Промотивна фотографија од два играчи на FNATIC кои позираат со мониторот за игри M10S, а едниот од нив ги носи своите слушалки за игри H5. Промотивна фотографија од два играчи на FNATIC кои позираат со мониторот за игри M10S, а едниот од нив ги носи своите слушалки за игри H5.

INZONE M10S

Играјте како што гледаат тие

Преземајте, увезувајте и играјте со поставките за слика кои ги користат професионалните играчи од Fnatic кои се натпреваруваат во VALORANT и Apex Legends. Достапно за INZONE M10S.
FNATIC logo

Мониторот за игри INZONE M10S беше создаден во соработка со Fnatic, еден од најуспешните тимови за е-спортови во светот. Но, соработката не завршува таму, бидејќи и поставките за слика на играчите на VALORANT и Apex Legends исто така се достапни за преземање. Во комбинација со режимите FPS Pro и FPS Pro+, ќе имате огромна предност пред конкурентите.

 

Многу поставки, еден исход: победа

Играјте ги FPS-игрите исто како што ги гледаат вашите омилени професионални играчи на VALORANT и Apex Legends од Fnatic и бидете чекор понапред од противниците секогаш кога ќе играте. Режимите FPS Pro и FPS Pro+ беа, исто така, создадени заедно со Fnatic. FPS Pro ги симулира карактеристиките за слика на TN-екраните кои се користат во професионалните натпревари, а FPS Pro+ ги оптимизира перформансите за приказ на M10S и е идеален за VALORANT. Професионалните играчи избраа омилени однапред поставени параметри како почетна точка за приспособувањето, а потоа ги приспособија според нивните потреби. Погледнете кој режим на слика го избраа и преземете ги нивните приспособени верзии подолу.

 

Пробајте ги нивните поставки. Веднаш добијте предност.

Применувањето на поставките за слика на вашите омилени професионалци е олеснето благодарение на INZONE Hub. Тука може да ги пробувате конфигурациите на професионалците, да ги менувате увезените поставки за слика и да создавате и да споделувате профили за монитори.

Следете ги трите чекора подолу за да ги инсталирате поставките за слика на вашите омилени професионалци.

1. Преземете и инсталирајте ја INZONE Hub на вашиот компјутер

2. Преземете ги поставките за слика на вашите омилени професионални играчи погоре

3. Увезете ги во поставките за уредот во INZONE Hub0

Слика од екранот на мониторот за игри M10S кој ги прикажува разните поставки за уреди на мониторите за игри M10S.

 

INZONE M10S - монитор за играње игри со OLED QHD-екран од 27 инчи

Овој монитор беше создаден во соработка со Fnatic и се одликува со стапка на освежување од 480 Hz и време на одзив од 0,03 ms, како и со држач со мали димензии што е компатибилен со која било конфигурација на тастатура, глувче и подлога за глувче. Подобрете ги вашите турнирски вештини благодарение на режимот на 24,5 инчи, како и режимите FPS Pro+ и FPS Pro.
Промотивна фотографија од новиот INZONE M10S - монитор за играње игри со OLED QHD-екран од 27 инчи.
Слики од играчите на FNATIC кои разговараат, учат и заедно го тестираат играњето на мониторите за игри M10S.