулира звучната перцепција на луѓето за да создаде просторен ефект. Благодарение на 360 SSM, вашите уши и тело ќе ги почувствуваат истите вибрации во воздухот како вистински опкружувачки звук, што ќе овозможи уште поголемо задлабочување во светот на филмовите.

Коментари на инженерите

Nagahama, инженер за звук: 360 SSM е технологија која создава звучни полиња, овозможувајќи им на сите да уживаат во вистинско чувство на опкружувачки звук, а зоната во која може да се постигне тој ефект е значително поголема. Ако некогаш не сте биле задоволни од доживувањето со виртуелен опкружувачки звук или сакате да уживате во просторен звук заедно со целото семејство, тогаш ве охрабруваме да го слушнете просторниот звук кој го создава 360 SSM.
Дневна соба со звучници BRAVIA Theatre Quad кои ја покажуваат технологијата 360 Spatial Sound Mapping и создаваат реално звучно поле.

Во комбинација со 360 SSM, BRAVIA Theatre Quad овозможува максимално уживање во импресивен просторен звук.

Искористувајќи го целиот потенцијал на технологијата 360 SSM, BRAVIA Theatre Quad користи само четири звучници за да создаде идеален просторен звучен простор во кој ќе се чувствувате како да има многу повеќе звучници позиционирани во просторијата.

Коментари на инженерите

„BRAVIA Theatre Quad е идеалниот избор за доживување со 360 SSM од врвна класа. Начинот на кој овој систем ги користи четирите звучници за да опфати одреден простор одговара на концептот на 360 SSM, а поради тоа што сите четири звучници се идентични, можно е да се создаде еднаков звук, што овозможува значително подобри звучни врски“.
Звучници BRAVIA Theatre Quad наредени на маса.

Подобар звук, подобар избор за животната средина

Одново дизајнирани содржини заради новата форма.

Формата не е единственото нешто што е изменето. За да создадеме уште пореално доживување со просторен звук, целосно ја редизајниравме и внатрешната структура на звучниците. Како да ги позиционираме звучниците за да го искористиме целиот потенцијал на 360 SSM и да добиеме звук кој нуди чувство на поголема пространост? Што може да направиме за да добиеме појасни дијалози кои звучат подобро? Сите кои учествуваа во развојниот процес ги дискутираа овие прашања и излегуваа од границите на своите полиња за да ги надминат своите ограничувања.
Расклопен звучник BRAVIA Theatre Quad, се гледаат внатрешните компоненти.

Коментари на инженерите

Tanaka, механички инженер: Во однос на механичкиот дизајн, посветивме многу внимание на положбата на звучниците. Ако изворот на звукот е позициониран многу далеку на задната страна, тогаш надворешниот ѕид кој е директно покрај отворот на звучникот ќе го блокира емитуваниот звук. Поради тоа, ги позициониравме звучниците колку што е можно понапред за да бидеме сигурни дека звукот ќе опфати најширока можна површина без да удри во какви било пречки.
Внатрешен приказ на звучник BRAVIA Theatre Quad, каде што се гледа распоредот на компонентите.

Комбинирајте производи од BRAVIA за да создадете многу подобар звук.

Перформансите на BRAVIA Theatre Quad се одлични, независно со каков телевизор ќе го поврзете, но ако го поврзете со компатибилни модели на BRAVIA, ќе добиете уште побогато доживување при слушањето. Сите љубители на филмови кои имаат телевизор BRAVIA треба да го пробаат BRAVIA Theatre Quad.

Коментари на инженерите

Ohshima, инженер за софтвер: Функцијата за оптимизација на звучното поле, исто така, овозможува подобри перформанси со функцијата Acoustic Center Sync0, која го користи вградениот звучник на BRAVIA како централен звучник. Таа ги компензира разликите во акустичките карактеристики помеѓу четирите звучници на BRAVIA Theatre Quad и вградените звучници на телевизорот, создавајќи подоследен звук во кој ќе уживаат гледачите.1
Визуализација на звучни бранови кои ги создава функцијата Acoustic Center Sync.

Користете ја заедно со најновите модели од серијата BRAVIA за да добиете уште појасен звук.

Функцијата Voice Zoom 3, вградена во новите телевизори BRAVIA, може да се употреби за излезниот аудиосигнал на BRAVIA Theatre Quad, што значително ќе ја зголеми острината на дијалозите во филмовите.
Телевизор BRAVIA со четири звучници BRAVIA Theatre Quad.
Слика одблиску од звучник BRAVIA Theatre Quad и од контролната кутија, со црни гранули од рециклирана пластика.

Ја користиме нашата инвентивност за да го подобриме односот кон животната средина.

Квалитетот на звукот и загриженоста за животната средина може да бидат тешки за усогласување, но ние ги постигнавме и двете преку преземање проактивни мерки уште во почетните фази на развојот. Ги заменивме речиси сите пластики со рециклирани материјали и воведовме нови иновации, како изработка на држачи кои може да се употребат и како носачи за монтирање на ѕид. Исто така, направивме максимални напори да користиме рециклирани материјали за обложување во нашите пакувања.

Коментари на инженерите

Nakamura, менаџер за проекти: Смисливме многу идеи за минимизирање на влијанието врз животната средина, почнувајќи од отстранување на пластичните ќеси за прирачниците и фолијата за батериите, па сè до создавање мал простор за складирање во материјалите за обложување, за да спречиме движење на деловите низ пакувањето за време на транспортот.
Nakamura, менаџер за проекти

Квалитетот на звукот и дизајнот на долгоочекуваната втора генерација на BRAVIA Theatre Quad се целосно реновирани, од самиот почеток

- За почеток, каков производ е BRAVIA Theatre Quad?

Hashimoto: Кај денешните услуги за проследување видеосодржини може да забележиме сè поголема популарност на Dolby Atmos, DTS:X и други нови формати кои можат да репродуцираат просторен звук како во кино во домовите на луѓето. Освен тоа, како што телевизиските екрани стануваат поголеми, а телевизорите потенки, така се намалува слободниот простор пред екранот. Поради тоа, Sony одлучи да се соочи со предизвикот да создаде нов производ со кој сите ќе можат лесно да создадат целосно филмско опкружување во својот дом. Во 2021 година го издадовме системот за домашно кино HT-A9, кој на сите им овозможи лесно поставување и уживање во целосен систем за простран звук, составен од само четири безжични звучници и компактен главен уред. Многу добро беше прифатен, особено од љубителите на филмови.

Користејќи оригинална технологија 360 Spatial Sound Mapping (360 SSM) од Sony, HT-A9 можеше да создаде просторен звук. На многу корисници им се допаднаа чувството на обвиткување и беспрекорниот звук, за разлика од другите технологии за виртуелен опкружувачки звук кои сега се достапни на пазарот. Како наследник на HT-A9, новиот BRAVIA Theatre Quad нуди уште подобро доживување при слушањето.

Група програмери од Sony седат на маса и дискутираат.

Што конкретно е подобрено?

Hashimoto: Дизајнот и квалитетот на звукот. Овие две карактеристики се значително подобрени. Системот го дизајниравме за полесно усогласување со ентериерот на домовите на луѓето, а притоа целосно ги редизајниравме облиците за да се вклопат во просториите во кои живеат луѓето. Во однос на квалитетот на звукот, целосно го редизајниравме хардверот на сличен начин, а додадовме и нова функција за автоматска корекција на звучното поле со технологија за сензори.
Дизајнерот на производот разговара со група луѓе.

Форма со пријатно присуство, која постигнува хармонија со просторот околу неа

- Луѓето на кои им е познат претходникот HT-A9 може да се изненадат од драстичните промени во изгледот. Со каква намера ја направивте промената?

Hashimoto: Го земавме предвид и начинот на кој HT-A9 се интегрира во затворени простории, но со BRAVIA Theatre Quad се фокусиравме на оваа идеја и направивме значителни промени во обликот.

Deguchi: Креативниот центар на Sony, кој го презема водството за дизајнот, континуирано размислуваше и предложуваше идеи за тоа како треба да изгледа опкружувањето со домашно кино, земајќи ги предвид промените во опкружувањата за гледање телевизија, како што е зголемувањето на димензиите на телевизиските екрани. Ако веќе се обидуваме да го усогласиме домашното кино со големиот екран во дневната соба, тогаш нели би било идеално да го направиме рамно и да го монтираме на ѕид? Ова се прашањата кои ги имавме на ум кога одлучивме да направиме звучници во вид на плочи за BRAVIA Theatre Quad. Од техничка гледна точка, тешко е да се направат рамни звучници, но за овој производ, тимот за развој беше обединет уште од почетокот на развојниот процес и работеше на прототипот на дизајнот со силна мотивација.

- Звучниците изгледаат многу рамни, нели?

Deguchi: Во последните неколку години, телевизорите сè повеќе ги намалуваа своите надворешни рабови, сведувајќи ги на минимум, така што кога ги гледате од предна страна, сликата е речиси единственото нешто што може да се види. Уште подобро би било ако и звучниците може да се направат невидливи, но факт е дека мора да имаат некаква форма, па затоа се посветивме на создавање пријатно присуство.

На овој начин воспоставивме филозофија за дизајн која ја нарековме „Хармонично присуство“ и ја применивме за сите наши телевизори и опрема за домашно кино, а според неа, производите и просториите треба да имаат пријатно присуство и да постигнат високо ниво на меѓусебна хармонија.

Согласно оваа филозофија, го создадовме BRAVIA Theatre Quad со едноставен и рамен дизајн кој дава впечаток дека сите површини се меѓусебно поврзани, а неговата форма го симболизира чувството на удобно распространување на звукот низ просторот, како светлина и мирис. Освен тоа, поради карактеристиките на производот, ќе биде поставен на различни локации и ќе се гледа од различни агли, па затоа сакавме да создадеме дизајн кој ќе изгледа соодветно кога се гледа од сите агли.

- Значи тоа мислите кога велите „хармонизирање со околниот простор“. Дали и изборот на бои и површинска текстура го направивте врз основа на оваа филозофија?

Deguchi: Да, се разбира. Се одлучивме за висококвалитетен материјал кој треба да одговара на секој ентериер и внимателно ја избравме неговата светлосива боја. Текстурата има сложена шема на вдлабнатини која треба да изгледа добро и во осветлени и во темни простории.
Звучници BRAVIA Theatre Quad: еден ставен на држач, а друг монтиран на ѕид, двата со светлосив материјал.

- Дизајнот на држачот изгледа привлечно, нели? Со нив звучниците изгледаат како да лебдат.

Deguchi: Освен тоа што требаше да спречиме превртување на потенките звучници, ни требаше и канал за рефлективен бас во долниот дел за да го засилиме басот, па така ги добивме овие држачи со кои звучниците изгледаат како да лебдат. Исто така, овие држачи може да се употребат и како носачи за монтирање на ѕид.

- Што значи тоа?

Deguchi: Досега, со стандардните системи за домашно кино, доколку сакавте да ги монтирате вашите звучници на ѕид, требаше да купувате дополнителни носачи за монтирање на ѕид, а откако ќе ги отстраневте држачите, ќе требаше да ги чувате во случај да сакате да ги користите повторно во иднина. На некои луѓе им пречеше да ги чуваат, па затоа ги фрлаа, а тоа секогаш ни пречеше од перспектива за животната средина.

Поради тоа, држачите на BRAVIA Theatre Quad ги создадовме за да може да ги отстранувате и да користите дел од нив како носачи за монтирање на ѕид. Ја искористивме формата на држачот за да направиме носач со цврста рамка, што го елиминираше влијанието на ѕидот или ѕидната текстура врз квалитетот на звукот. Освен тоа, носачите се прикачуваат во две точки на долната страна на звучниците, исто како кога се користат како држачи. Тоа значи дека, независно дали ќе ги ставите звучниците врз некаква површина или ќе ги монтирате на ѕид, тие секогаш ќе репродуцираат најдобар можен звук.

Човек го покажува држачот на BRAVIA Theatre Quad, кој има втора улога како носач за монтирање на ѕид.

Ја земаме предвид животната средина, од создавање на производот до неговото пакување

- Ова што сте го направиле со држачите е иновативно и генијално. Направивте ли нешто друго за зголемување на свеста за животната средина?

Tanaka: Да, многу. За почеток, го променивме материјалот кој го користевме за надворешната површина. Звучниците главно се изработуваат од нерециклирана смола (на пр., нова смола), поради извонредните звучни карактеристики кои ги нуди, но за BRAVIA Theatre Quad користевме рециклирани материјали направени специјално за аудиопроизводи. Овој нов материјал го создадовме од отпадни шишиња за вода и оптички дискови, и го доближивме колку што е можно повеќе до новите смоли кои ги користевме претходно. Со инкорпорирање на новиот материјал во најраните фази на развојот, успеавме да го примениме речиси за сите компоненти од смола. И текстилниот материјал со кој се обвиткани звучниците е направен од рециклирано платно.
Процес на рециклирање дискови и шишиња во пелети од смола, за создавање на материјалите од кои се направени звучниците BRAVIA Theatre Quad.

Nakamura: На крајот, со овој производ не само што ги разгледавме звучниците, туку и направивме напори да ја намалиме пластиката која се користи во материјалите за пакување. Една од големите промени беше да го замениме полистиренот кој се користи за обложување и стабилизирање на производот во неговата кутија со калап од пулпа направен од рециклирана хартија. Исто така, ги отстранивме жиците за врзување на каблите и ги заменивме со хартиени материјали, со што ја намаливме количината на пластика која се користи во мали и големи количини.

Смисливме различни идеи за минимизирање на влијанието врз животната средина, почнувајќи од отстранување на пластичните ќеси за прирачниците и фолијата за батериите, па сè до создавање мал простор за складирање во материјалите за обложување, за да спречиме движење на деловите низ пакувањето за време на транспортот.

TBC

Одличен дизајн и на процесот на отпакување

Посветивте многу внимание и на деталите за дизајнот на пакувањето на производот. Какви иновации воведовте?

Abe: Освен мерките за животна средина кои ги објасни Nakamura, направивме и многу други подобрувања од корисничка гледна точка. Ваквите производи главно се пакуваат вертикално во кутијата, но со BRAVIA Theatre Quad сакавме да му понудиме чувство на возбуда на корисникот кога ќе ја отвори кутијата и да го направиме поставувањето колку што е можно полесно. Звучниците се главниот визуелен фактор на овој производ, па затоа избравме распоред со кој корисникот ќе може да ги види сите четири звучници истовремено.
Инженери за производи го покажуваат пакувањето на BRAVIA Theatre Quad кое ја зема предвид животната средина.

- Можам да разберам како возбудата е поголема кога ќе го видите целиот производ штом ја отворите кутијата.

Abe: Ставивме слика во средината на пакувањето која накратко објаснува што треба да направи корисникот за да изврши поставување. BRAVIA Theatre Quad е уникатен производ, па затоа долго размислувавме како да го насочиме корисникот да ги следи чекорите така како што сме ги замислиле, и да почне да го користи системот без сложени постапки. На пример, ако погледнете како ги распоредивме звучниците, ќе забележите дека ги ориентиравме на начин на кој корисникот ќе може да ги позиционира правилно, без да се збуни. Галантеријата, како што се држачите, е ставена директно под секој соодветен звучник, за да може корисникот да ги состави без да згреши.
Слика одблиску од пакувањето на BRAVIA Theatre Quad, на која се прикажани инструкции за лесно поставување.

- Изгледа дека овие инструкции го водат корисникот кон QR-код кој можат да го скенираат со паметен телефон за да преземат и инсталираат апликација.

