SRS-XP700

Моќен звук за поголеми забави

Добијте моќен звук што ќе ја исполни вашата просторија. Предните и задните звучници ќе се погрижат за сите да уживаат во музиката. А звукот со длабок и моќен бас и кристално јасни вокали ќе ги воодушеви.

Осветлување
Издржливост и преносливост
Забавни функции
LIVE LIFE LOUD

Животот треба да се живее максимално. Тоа значи да се соберете со пријателите, да ја засилите музиката максимално и да танцувате цела ноќ на јасен и богат звук. Со нашите нови звучници од серија X ќе можете максимално да ги искористите сите моменти, да организирате забави што ќе ги паметите засекогаш и постојано да го живеете животот гласно.

Моќен звук насекаде

Создавањето атмосфера е најважно за забавите. Тоа значи дека треба да ја исполните избраната просторија со моќен звук. Одликувајќи се со повеќенасочен звук за забава и иновативен X-Balanced Speaker Unit, XP700 е специјално дизајниран да ги исполни со звук сите простории и отворени локации.

Опкружете се со звук

XP700 е составен од повеќе звучници, вклучувајќи преден и заден високоефикасен високотонец и X-Balanced Speaker Unit, за да ви понуди повеќенасочен звук за забава со моќен и длабок бас и голема острина.

Слушајте гласно и јасно

Комбинацијата од X-Balanced Speaker Unit со преден и заден високоефикасен високотонец му овозможува на XP700 да ви понуди простран профил со висококвалитетен звук низ целата просторија.

Икона за MEGA BASS.
Засилете го басот

MEGA BASS нуди значително зголемување на басот. Затоа, ако слушате музика со моќен ритам, ќе добиете звук со длабок и моќен бас.

Слика од луѓе кои танцуваат на музички концерт.
Слушајте ја музиката како да се изведува во живо

Звукот од музиката во живо нуди нешто специјално. Со LIVE SOUND може да создадете уникатна атмосфера и повторно да уживате во вашите омилени музички настапи во живо.

Осветлете ја ноќта

Благодарение на новото амбиентално осветлување, може да изберете различни шеми на осветлување што ќе внесат енергија во забавите или релаксирачки нијанси за опуштени ноќи во домот.

Создаден да трае

XP700 е дизајниран да биде издржлив и пренослив. Тоа значи дека може безгрижно да ја носите музиката што ја сакате насекаде.

Дождот нема да ја запре музиката

Подгответе ја забавата во градината за сè. XP700 има ознака IPX4 за водоотпорност, што значи дека може да го користите дури и ако зароси.

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X од горната страна, прскан со вода, што укажува на неговата отпорност на вода.
Икона за функцијата за брзо полнење што посочува дека доволно е полнење од 10 минути за да добиете време на репродукција до 3 часа.
Подолгото траење на батеријата значи подолга забава

Кога забавата е добра, никој не сака да престане музиката. Со батерија што трае до 25 часа кога е целосно наполнета, овој звучник ќе ве забавува сè додека можете да се забавувате.

Икона со симбол за полна батерија.
Брзо полнење

Ако немате многу време за подготовка, не грижете се. Брзото полнење ви нуди време на репродукција од 3 часа со полнење од само 10 минути.

Икона за функцијата за грижа на батеријата, со две дланки покрај батерија што се полни.
Грижете се за батеријата

Функцијата за грижа на батеријата спречува прекумерно полнење и ја чува батеријата во оптимална состојба подолг период.

Слика од преносливиот звучник XP700 од серија X со рака која ја држи удобната рачка на задната страна на звучникот.
Земете го и појдете

XP700 има удобна рачка за лесно носење. Ако звучникот ви е внатре во домот, но сакате да слушате музика во градината, треба само да го земете звучникот и да го изнесете надвор.

Пејте од срце

Сакате караоке? Тогаш заедно со XP700 ќе бидете совршен пар. Приклучете микрофон, изберете песна и дајте сè од себе. И не мора само да пеете. Двата влеза ќе ви овозможат да приклучите и гитара, а притоа да го користите звучникот како засилувач.

Одговара на вашиот стил

Од одличен звук во различни положби до полнење на вашиот паметен телефон, XP700 е подеднакво стилски и практичен.

Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Подобрете ги вашите забави со Sony | Music Center и апликацијата Fiestable. Добијте пристап до забавни функции, оптимизирајте го звукот и преземете ја контролата врз сите забави.

Икона за логото на Sony | Music Center.
Sony | Music Center 

Оптимизирајте ги поставките за звук, контролирајте ја музиката, избирајте шеми на осветлување и управувајте со вашите уреди преку телефонот. 

Забавни функции со Fiestable

Добијте пристап до забавни функции како создавање листи со песни, караоке и многу повеќе.

Слика од маж кој танцува на забава.
Google Play

Sony | Music Center за Android

App Store

Sony | Music Center за iOS

Спецификации и функции

XP700 е создаден за звук што го исполнува просторот. Благодарение на повеќенасочниот звук за забава од X-Balanced Speaker Unit и предниот и задниот високоефикасен високотонец, тој генерира богат и јасен звук во сите насоки. Совршен е за забави и внатре и надвор - има издржлива батерија, отпорност на вода IPX4 и практична рачка за да го пренесувате од една на друга забава.
  • Повеќенасочен звук за забава

  • X-Balanced Speaker Unit

  • Амбиентално осветлување

  • Водоотпорност IPX4

  • Траење на батеријата до 25 часа и брзо полнење

ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
Дијаметар на звучникот(високотонец) 3 предни од 6 см и 1 заден од 5 см, дијаметар на звучникот(вуфер) 17 см x 2
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
25 ЧАСА
ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
Мини стерео приклучок (ВЛЕЗ), USB A, влез за микрофон (φ6,3 мм), влез за гитара (φ6,3 мм)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина