Животот треба да се живее максимално. Тоа значи да се соберете со пријателите, да ја засилите музиката максимално и да танцувате цела ноќ на јасен и богат звук. Со нашите нови звучници од серија X ќе можете максимално да ги искористите сите моменти, да организирате забави што ќе ги паметите засекогаш и постојано да го живеете животот гласно.
Секоја песна, секој стил, во секое време. XP500 е дизајниран да ви понуди одличен звук, независно каков стил на музика ви се допаѓа. Затоа, без оглед дали сакате да танцувате цела ноќ на музика со силен бас или да се опуштите после напорниот ден со смирувачка музика, XP500 е тука за вас.
Предните високотонци и вуферите вградени во XP500 создаваат врвен звук, моќен бас, јасни вокали и остар опкружувачки звук. Тој е совршен за забави, но подеднакво добар и за подобрување на расположението во домот.
Комбинацијата од X-Balanced Speaker Unit и преден високоефикасен високотонец создава моќен, богат и остар звук на голема површина. Тоа значи дека повеќе луѓе ќе можат да ја слушнат вашата омилена музика.
MEGA BASS нуди значително зголемување на басот. Затоа, ако слушате музика со моќен ритам, ќе добиете звук со длабок и моќен бас.
Звукот од музиката во живо нуди нешто специјално. Со LIVE SOUND може да создадете уникатна атмосфера и повторно да уживате во вашите омилени музички настапи во живо.
Благодарение на новото амбиентално осветлување, може да изберете различни шеми на осветлување што ќе внесат енергија во забавите или релаксирачки нијанси за опуштени ноќи во домот.
XP500 е дизајниран да биде издржлив и пренослив. Тоа значи дека може безгрижно да ја носите музиката што ја сакате насекаде.
Подгответе ја забавата во градината за сè. XP500 има ознака IPX4 за водоотпорност, што значи дека може да го користите дури и ако зароси.
Кога забавата е добра, никој не сака да престане музиката. Со батерија што трае до 20 часа кога е целосно наполнета, овој звучник ќе ве забавува сè додека можете да се забавувате.
Ако немате многу време за подготовка, не грижете се. Брзото полнење ви нуди време на репродукција од 80 минути со полнење од само 10 минути.
Функцијата за грижа на батеријата спречува прекумерно полнење и ја чува батеријата во оптимална состојба подолг период.
XP500 има удобна рачка за лесно носење. Ако звучникот ви е внатре во домот, но сакате да слушате музика во градината, треба само да го земете звучникот и да го изнесете надвор.
Сакате караоке? Тогаш заедно со XP500 ќе бидете совршен пар. Приклучете микрофон, изберете песна и дајте сè од себе. И не мора само да пеете. Двата влеза ќе ви овозможат да приклучите и гитара, а притоа да го користите звучникот како засилувач.
Од одличен звук во различни положби до полнење на вашиот паметен телефон, XP500 е подеднакво стилски и практичен.
Подобрете ги вашите забави со Sony | Music Center и апликацијата Fiestable. Добијте пристап до забавни функции, оптимизирајте го звукот и преземете ја контролата врз сите забави.
Оптимизирајте ги поставките за звук, контролирајте ја музиката, избирајте шеми на осветлување и управувајте со вашите уреди преку телефонот.
Добијте пристап до забавни функции како создавање листи со песни, караоке и многу повеќе.
Sony | Music Center за Android
Sony | Music Center за iOS
Fiestable за Android
Fiestable за iOS
Спецификации и функции
- ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
- Дијаметар на звучникот(високотонец) 5 см x 2, дијаметар на звучникот(вуфер) 14 см x 2
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- 20 ЧАСА
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- Мини стерео приклучок (ВЛЕЗ), USB A, влез за микрофон(φ6,3 мм), влез за гитара/микрофон(φ6,3 мм)