Ohshima: Да. Откако ќе извади сè од пакувањето, корисникот ќе треба да знае како да ги позиционира звучниците во собата. Одлучивме да го водиме корисникот во овој процес со помош на апликацијата BRAVIA Connect за телевизори и системи за домашно кино. Ако ја отворите апликацијата и потоа го вклучите системот на звучници BRAVIA Theatre Quad, апликацијата автоматски ќе го открие. Таа ќе ви прикаже видеоснимки и компјутерска графика за следните чекори за справување со каблите и поставките, што ќе му помогне на корисникот да извлече максимум од својот систем за звук во своето опкружување. Сите елементи до тимот за развој учествуваа во создавање на доживувањето кое го нуди апликацијата. Механичките инженери и дизајнерите придонесоа за водичот за инсталирање на звучниците, а инженерите за звук се погрижија за поставките на звучниците итн.
Контролна кутија на BRAVIA Theatre Quad и паметен телефон кој го прикажува интерфејсот на апликацијата BRAVIA Connect.

Abe: Во иднина, планираме да ја стандардизираме презентацијата на BRAVIA и другите уреди за домашно кино. На тој начин ќе обезбедиме лесна и непречена инсталација за корисниците кои, на пример, купуваат телевизор и систем за домашно кино заедно.

Ohshima: По аплицирање на почетните поставки, BRAVIA Connect може да се користи и како далечински управувач, овозможувајќи ви да ракувате со основните контроли и да ги менувате поставките детално. Исто така, ќе ве информира за новите функции и начини за користење на системот, така што корисниците ќе можат да научат повеќе за производот преку апликацијата и да откријат нови начини за уживање во него. И, се разбира, ако настане некаков проблем, во апликацијата ќе можат да најдат и информации за решавање проблеми.

Нови начини за лесно уживање во реален просторен звук: 
360 SSM

- Слушнавме за елементите на дизајнот, па би сакал да продолжиме да разговараме за квалитетот на звукот. Може ли прво да ми кажете повеќе за технологијата 360 SSM на системот BRAVIA Theatre Quad која го создава доживувањето со просторен звук?

Nakamura: 360 SSM е уникатна технологија од Sony која нуди спој од технологија за мерење растојанија, која ги открива релативните координати на звучниците и растојанието помеѓу звучниците и таванот, и технологија за репродукција на физичко звучно поле наречена „монополна синтеза“. Таа врши синтеза на звучни бранови од повеќе вистински звучници распоредени околу гледачот и репродуцира реални звучни бранови од таканаречени фантомски звучници (на пр., виртуелни извори на звук) поставени на идеални положби за секој формат на содржини.

- Можно ли е тоа?

Ohshima: Замислете си шум што се генерира некаде. Ќе го слушнете кога вибрациите во воздухот ќе допрат до вашите уши, така? Тоа би значело дека, ако ја промените почетната точка на тие звучни бранови, сè додека може совршено да ги создавате вибрациите кои допираат до вашите уши, тогаш, теоретски, би можеле да го перципирате звукот како да се репродуцира од таа оригинална локација. Оваа идеја може да ја примениме за звуците од филмовите. Основниот концепт на 360 SSM е да се работи наназад и да се генерираат вибрациите во воздухот кога звукот се репродуцира во идеално опкружување.

- Како се разликува од виртуелниот опкружувачки звук и другите технологии за просторен звук кои во минатото биле вградувани во долгнавестите звучници и други уреди?

Nagahama: Таканаречениот виртуелен опкружувачки звук користи нешто што се вика „психоакустичка“ технологија, која создава илузија на просторен звук за слушателот. Како резултат на тоа, ефектот е различен кај секој човек и има ограничувања за зоните во кои може да се постигне тој ефект. Спротивно на тоа, технологијата 360 SSM всушност создава звучно поле, за да може секој добро да го почувствува звукот, а зоната во која може да се постигне тој ефект е значително поголема. Луѓето кои никогаш не биле задоволни од доживувањето со виртуелен опкружувачки звук или оние кои сакаат да уживаат во просторен звук заедно со целото семејство, дефинитивно треба да го слушнат просторниот звук кој го создава 360 SSM.

- Тоа звучи одлично! Кои филмови може да репродуцираат просторен звук? Само оние кои поддржуваат формати за просторен звук како што е Dolby Atmos?

