Аудио фајлови со висока резолуција

Слушајте ја музиката како што ја замислил изведувачот. Купувањето и уживањето во аудио фајлови со висока резолуција е многу лесно преку услугите за музика наведени подолу.

Музика каква што не сте чуле досега

Звукот со висока резолуција ќе го промени начинот на кој уживате во омилената музика, исто како што HD го промени начинот на кој гледате филмови.

систем за звук со висока резолуција
Купете. Преземете. Слушајте.

Слушањето музика со висока резолуција е многу едноставен процес.

Изберете фајл со звук со висока резолуција од обемните збирки кои ги нудат компаниите за музички услуги. По купувањето, преземете го на компјутер и репродуцирајте го на мобилен уред или домашниот систем со опрема за звук со висока резолуција.

Купувајте фајлови од следните познати компании за музички услуги:

Некои наслови може да бидат недостапни во вашата земја.

Берлинска филхармонија

Повеќе од 100 години, Берлинската филхармонија снима музика во која уживаат луѓе од целиот свет. Со воспоставувањето на нашиот бренд, отвораме ново поглавје во историјата на оркестарот. Нашите изданија се наменети да понудат совршено музичко доживување кое ги задоволува највисоките технички и уредувачки стандарди и ја пренесува нашата музика од различни перспективи. Нашиот веб-сајт нуди преземања во 24 бита и до 192 kHz, со стерео и опкружувачки звук. Корисникот има избор помеѓу форматите на фајлови WAV и FLAC.

Bleep

Bleep нуди избор на музика од целиот свет, за да ви го понуди она што сметаме дека е најдобра музика, независно од жанрот, со највисок можен квалитет, вклучувајќи и сè поголема збирка на фајлови во 24-битен формат.

Cybele

Cybele - иновативен бренд за класична и современа музика - ги нуди своите продукции не само како физички податоци, туку и како фајлови за преземање со висока резолуција без загуби во FLAC или чист DSD формат.

Gimell

Преземете ги и слушајте ги класичните вокални хармонии на Tallis Scholars, снимени од страна на нивната издавачка куќа Gimell, со остар и јасен звук со висока резолуција.

hd-klassik

Откријте го разновидниот свет на класичните хитови и уживајте во звукот на вечната музика со FLAC и DSD фајлови со висока резолуција кои можат да се преземат, златни USB флеш уреди, SACD дискови, CD дискови и многу повеќе.

Linn Records

Linn Records е првата издавачка куќа која понуди преземање оригинални снимки без DRM. Создавањето музика како што ја замислил изведувачот придонесе Linn Records да биде прогласена како "Издавачка куќа на годината" во 2010 година од Gramophone.

Naim Label

Посветени на најдобрите музички таленти и врвниот квалитет на звукот, тука можете да уживате во голем избор на изведувачи и жанрови со Naim Hi Definition до 24 бита и 192KHz во WAV, FLAC или ALAC формат.

7digital

Изберете некоја од најголемите збирки на висококвалитетни песни во светот. Штом ги купите песните, тие ќе се зачуваат во меморија која функционира “врз основа на cloud”, која е достапна на интернет или преку апликации за мобилни уреди.

Усовршен дигитален звук

Звукот со висока резолуција нуди музика каква што замислил изведувачот.

Аудио производи - висока резолуција

Без разлика дали сакате пренослива практичност или целосна моќ на домашен систем, аудио производите со висока резолуција од Sony ви овозможуваат да слушате музика така како што ја замислиле изведувачите.