Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Моќен звук

Почувствувајте ја музиката со излезна моќност од 40 W, дигитален засилувач S-Master, репродукција преку 2.1 канали и два пасивни радијатори за јасен и силен бас.

Безжично поврзување

Поврзете се на едноставен начин преку Wi-Fi®, Bluetooth® и NFC за да проследувате со еден допир.

Пренослив дизајн

Понесете ја вашата музика насекаде со вас, со лесен дизајн и траење на батеријата од 10 часа.

Создадени за исклучителен звук

Спој на хардвер, софтвер и страст

Уживајте во излезна моќност од 40 W со компактен профил, вграден вуфер и два пасивни радијатори за реалистичен бас со голема моќ.

Преработен звук

Со елиминирање на аналогните компоненти во повратната фаза, засилувачот S-Master обезбедува јасност и зголемена ефикасност.

Софистицирано зголемување на резолуцијата

Создадена за компензација на компресијата кај голем број дигитални аудио фајлови, DSEE ја подобрува музиката со обновување на високите тонови.

Оптимизирана репродукција

ClearAudio+ го оптимизира звукот, за да ја слушате музиката со острина и отсечност.

Подобрете ги сите содржини што ги слушате

DSEE го обновува квалитетот кај компресираните аудио фајлови

Нашата технологија за подобрување на дигитален звук (DSEE) беше создадена за да го обнови звукот со висок опсег кој се изгубил во процесот на компресија на MP3 фајловите. Таа нуди богат и природен звук, кој го враќа оригиналниот изворен CD звук.

Висококвалитетно безжично проследување на звук

LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.

Звук преку AirPlay

Уживајте во музика преку уреди што поддржуваат AirPlay.

NFC со еден допир и Bluetooth®

Впарете го вашиот компатибилен уред со еден допир преку NFC. Поврзете се преку Bluetooth® за безжично проследување.

Поврзување преку DLNA

Репродуцирајте музика од вашиот компјутер или домашен сервер.

Слушајте музика во друга просторија

Овозможете ѝ на истата прекрасна песна да ве следи во домот со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center. Користете Sony | Music Center Link за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од различни услуги за музика, паметен телефон, компјутер или вашата DLNA мрежа во повеќе простории од вашиот дом.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify
Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.

Обединете ја вашата музика

Контрола на проследувањето со новата апликација Sony | Music Center

Апликацијата Sony l Music Center ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја апликацијата Sony l Music Center на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Одлично поврзување

Бидете постојано поврзани со вашата музика. Уживајте во безжичен пристап со еден допир или откријте ги одново старите омилени содржини со подобар квалитет преку аналогната врска.

Дизајн кој говори сам по себе

Создаден да ве импресионира, SRS-X77 го обединува стилот со квалитетот. Неговиот нагласен периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура, кој создава елегантна форма која хармонично се усогласува во вашиот простор.

Паметен стил, врвен звук

Комбинирајќи компактна елегантност и минималистички дизајн, SRS-X77 докажува дека за моќен звук не секогаш се потребни големи звучници.

Совршено се вклопува насекаде

Без разлика дали е во вашата кујна, дневна соба или спална, стилскиот дизајн на SRS-X77 претставува елегантно надополнување на секоја просторија.

Спецификации и функции

Носете го преносливиот SRS-X77 со вас низ целата куќа и споделувајте музика безжично во секоја просторија. Поврзете се безжично преку Wi-Fi или Bluetooth и користете Airplay или Chromecast built-in за проследување песни од вашиот паметен телефон, Walkman или компјутер низ целата куќа. Исполнете ја секоја просторија со квалитетен звук со моќен бас, без разлика дали одмарате или се подготвувате за забава.
  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот на компресираните фајлови

  • S-Master дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Wi-Fi со DLNA, AirPlay и Chromecast built-in за проследување музика

Вид на звучникот
2.1кан.
Димензии на звучник
Целосен опсег: Прибл. 46 мм во дијаметар x 2; Сабвуфер: Прибл. 62 мм во дијаметар x1
Излезна моќност
40W
Траење на батеријата
10 часа
Влезни и излезни приклучоци
USB, Влезен мини стерео приклучок, Етернет
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
Wifi
Да
AirPlay
Да
Chromecast built-in
Да
Spotify Connect
Да

Што има во пакетот

AC адаптер за напојување, Водич за запознавање со Wi-Fi, Упатство за употреба, Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина