Звук

Вид на звучникот
2.1кан.
Димензии на звучник
Целосен опсег: Прибл. 46 мм во дијаметар x 2; Сабвуфер: Прибл. 62 мм во дијаметар x1
Излезна моќност
40W
Режими на звук
ClearAudio+, DSEE

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
30 x 13,2 x 6 см
Тежина
1,9 кг

Bluetooth®

Систем на комуникација
BLUETOOTH® спецификации верзија 3.0
Макс. опсег на комуникација
Прибл. опсег на видливост од 10 м
Компатибилни профили
A2DP, AVRCP
поддржани кодеци
AAC, LDAC, SBC
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
Фреквентен опсег
50 - 22000 Hz

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB, Влезен мини стерео приклучок, Етернет

Општи карактеристики

Траење на батеријата
10 часа
Напојување
Внатрешна батерија на полнење, Наизменична струја
Потрошувачка на енергија
Прибл. 30 W(AC)

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,3 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
5,0 W (етернет) / 5,0 W (Wi-Fi®) / 5,0 W (Bluetooth®) / 5,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (етернет, Wi-Fi®, Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
За да ја исклучите безжичната функција, со вклучен звучник, притиснете и задржете на копчињата NETWORK (Мрежа) и WPS. За да ја вклучите безжичната функција, извршете ја истата постапка.

Безжични врски

Wifi
Да
Безжични можности
Bluetooth®, Wi-Fi®, Функции со еден допир (NFC)
NFC
Да
DLNA
Да
AirPlay
Да
Chromecast built-in
Да
Spotify Connect
Да

Опции на бои

whiteblack

Што има во пакетот

  • AC адаптер за напојување
  • Водич за запознавање со Wi-Fi
  • Упатство за употреба
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Добијте богат бас од компактно куќиште

SRS-X77 нуди вкупна излезна RMS моќ од 40 W преку 2.1 аудио канали - составени од два звучници од 46 мм со целосен опсег и сабвуфер од 62 мм - со компактно куќиште. И покрај тоа што има дизајн кој заштедува простор и совршено се вклопува во секоја просторија, тој може да ја исполни просторијата со висококвалитетен звук.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Засилете го басот со вуфер и два пасивни радијатори

Добијте моќни бас звуци од компактен звучник. Двата пасивни радијатори се надополнети со вуфер и реагираат на движењето на воздухот низ звучникот, создавајќи вештачки простор во кутијата на звучникот. Овој простор овозможува поголем проток на воздух низ звучниците, овозможувајќи им дури и на помалите уреди да создаваат беспрекорен звук – особено при ниски фреквенции.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук

Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

ClearAudio+™ ја збогатува вашата музика

Clear Audio+™ е ексклузивна технологија која ја надополнува експертизата на Sony за обработка на дигитални сигнали и веќе неколку генерации го усовршува звукот, а создава богато и висококвалитетно доживување при слушањето.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Висококвалитетно безжично проследување

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Музиката е во воздухот кој нè опкружува

Можноста за проследување на звук преку Wi-Fi ви овозможува да уживате во омилените содржини од iTunes® преку вашите уреди што поддржуваат AirPlay и Chromecast built-in, но и да добиете пристап до музичките датотеки во вашиот компјутер или домашен медиумски сервер што е компатибилен со DLNA.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

AirPlay се поврзува со вашите производи од Apple

Проследувајте ги вашите омилени содржини низ целиот дом: сè што ви е потребно е жична или безжична LAN врска и уред кој поддржува AirPlay (како iPod touch™, iPad™ или iPhone™). Функцијата на AirPlay за истовремена репродукција ви овозможува да ја проследувате истата песна на сите поддржани звучници, така што ќе можете да ја исполните секоја просторија со прекрасен звук.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории

Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Функцијата за слушање во повеќе простории содржи режими како режимот за забава со кој може да уживате во истата музика преку повеќе звучници истовремено и персоналниот режим со кој може да уживате во различна музика преку повеќе звучници

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Обединете ја вашата музиката со Sony | Music Center

Преземете ја апликацијата Sony | Music Center за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук и контрола на слушањето во повеќе простории.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници

Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Полнете го вашиот паметен телефон преку USB приклучокот

Преку USB приклучокот може да полните паметен телефон, таблет-уред или Walkman®, без разлика дали SRS-X77 работи на батерии или AC напојување.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Аналоген аудио влез и приклучок за етернет

Поврзувајте различни извори во SRS-X77 и уживајте во квалитетен звук. Уредот е опремен со аналоген влез, кој го конвертира аналогниот сигнал во дигитален со квалитет од 96 kHz/24 бита за минимизирање на загубите во квалитетот. Згора на тоа, приклучокот за етернет е опремен за постабилно мрежно опкружување.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Понесете го со вас

Издржлив, пренослив и со вградена батерија, SRS-X77 ви овозможува да уживате во омилените песни низ целиот дом, внатре или надвор (со репродукција до 10 часа кога користите Bluetooth®). 

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Дизајн со дефинирана контура

Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура