Како што расте големината на телевизиските екрани, така луѓето сè повеќе бараат долгнавести звучници кои ќе се интегрираат беспрекорно во нивниот дом. За да ја задоволи ваквата побарувачка, Sony го создаде својот нов и значително потенок врвен модел на долгнавест звучник - BRAVIA Theatre Bar 9. И покрај неговиот елегантен и компактен дизајн, тој е опремен со следната еволуција на докажаниот просторен звук на Sony, кој ја зголемува јасноста на дијалозите во филмовите како никогаш досега.
Ogi, Product planner: Водичот за брзо поставување беше направен земајќи ја предвид пристапноста. Корисниците ќе треба да ја инсталираат апликацијата BRAVIA Connect за време на поставувањето, па затоа додадовме испакнати точки и засеци во стил на браилово писмо, кои ќе им помогнат на корисниците да го пронајдат потребниот QR-код.
И покрај нивниот тенок дизајн, BRAVIA Theatre Bar 9 и BRAVIA Theatre Bar 8 нудат тридимензионално звучно доживување како никогаш досега, збогатено со моќен бас. Како ги постигнавте овие цели, кои се навидум меѓусебно спротивни? Разговаравме со инженерите на овие извонредни долгнавести звучници за да дознаеме.
Ogi: Како што трендот за поголеми телевизиски екрани продолжи да расте паралелно со зголемената побарувачка за подобрување на домашните опкружувања за време на пандемијата со COVID-19, така се зголемија и познавањето и популарноста на опремата за домашно кино, вклучувајќи ги и долгнавестите звучници, а се зголеми и побарувачката за аудиодоживувања кои ќе одговараат на поголемите екрани.
Од друга страна, пак, колку е поголем екранот, толку е помал просторот околу телевизорот, што води до зголемена побарувачка на долгнавести звучници кои може уредно да се монтираат на ѕидови, држачи и други места.
Ogi: И покрај тоа што голем број од денешните долгнавести звучници, од врвни до основни модели, им овозможуваат на корисниците да уживаат во тридимензионален звук како што е Dolby Atmos, има голема разлика во квалитетот на самото доживување. Долгнавестите звучници од Sony се многу добро познати по доживувањето со просторен звук кое го нудат преку нашата препознатлива технологија 360 Spatial Sound Mapping (360 SSM).
BRAVIA Theatre Bar 9 е наследникот на врвниот модел HT-A7000 компатибилен со 360 SSM, а BRAVIA Theatre Bar 8 е позициониран како наследник на HT-A5000. Под пластичното куќиште, BRAVIA Theatre Bar 9 и BRAVIA Theatre Bar 8 имаат многу исти технологии.
Ogi: Откако ја разбравме најновата побарувачка на пазарот за долгнавести звучници, ги создадовме овие производи врз основа на концептот за создавање „потенок долгнавест звучник кој нуди широк и јасен просторен звук, независно од условите за монтирање или содржините“. Кога велиме „широк“, не мислиме само на пространоста на звукот кој може да се репродуцира само од систем за просторен звук, туку и на максималниот број на луѓе кои можат да уживаат во звукот, а терминот „јасен“ се однесува на нашата желба да создадеме звук кој луѓето лесно ќе го слушаат, вклучувајќи ги и дијалозите во филмовите.
Наместо да користиме броеви на модели, на оваа серија ѝ го доделивме името BRAVIA Theatre. Името BRAVIA го искористивме во асоцијација со нашето убедување дека и сликата и звукот се еднакво важни за уживање во филмовите дома. Секако, овие долгнавести звучници ќе функционираат одлично и со телевизори кои не се BRAVIA, но се надеваме дека корисниците ќе ги користат со телевизори BRAVIA за да добијат најдобри слики и звук.
Kunikata: Исто така, BRAVIA Theatre Bar 9 и BRAVIA Theatre Bar 8 нудат многу повеќе од само репродукција на содржини кои биле снимени како тридимензионални звуци. Користејќи ја уникатната технологија на Sony за обработка на просторни звуци, тие можат да ги подобрат стерео звуците од дигиталните антенски емитувања, YouTube и други извори, за да звучат како просторни звуци.
Kunikata: Неверојатно е тоа што со просторниот звук ќе се чувствувате како да сте во центарот на сцената. Замислете филмска сцена во која слетува некој хеликоптер - ќе ги слушнете перките на роторот кој слетува над вас, а ако гледате сцена од концерт во живо, тогаш ќе ја слушате публиката околу вас. Ова звучно доживување ви овозможува да потонете уште подлабоко во светот на филмовите.
Kunikata: Токму така. Направивме прецизни промени на секој звучник, за одново да ги обликуваме просторот и атмосферата на сите филмски сцени.
Ogi: Задните звучници се изборни, па затоа на почетокот може да набавите само долгнавест звучник за да уживате во просторен звук, а потоа да купите задни звучници ако сакате да го подобрите доживувањето. Со додавање задни звучници, изворите на звук од фантомските звучници ќе ги позиционирате зад гледачот, што ќе создаде огромно чувство на присуство кое целосно ќе ве обвитка со звук. Може да додадете и изборен сабвуфер, кој ќе го збогати доживувањето со моќни ниски фреквенции.
Washikawa: Не е многу очигледно, но и безжичните функции еволуираа значително. Една од новите функции, која не е достапна кај претходните модели, е модулот со антена за мониторинг кој го следи статусот на сигналите во опкружувањето и преминува на отворен канал кога тековниот канал ќе стане премногу оптоварен. На тој начин се спречуваат прекини и пречки во звукот кога приклучувате изборни звучници.
Higuchi: Одржувањето стабилна безжична врска беше еден од главните предизвици, па затоа одлучивме дека иако вкупните димензии на долгнавестиот звучник се намалуваат, ова ќе биде точка за која нема да правиме отстапки, и поради тоа додадовме нов модул со антена.
Washikawa: Во нормални услови, врската е стабилна. Дури и во услови со многу слаб прием на радиобранови, врската се одржува без какви било прекини во звукот, па затоа ги охрабруваме дури и оние кои не им веруваат потполно на безжичните врски, да ги пробаат производите.
Ogi: Имаше неколку причини. Прво, се повеќе луѓе во светот ги закачуваат своите телевизори на ѕид. Тоа води до сè почесто прикачување и на долгнавестите звучници на ѕид. Ако долгнавестиот звучник има преголема длабочина, тој ќе стрчи премногу од ѕидот, но ако успеете да го направите потенок, тогаш одлично ќе се вклопи под телевизорот кој веќе е закачен на ѕид.
Од друга страна, кога луѓето ги ставаат телевизорите на држачи, тогаш висината и ширината се најважни фактори. Можеби прецизно ќе го измерите долгнавестиот звучник и ќе бидете сигурни дека нема да биде премногу висок за да го преклопува екранот, но кога ќе седнете на креветот и ќе погледнете екранот од друг агол, ќе забележите дека сепак долгнавестиот звучник пречи при гледањето. Или, пак, може да биде премногу широк за да го ставите помеѓу ногалките на држачот на телевизорот.
Washikawa: Во однос на ширината, според повратните информации кои ги добивме од корисниците на HT-A5000, кои предложија дека би сакале да биде пократок, го дизајниравме HT-A8000 со ширина од 1100 мм за да ги задоволиме потребите и да им овозможиме на корисниците да го стават помеѓу ногалките на телевизорите, поточно оние со големина на екран од 55 инчи или повеќе. Оваа промена овозможува совршено позиционирање кај голем избор на држачи на телевизори, што го олеснува поставувањето.
За да овозможиме доследност и елегантен дизајн, целта ни беше да ја добиеме дебелината од 64 мм која ја имаат голем број долгнавести звучници од Sony, заради непречена интеграција со системот во вашиот дом.
Masubuchi: Освен електричното инженерство, и смолата употребувана за куќиштето беше направена значително потенка во однос на HT-A7000 и другите постоечки модели. Тоа секако резултира со послаба структура, но успеавме да постигнеме цврстина во тенко куќиште користејќи нов вид на смола која содржи стаклени влакна.
Ogi: Го направивме од рециклирани материјали, што е доказ дека направивме сè што можевме за да го минимизираме влијанието врз животната средина. Се разбира, во зависност од компонентата, моравме да користиме и нови материјали, но успеавме да ја намалиме количината за приближно 65% во споредба со HT-A7000. Користевме рециклирани материјали дури и за текстилот кој ја покрива предната страна на долгнавестиот звучник.
Murakami: Не се само материјалите, туку целиот изглед е поедноставен, нели? При дизајнирањето на овие нови производи, ја следевме истата филозофија како кај сите производи за домашно кино, позната под името „Хармонично присуство“. Долгнавестиот звучник не постои како самостојна единка. Неговата вредност доаѓа до израз кога е приклучен со телевизори како што се моделите на BRAVIA, па затоа посветивме специјално внимание за создавање хармонија со телевизорите и просторот во кој се чуваат телевизорите.
Murakami: Почнавме со прашањето дали би било можно да ги претставиме сите тринаесет звучници, независно дали се мали или големи, како еден материјал кој наликува на звучна целина. Имајќи го ова на ум, разговаравме со инженерите за звук и механика, кои ни открија дека текстилните материјали се многу погодни за вуфери и звучници насочени нагоре, кои се многу уникатна карактеристика на овој производ.
