Официјално! Мониторот INZONE M10S и слушалките со микрофон INZONE H9 II се избрани за официјални уреди за ALGS Year 5 Championship.
Извонредно брзиот INZONE M10S нуди повисоко ниво на визуелно доживување и функции кои се специјално наменети за е-спортови. Слушалките INZONE H9 II нудат јасен и прецизен звук за важни натпревари и им помагаат на играчите да бидат фокусирани и поврзани во текот на целиот натпревар. Заедно, INZONE M10S и INZONE H9 II се подготвени да им обезбедат возбудливо доживување на љубителите на е-спортовите - и да им ја понудат потребната предност на играчите, за да се натпреваруваат на највисоко ниво.
На сцената на ALGS Year 5 Championship во Сапоро беа користени вкупно 60 монитори INZONE M10S и 60 пара слушалки со микрофон INZONE H9 II. Овие монитори и слушалки со микрофон ги поддржаа интензивните битки помеѓу играчите на Apex Legends, во текот на целиот настан.