Nagahama: Најдобри резултати ќе добиете со содржини кои поддржуваат просторен звук. Од филмовите, тоа би биле содржини кои поддржуваат Dolby Atmos или DTS:X, а од музиката, тоа би биле содржини создадени со 360 Reality Audio (360RA) итн. Секако, би сакале гледачите и слушателите да слушаат звук кој ги поддржува тие формати, но дури и содржините направени со стандарден стерео звук, како што се дигиталните антенски емитувања за телевизија и видеоснимките од YouTube, може да се збогатат со просторен звук доколку се обработат со системот 360 SSM.

- Со други зборови, може да уживате во просторен звук со речиси сите содржини! Кога сме на таа тема, каков вид на содржини мислите дека е најдобар за да откриете колку добар може да биде просторниот звук?

Nagahama: Мислам дека би било добро да го тестираме со некој акционен филм со голем буџет, во кој има силни звуци кои се репродуцираат од горе, одзади и од сите други насоки. Така ќе дознаете колку е забавно да се гледа филм со просторен звук.

Ohshima: Друг стандарден пристап би бил гледање музички настап или театарска претстава во живо. И тоа би било добро сценарио за репродукција на просторен звук. Емитувањата на сумо борби се изненадувачки добри за вакво нешто (се смее). Ако ги гледате со просторен звук, може да добиете реалистично чувство за атмосферата околу рингот кога ќе ве опкружат звуците. Слушајќи ги извиците на публиката од лева и десна страна, ќе се чувствувате како да сте физички присутни на стадионот. Се разбира, истото важи и за емитувања на други спортски настани, како бејзбол или фудбал. Просторниот звук е совршен за тоа.

Користејќи само четири звучници, BRAVIA Theatre Quad создава идеален просторен звук

- Сега 360 SSM може да се користи со многу производи од Sony. До кој степен може системот BRAVIA Theatre Quad да го создаде истото доживување?

Nagahama: Од системите за домашно кино кои поддржуваат 360 SSM, BRAVIA Theatre Quad е идеалниот избор за доживување од врвна класа. Начинот на кој ги користи четирите звучници за да опфати одреден простор одговара на концептот на 360 SSM, а поради тоа што сите четири звучници се идентични, можно е да се создаде еднаков звук, што овозможува значително подобри звучни врски. Секако, и конструкцијата на звучникот претрпе измени за да се максимизира ефектот на 360 SSM.
Дизајнерот на пакувањето го објаснува дизајнот на внатрешните компоненти на звучникот.

- Може ли да ни кажете малку повеќе за тоа?

Nagahama: Прво, за да го максимизираме ефектот на 360 SSM, важно е да имаме широк опсег на насочување. Кога ги редизајниравме звучниците, создадовме и нови звучници, како што се вградениот среднотонец и вуфер, а секој од нив беше дизајниран со намера за проширување на насочувањето. Исто така, работевме со тимот на механички инженери за да создадеме оптимална структура и форма на куќиштето за вградување на звучниците.
Слика одблиску од звучниците вградени во BRAVIA Theatre Quad.
Tanaka: Во однос на механичкиот дизајн, посветивме многу внимание на положбата на звучниците. Ако изворот на звукот е позициониран многу далеку зад уредот, тогаш надворешниот ѕид кој е директно покрај отворот на звучникот ќе го блокира емитуваниот звук. Поради тоа, ги позициониравме звучниците колку што е можно понапред за да бидеме сигурни дека звукот ќе опфати најширока можна површина без да удри во какви било пречки. Исто така, ги подредивме звучниците во иста линија, а конструкцијата спречува разлики во внатрешната висина.
Инженер го покажува позиционирањето и дизајнот на звучниците BRAVIA Theatre Quad.
Tanaka: Уште нешто: Самите преземавме иницијативи во однос на помошните звучници, кои го репродуцираат звукот над вас со тоа што го рефлектираат од таванот. Овој звучник претрпе многу промени поради потенкиот дизајн. Потребна е одредена големина за да се создадат соодветни звучни карактеристики, но ако се обидевме да ги исполниме саканите услови, тогаш длабочината на звучникот едвај ќе ја собереше во куќиштето и ќе немаше простор за рамката која го држи звучникот во куќиштето. Освен тоа, овој звучник треба да се позиционира дијагонално кон предната страна, но тоа ќе ја искомплицира внатрешната структура и ќе го отежни процесот на создавање тенко куќиште. Разговаравме на таа тема со тимот на инженери за звук и создадовме нова специјална конструкција на која ќе го прицврстиме звучникот во куќиштето, без да ги намалиме димензиите на звучникот.
Инженер дискутира за дизајнот на звучниците BRAVIA Theatre Quad.