Ако се обидете да ставите метални капаци на секој звучник посебно, тие ќе изгледаат разместени поради различните распореди и големини на отвори кои се потребни за секој од нив. Со текстилот, од друга страна, може истовремено да создадете доследна текстура и да ги истакнете најдобрите карактеристики на сите звучници.
Murakami: Друг мал детаљ е задната страна на долгнавестиот звучник која ја има истата текстура како BRAVIA. Неопходните отвори за вентилација се распоредени во тесни вдлабнатини, а конкавната форма на точките за вметнување на секој приклучок се вклопува беспрекорно во текстурата.
Ogi: Би сакал да понудам две нови идеи за монтирање на HT-A9000 и HT-A8000 заедно со телевизорите BRAVIA. Првиот ги опфаќа новите ногалки кои овозможуваат уредно поставување на долгнавестиот звучник врз компактни држачи на телевизори. Тие може да се постават на долната страна на долгнавестиот звучник, со што ќе се отвори простор за ногалките на телевизорот BRAVIA да поминат под него. На овој начин, долгнавестиот звучник може да се користи со уште помали телевизори BRAVIA, при што ногалките овозможуваат компактно поставување.
Вториот метод е одговор на сè поголемата популарност на системите кои се монтираат на ѕид. Досега, ако корисникот сакал да го монтира долгнавестиот звучник на ѕид, морал да дупчи дупки во ѕидот и да прикачува додатоци за прицврстување на долгнавестиот звучник, исто како што би постапил при монтирање телевизор на ѕид.
Ogi: Веќе разговаравме за некои од мерките кои ги преземавме за да го намалиме влијанието на производот врз животната средина, но и пакувањето има неколку иновации. За почеток, со цел да ја намалиме употребата на пластика во пакувањето, почнавме да користиме материјали за пакување направени од памук и материјали за обложување направени од пулпа. Користиме дури и рачки направени од хартија. Како резултат на тоа, успеавме да ја намалиме количината на пластика што се користи за пакувањето за приближно 95% во споредба со HT-A7000.
Ogi: Освен тоа, го применивме истиот начин на пакување кој беше воведен за долгнавестиот звучник HT-S2000 од основна класа, кој беше издаден во 2023 година, така што го спакувавме производот за да може корисникот да види сè што е потребно во моментот кога ќе ја отвори кутијата. Водичот за брзо поставување се гледа веднаш по отворање на кутијата, што на корисниците им овозможува лесно поставување без забуна.
Овој водич за брзо поставување ја зема предвид и пристапноста. Како дел од процесот за поставување, потребно е да се преземе и инсталира наменската апликација BRAVIA Connect, па затоа додадовме конвексна форма (квадратна тридимензионална рамка и линија со точки) и засеци кои ќе го одведат корисникот до потребниот QR-код0.
Исто така, додадовме испакнување на задниот панел на BRAVIA Theatre Bar 9 и BRAVIA Theatre Bar 8 за да ја обележиме локацијата на излезниот приклучок eARC HDMI и излезниот приклучок S-Centre, наменети за поврзување на долгнавестиот звучник со телевизор. Ние, во Sony Group, се стремиме да им овозможиме и да ги поттикнеме луѓето со секакви вештини да споделуваат Kando (емоција), па затоа создаваме производи и нудиме услуги кои ја земаат предвид пристапноста. Нашите мерки за инкорпорирање на пристапноста во пакувањето и производите на долгнавестите звучници BRAVIA Theatre Bar 9 и BRAVIA Theatre Bar 8 треба да се препознаат како резултат на ваквите напори.
Споделивме многу работи на кои се посветивме при развојот на овие производи, но на крајот, најважно за нас е да ги пробате производите. Ве охрабруваме да посетите продавница на Sony или друго место на кое може да ги пробате и доживеете звуците кои нашите производи ги создаваат. Убедени сме дека ако го направите тоа, ќе дознаете колку се добри. Просторниот звук што се генерира од 360 SSM сигурно ќе ве воодушеви.
Washikawa, Project leader
Како што кажа Washikawa, сигурен сум дека ако го слушнете тридимензионалниот звук на BRAVIA Theatre Bar 9 или BRAVIA Theatre Bar 8, ќе се воодушевите. Може да биде малку збунувачки како еден производ кој е многу покомпактен од претходните модели може да создаде звук кој е многу поширок. Ги слушав звуците кои ги создаваат овие долгнавести звучници многу пати низ развојните фази, и секогаш ме изненадуваа. Кога звукот доаѓа од горната страна, инстинктивно погледнувам нагоре иако нема ништо, а кога ќе се изненадам од пространоста на звукот, забележувам дека погледнувам лево, десно и зад мене. Се надеваме дека овие долгнавести звучници ќе ви понудат прекрасно, реално, и најважно од се, задоволително филмско доживување, во удобноста на вашиот дом.
Ogi, Product planner