Пренослив безжичен звучник XB01 со EXTRA BASS™
redyellowgreenbluewhiteblack
Пренослив безжичен звучник XB01 со EXTRA BASS™
Извлечете максимум од вашата музика, каде и да сте
Слушајте ги омилените песни и листи за репродукција од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место. Со SRS-XB01 може да уживате во звук со одличен квалитет каде и да сте - кога скијате или шетате во паркот.
Засилете го секој ритам и внесете енергија на забавата благодарение на EXTRA BASS™.
Внесете енергија во музиката со богат бас и јасен и моќен звук. Дизајнот е стилски и заоблен, со скриен пасивен радијатор за подобрување на ниските фреквенции за бас
Изберете елегантна црна или бела боја за вашиот звучник или, пак, одлучете се за некоја живописна боја. Дизајнот во две нијанси уште повеќе ќе го разубави вашиот стил.
Со врвката во иста боја никогаш нема да се разделите од омилените песни. Прикачете го звучникот секаде - од рачки на велосипед до ранец.
На масата. Во паркот. На игралиштето. SRS-XB01 е доволно мал и лесен за да можете да ја носите вашата музика насекаде.
Безжичниот звучник има ознака IPX5 за водоотпорност, така што дури и да заврне, музиката и забавата никогаш нема да запрат.
Вклучете напојување, репродуцирајте, засилете го звукот - контролирајте ја вашата музика со допирање на копчињата на звучникот.
Батеријата нуди долготрајна издржливост за да слушате повеќе албуми или листи за репродукција.
Не е можно поврзување преку Bluetooth®? Нема проблем. Приклучете го музичкиот плеер во аудио влезот и слушајте ги омилените песни.
Имате дојдовен повик? Одговорете без да ги користите рацете. Веднаш преминете од слушање до разговори со пријателите.
Спецификации и функции
- ВИД НА ЗВУЧНИК
- целосен опсег
- ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
- Моно звучник: 37,5 мм
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 6 часа
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- Мини стерео приклучок (влез)
Што има во пакетот
Микро USB кабел, Ременче