Звук

ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
Дијаметар на звучникот(високотонец) 3 предни од 6 см и 1 заден од 5 см, дијаметар на звучникот(вуфер) 17 см x 2
РЕЖИМИ ЗА ЗВУК
Clear Audio+, DSEE, LIVE SOUND, повеќенасочен звук за забава

Големина и тежина

ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д)
313x693x367 мм
ТЕЖИНА
16,9 кг

Спецификации на Bluetooth®

ПОДДРЖАНИ КОДЕЦИ
SBC, AAC, LDAC

Интерфејс

ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
Мини стерео приклучок (ВЛЕЗ), USB A, влез за микрофон (φ6,3 мм), влез за гитара (φ6,3 мм)

Општи карактеристики

ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
25 ЧАСА
НАПОЈУВАЊЕ
Внатрешна, на полнење
ЗАШТИТА ОД ВОДА
IPX4

Еколошки, заштеда на енергија

ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ)
недостапно
ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ)
0,5 W
ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ ВО МРЕЖА) - ПРИКЛУЧОЦИ
1,5 W (Bluetooth) / 1,5 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
АКТИВИРАН РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ
По 15 минути
АКТИВИРАН РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ ВО МРЕЖА - ПРИКЛУЧОЦИ
По 15 минути (Bluetooth®)
ПРЕКЛОПНИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ НА БЕЗЖИЧНА МРЕЖА(И)
Притиснете ги и задржете ги копчето за јачина на звук - и копчето BLUETOOTH 5 секунди.

Функции

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X од горната страна, со звучни бранови.

Опкружете се со звук

XP700 е составен од повеќе звучници, вклучувајќи преден и заден високоефикасен високотонец и X-Balanced Speaker Unit, за да ви понуди повеќенасочен звук за забава со моќен и длабок бас и голема острина.

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X, одблиску е прикажан X-Balanced Speaker Unit.

X-Balanced Speaker Unit

Иновативниот X-Balanced Speaker Unit има мембрана што не е кружна и зафаќа повеќе површина од стандардните звучници. Тоа значи дека ќе добиете побогат и појасен звук, независно каков стил на музика слушате.

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X од предната и задната страна.

Слушајте гласно и јасно

Комбинацијата од X-Balanced Speaker Unit со преден и заден високоефикасен високотонец му овозможува на XP700 да ви понуди простран профил со висококвалитетен звук низ целата просторија.

Икона за MEGA BASS.

Засилете го басот

MEGA BASS нуди значително зголемување на басот. Затоа, ако слушате музика со моќен ритам, ќе добиете звук со длабок и моќен бас.

Слика од луѓе кои танцуваат на музички концерт.

Слушајте ја музиката како да се изведува во живо

Звукот од музиката во живо нуди нешто специјално. Со LIVE SOUND може да создадете уникатна атмосфера и повторно да уживате во вашите омилени музички настапи во живо.

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X со вклучено осветлување.

Осветлете ја ноќта

Благодарение на новото амбиентално осветлување, може да изберете различни шеми на осветлување што ќе внесат енергија во забавите или релаксирачки нијанси за опуштени ноќи во домот.

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X од горната страна, прскан со вода, што укажува на неговата отпорност на вода.

Дождот нема да ја запре музиката

Подгответе ја забавата во градината за сè. XP700 има ознака IPX4 за водоотпорност, што значи дека може да го користите дури и ако зароси.

Икона со симбол за полна батерија.

Подолгото траење на батеријата значи подолга забава

Кога забавата е добра, никој не сака да престане музиката. Со батерија што трае до 25 часа кога е целосно наполнета, овој звучник ќе ве забавува сè додека можете да се забавувате.

Икона за функцијата за брзо полнење што посочува дека доволно е полнење од 10 минути за да добиете време на репродукција до 3 часа.

Брзо полнење

Ако немате многу време за подготовка, не грижете се. Брзото полнење ви нуди време на репродукција од 3 часа со полнење од само 10 минути.

Икона за функцијата за грижа на батеријата, со две дланки покрај батерија што се полни.

Грижете се за батеријата

Функцијата за грижа на батеријата спречува прекумерно полнење и ја чува батеријата во оптимална состојба подолг период.

Земете го и појдете

XP700 има удобна рачка за лесно носење. Ако звучникот ви е внатре во домот, но сакате да слушате музика во градината, треба само да го земете звучникот и да го изнесете надвор.

Пејте од срце

Сакате караоке? Тогаш заедно со XP700 ќе бидете совршен пар. Приклучете микрофон, изберете песна и дајте сè од себе. И не мора само да пеете. Двата влеза ќе ви овозможат да приклучите и гитара, а притоа да го користите звучникот како засилувач.

Икона за логото Bluetooth®.

Компатибилност со BLUETOOTH®

Сакате безжична опција? Впарете го XP700 со вашите уреди со BLUETOOTH® и проследувајте директно кон звучникот.

Икона за FPO на функцијата Party Connect.

Party Connect

Поврзете најмногу 100 компатибилни звучници и синхронизирајте ја музиката со светилките за да го подобрите осветлувањето и да добиете погласна музика.

Икона за USB-мемориски уред.

Приклучете и репродуцирајте

Поврзувајте USB-мемориски уреди во задниот USB-приклучок и проследувајте ја омилената музика од нив.

Икона за USB-приклучоци за полнење.

2 USB-приклучоци за полнење 

Ако батеријата на вашиот паметен телефон е слаба, тогаш може да го поврзете и напојувате директно од звучникот.

Слика од два звучници XP700, едниот поставен вертикално, а другиот легнат странично.

 Одличен звук во секоја положба

XP700 може да го позиционирате хоризонтално и вертикално. Независно што ќе одлучите, сензорот ќе го оптимизира звукот согласно таа положба.

Икона за логото на Sony | Music Center.

Sony | Music Center

Оптимизирајте ги поставките за звук, контролирајте ја музиката, избирајте шеми на осветлување и управувајте со вашите уреди преку телефонот.

Слика од маж кој танцува на забава.

Забавни функции со Fiestable

Добијте пристап до забавни функции како создавање листи со песни, караоке и многу повеќе.