Уживајте во брзината со новата мемориска картичка CFexpress од тип B
Со неверојатни брзини до 1850 MB/s(читање) и 1750 MB/s(запишување), серијата CEB-G е дизајнирана за професионални фотографи, видеографи и ентузијасти кои сакаат забрзување на работните процеси со голема брзина и извонредна сигурност.
Мемориските картички CFexpress Type B отвораат нови можности за професионалците. Овозможувајќи работа со датотеки со голема резолуција и снимки со голема брзина во мал и моќен формат, тие се совршени за побрзо работење и поголема продуктивност за да имате повеќе време за креативна работа.
Одликувајќи се со VPG400, CEB-G960T и CEB-G1920T нудат снимање со висока бит-стапка или стапка на слики, со 4K-резолуција или поголема. Иако се неопходни за врвните камери, како што е CineAlta BURANO, подобрените работни процеси ќе ги направат одлични партнери.
За корисници на камери за кои не се потребни мемориски картички со сертификат VPG, CEB-G128/CEB-G240T/CEB-G256/CEB-G480T/CEB-G512 нудат фотографирање и снимање со голема брзина.
*Сликата има само илустративна намена.
Подобрете го вашиот работен процес со читачот за картички MRW-G1 и големите брзини на читање до 1850 MB/s за брз пренос на податоци и правење резервни копии. Работете непречено со големи фотографии со висока резолуција и видеоснимки со висока бит-стапка.
За камери за кои се потребни мемориски картички со сертификат VPG
Компатибилност со VPG:да
CineAlta BURANO:да
Брзина на пренос(читање):до 1850 MB/s
Брзина на пренос(запишување):до 1750 MB/s
Компатибилност со VPG:не
CineAlta BURANO:не
Брзина на пренос(читање):до 1850 MB/s
Брзина на пренос(запишување):до 1750 MB/s
Носете ја картичката CFexpress од тип B на спортски настани, надворешно фотографирање и експедиции. Дизајнирана е за долготрајна професионална употреба во опкружувања со најлоши услови како снежни планини и песочни пустини за да можете безгрижно да фотографирате, префрлувате и складирате.
Мемориските картички CFexpress Type B со издржлив дизајн нудат цврстина што е 3x поголема од стандардот за виткање на CFexpress Type B, со дополнителна издржливост тестирана со сила од 70 њутни, а отпорни се и на паѓање од висина до 5 метри.
Мемориските картички CFexpress од тип B ќе работат беспрекорно при екстремни температури, рендгенски зраци, статички електрицитет и интензивни UV-сончеви зраци.
Со тек на времето, флеш меморијата се аби и престанува да снима податоци. Media Scan Utility од Sony, ако се користи со читачот за картички MRW-G1, ја скенира картичката CFexpress Type B и ве информира за состојбата, за да реагирате пред да ја достигне нејзината граница.
Во случај на проблем, избегнете катастрофа со преземање софтвер наменет за сопственици на мемориски картички од Sony што нуди обновување на случајно избришани датотеки и оштетени фотографии и видеоснимки во денешните најкористени формати.
Оптимизиран за картички CFexpress Type B од Sony, овој читач за картички „MRW-G1“ овозможува пренос на податоци преку USB-интерфејс SuperSpeed 10 Gbps, правење резервни копии со големи брзини и ефикасни работни процеси. Тој е компактен, практичен за носење и поддржува мемориски картички од сериите CFexpress Type B и XQD G од Sony.