- Може ли да откриете некакви информации и за квалитетот на звукот. Новиот BRAVIA Theatre Quad има три-системска конфигурација на звучници составена од вуфер, среднотонец и високотонец (како и помошни звучници и рефлективен бас за засилување на ниските фреквенции). Може ли да ни кажете кои беа вашите цели?

Nagahama: Колку е пониска фреквенцијата на звукот, толку е поголема амплитудата на звучникот, па ако го користите истиот звучник за репродукција и на звуците со низок опсег, како тапани и басови, и на звуците со среден до висок опсег, како човечки гласови, тогаш човечките гласови ќе се додадат врз поголемата амплитуда на звуците со бас, а тоа ќе предизвика изобличување. Со воведување на три-системската конфигурација, може да ги репродуцираме звуците со низок опсег и звуците со среден до висок опсег на посебни звучници, со што се намалува изобличувањето и се репродуцираат појасни човечки гасови. Мислам дека тоа придонесе за слушање многу појасни дијалози во филмовите.

Hashimoto: Може да додадете и изборен сабвуфер за да ја зголемите моќта на ниските фреквенции. Им препорачувам на луѓето да го пробаат.

- Дали се променија некои други аспекти на звучниците?

Matsumoto: Конфигурацијата на звучниците се промени од двосистемска на трисистемска, што предизвика и зголемување на вградените засилувачи. Сепак, по долго експериментирање, успеавме да ја ограничиме површината на електронската плоча и да создадеме распоред кој уште повеќе го подобри звукот.
Инженери презентираат подобрени звучници.
Создадовме и нов модул за радио во соработка со инженерскиот тим за RF, со две антени на секој звучник, за да ја подобриме стабилноста на преносот. Исто така, вградивме антена во главниот уред за континуирано следење на статусот на сигналите. Кога каналот кој го користите ќе се оптовари, може веднаш да преминете на друг достапен канал. Овие подобрувања овозможуваат уживање во видеосодржините без прекини, а придонесуваат и за дополнителни подобрувања во квалитетот на звукот преку корекции во реално време на малите отстапки во аудиосигналите на четирите звучници.
Инженер покажува кон внатрешните компоненти на системот со звучници.

Понапредната функција за автоматска корекција на звучното поле нуди уште поголема слобода за инсталација и подобар квалитет на звук

- Аудиодоживувањето кое го нуди BRAVIA Theatre Quad е поддржано со функција за автоматска корекција на звучното поле. Ми имаат кажано дека таа претставува голем напредок во споредба со функцијата која е достапна кај претходниот модел HT-A9, но како се одвиваше еволуцијата?

Ohshima: Моделот HT-A9 од претходната генерација, исто така, имаше функција за мерење на релативната положба на четирите звучници и создаваше оптимално звучно поле врз основа на тие информации. Тоа им овозможи на корисниците да уживаат во одличен просторен звук дури и во случаи кога звучниците не можеа да се постават во идеални положби. Кај новиот модел BRAVIA Theatre Quad имаме две нови функции за мерење.

Првата функција го мери опкружувањето во кое е ставен звучникот и го коригира звукот. Тоа му овозможува на системот да ги открие и коригира промените во просторијата кои настануваат како резултат на опкружувањето, на пример, поради мебелот, завесите и ѕидните материјали, кои имаат различни акустички карактеристики. На пример, ако собата е направен од бетон и звукот одекнува напред и назад, функцијата ќе го коригира тоа преку намалување на одекнувањето.
Визуелен приказ на собната акустика измерена со системот со звучници.

Nagahama: За да ја постигнеме оваа корекција, спроведовме тестови во различни опкружувања и потрошивме многу време во оптимизирање на алгоритамот, за да овозможиме одлични резултати во сите опкружувања. Оваа корекција не само што ја зема предвид собата, туку и условите во кои е инсталиран звучникот. На пример, ако покрај звучниците има ѕид, звуците кои се рефлектираат од ѕидот може да влијаат негативно врз квалитетот на звукот, на пример, да ги придушат гласовите. Функцијата за корекција на звукот ги елиминира таквите проблеми. Тоа е особено важно кога користите звучници монтирани на ѕид. На почетокот од ова интервју, Deguchi кажа дека корисниците треба да ги монтираат звучниците на ѕид, и се согласувам со тоа. Овој производ го создадовме за луѓето да уживаат во квалитетен звук дури и кога звучниците се монтирани на ѕид. Функцијата за корекција на звукот ни овозможува да ви обезбедиме репродукција на најдобар звук со привлечен дизајн.

Ohshima: Втората функција што сакав да ја спомнам врши корекција на звукот според положбата на слушателот. Ако корисникот го земе и држи во рака својот паметен телефон на локацијата од која вообичаено гледа видеосодржини, функцијата може да го оптимизира звукот за таа специфична локација.
Кориснички интерфејс на апликација за паметни телефони за BRAVIA, каде што се прикажува поставување на долгнавест звучник, вклучувајќи и калибрација на звучното поле преку микрофонот на паметниот телефон.

Веруваме дека воведувањето на овие две функции за корекција уште повеќе ги зголеми слободата за инсталирање и квалитетот на звукот.

- Интересно. А колку слободно може да ги позиционирате звучниците доколку ги користите овие корективни функции?

Nagahama: Предните звучници треба да се постават колку што е можно повеќе симетрично заради максимални перформанси. Задните звучници, пак, може да се постават асиметрично, до одреден степен, и да создадат задоволителен ефект преку корекција на звучното поле. Ќе уживате во солиден просторен звук, дури и да има разлики во висината или ориентацијата.

Tanaka: Ја нагласивме ширината за насочување кога го создававме системот, и мислам дека токму тоа ни овозможува да добиеме соодветен ефект, дури и кога звучниците се позиционирани асиметрично. Широкото насочување максимално ги искористува ефектите кои ги создава корекцијата на звучното поле.

Ohshima: Функцијата за оптимизација на звучното поле, исто така, овозможува подобри перформанси со функцијата Acoustic Center Sync0, која го користи централниот звучник на BRAVIA. Таа ги компензира разликите во акустичките карактеристики помеѓу четирите звучници на BRAVIA Theatre Quad, создавајќи подоследен звук во кој ќе уживаат гледачите.1
Слика од корекција на звучно поле со BRAVIA Acoustic Center Sync.
TBC

Hashimoto: Конечно може да ви го испорачаме BRAVIA Theatre Quad, долгоочекуваниот наследник на многу популарниот HT-A9, кој нуди подобрувања во квалитетот на звукот, дизајнот и сите други аспекти. Сигурен сум дека од нашиот разговор заклучивте дека BRAVIA Theatre Quad е кулминација на неколебливите напори и силната одлучност на целиот тим за развој. Се надеваме дека ќе имате можност да појдете во продавница на Sony, каде што ќе можете да го тестирате. Сигурни сме дека ќе бидете пријатно изненадени од импресивниот звук кој се репродуцира од толку тенок производ.

Nakamura: Како што спомнав на почетокот, овој модел го доби името BRAVIA Theatre Quad. Самото тоа може да ви каже дека вложивме огромни напори да создадеме систем кој може да се поврзе со BRAVIA. Се надеваме дека ќе го користите овој производ со телевизор BRAVIA во вашиот дом и ќе уживате во реалистичен звучен простор како во кино, каде што сликата и звукот се еднакво квалитетни.