Звук

Вид на звучникот
1.1 канали
Димензии на звучник
Високотонец: 14 мм, вуфер: 70 мм
Режими на звук
Clear Audio+, DSEE

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 101X 161X101 мм
Тежина
Прибл. 1700 гр., Прибл. 1800 гр.

Безжични врски

Wifi
Да
NFC
да
DLNA
ДА
Chromecast built-in
да
Spotify Connect
да
Функција за ракување без користење на рацете
Не

Bluetooth®

Систем на комуникација
Version 4.2
Макс. опсег на комуникација
10 м
Компатибилни профили
A2DP / AVRCP / SPP
поддржани кодеци
SBC / AAC / LDAC
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz-20.000 Hz
Фреквентен опсег
2,4GHz фреквентен појас

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
HDMI (ARC), USB A приклучок, Етернет приклучок, Мини стерео приклучок (влез)

Општи карактеристики

Напојување
Наизменична струја
Потрошувачка на енергија
30W

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
Помалку од 0,5 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
Помалку од 3 W
Режимот на подготвеност е активиран
По 20 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 20 минути (етернет) / 20 минути (WiFi®) / 20 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
За да ја исклучите безжичната функција, со вклучен звучник, притиснете и задржете на копчињата NETWORK (Мрежа) и WPS. За да ја вклучите безжичната функција, извршете ја истата постапка.

Опции на бои

whiteblack

Што има во пакетот

  • AC кабел Wi-Fi Водич за запознавање Упатство за ракување Гарантен лист
Placeholder

Функции

Засилете го басот со вуфер и два пасивни радијатори 

Добијте моќни бас звуци од компактен звучник. Двата пасивни радијатори се надополнети со вуфер и реагираат на движењето на воздухот низ звучникот, создавајќи вештачки простор во кутијата на звучникот. Овој простор овозможува поголем проток на воздух низ звучниците, овозможувајќи им дури и на помалите уреди да создаваат беспрекорен звук – особено при ниски фреквенции. 

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Висококвалитетно безжично проследување  

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика. 

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

ClearAudio+™ ја збогатува вашата музика 

Clear Audio+™ е ексклузивна технологија која ја надополнува експертизата на Sony за обработка на дигитални сигнали. Таа веќе неколку генерации го усовршува звукот, а создава богато и висококвалитетно доживување при слушањето. 

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории

Овозможете ѝ на музиката да ве следи во домот со опцијата за слушање во повеќе простории од Sony | Music Center Link, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center. Таа ви овозможува да групирате одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony. Со групниот режим може да уживате во истата музика преку повеќе звучници истовремено, а со единечниот режим може да уживате во различна музика преку повеќе звучници.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. 

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Обединете ја вашата музиката со Sony | Music Center

Преземете ја апликацијата Sony | Music Center за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук и контрола на слушањето во повеќе простории. 

Поврзување преку USB-A и HDMI (ARC)

Поврзете ги сите ваши омилени уреди со безжичниот звучник преку USB-A приклучок; идеален за поврзување и проследување MP3 датотеки. Користете HDMI (ARC) врска за монитори и телевизори, како и автоматско избирање на влезот.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници

Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Дизајн со дефинирана контура 

Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.