Се појавува анимирано лого INZONE, со енергична електронска музика
Камерата полека зумира лице на жена, со шарени кики и стилска виолетова и розова облека. Таа седи во модерен стан на компјутер за игри. Таа носи и разговара преку слушалки за на глава INZONE H5 со микрофон.
Серија снимки покажуваат дека таа игра преку тастатура и глувче додека проследува на интернет во живо преку мала камера на работната маса. На екранот се прикажани коментари од гледачите.
Наслов на цел екран: „Приспособен звук“
Преминуваме на снимка одблиску од страничниот дел на нејзината глава, а потоа на анимирана слика што прикажува паметен телефон како фотографира женско уво.
Анимацијата покажува како се анализира обликот на нејзиното уво и како се оптимизира звучното поле.
Се враќаме на снимка одблиску од жената која ги носи слушалките, интензивно фокусирана на играта.
Наслов на цел екран: „360 Spatial Sound for Gaming“
Како што камерата се движи кон неа, жената ги затвора очите и полека ја навалува главата наназад за да покаже дека е пренесена во светот на играта преку 360 Spatial Sound for Gaming и личната оптимизација.
Таа изгледа како да лебди додека опкружувањето на играта се прикажува околу неа. На нејзиното лице се појавуваат очила, а во раката пиштол и таа полека се спушта во модерното градско бојно поле на играта.
Таа внимателно се движи напред, држејќи го пиштолот во рака, додека широкоаголен приказ ги открива противниците скриени зад препреки.
Камерата се движи кон страничниот дел на главата на жената, а потоа кон слушалките, каде што е означен звучникот од 40 мм. Кога камерата се враќа на кадарот од жената, нејзиното око погледнува настрана и јасно е дека просторниот звук ѝ овозможува да ја одреди позицијата на непријателите. Преминуваме на приказ во прво лице додека таа нишани и ги совладува.
Камерата зумира во цевката на пиштолот и преминува на екран во играта на кој пишува "ПОБЕДА".
Потоа брзо прикажуваме серија воодушевувачки коментари во нејзиниот канал за коментари и снимка на која таа гордо одговара на нив.
Приказот на нејзината работна маса од висока перспектива се користи за транзиција во насловот на цел екран „Микрофон“
Снимка одблиску ја прикажува во анимиран разговор со други играчи преку микрофонот.
Кадарот се смалува и станува дел од неколку различни слики одблиску на кои е прикажана жената како пишува на тастатура, кликнува на глувче, дојдовен повик на паметен телефон и како зборува додека ги носи слушалките со микрофон INZONE. Се слуша какофонија на звуци од користењето на тастатурата, кликнувањето на глувчето, дојдовниот повик на паметниот телефон и женскиот глас.
Тогаш сите слики, освен жената што зборува, исчезнуваат бидејќи алгоритамот врз основа на AI се фокусира само на нејзиниот глас, нагласувајќи го во однос на другиот шум за јасно да го испрати до другите играчи. Таа се насмевнува и го поместува микрофонот нагоре, автоматски исклучувајќи го неговиот звук.
Наслов на цел екран „Удобност при носењето“
Камерата преминува на различни прикази на слушалките со микрофон INZONE H5, истакнувајќи го дизајнот со внатрешно обложување.
Наслов на цел екран „Безжично поврзување и практичност“
Снимка одблиску од приклучување на испорачаниот предавател USB Type-A за INZONE во компјутер. Потоа се враќаме на снимките од насмеаната жена која ги носи слушалките.
Се слуша звучен сигнал што означува дека батеријата е на ниско ниво, а на снимката одблиску се гледа приклучување на испорачаниот USB-C-кабел за полнење и звук.
Камерата полека зумира кон екранот на компјутерот, на кој се гледа бесплатниот компјутерски софтвер INZONE Hub. Преминуваме на повеќе екрани со поставки, приспособување на звукот и други поставки.
Слушалките INZONE H5 се вртат во просторот под насловот на цел екран „Совршени за PlayStation®5“
Продолжуваат да се движат во просторот, да се вртат и танцуваат додека лого ознаките за INZONE x Fnatic се прикажани една врз друга и една покрај друга за да го истакнат ова партнерство.
Слушалките INZONE H5 бавно се вртат во просторот, а потоа се делат на достапните бели и црни верзии за слика од крајниот производ.
Видеото завршува со анимираното лого на Sony.