Видео Walkman
Со серијата E380, вие ќе можете да ја понесете музиката насекаде со вас, без компромитирање на квалитетот. Овој WALKMAN® MP3/видео плеер располага со Clear Audio технологии кои обезбедуваат постојана јасност и богат звук за вашата музика. Компактниот дизајн е совршен за вашиот џеб, со меморија до 16GB и репродукција на музика од 30 часови.
ClearAudio технологиите овозможуваат репродукција на остриот стерео звук од оригиналниот извор. Се постигнува намалено истекување на звукот, громогласен бас и постојана јачина на звукот помеѓу песните.
Се спречува "истекувањето" на аудио сигналот од еден канал во друг.
Автоматската контрола на нивото обезбедува богат бас без изобличување.
Се изедначува нивото на јачина на звукот помеѓу песните за да се минимизираат непријатните промени.
Вашата музика слушајте ја во најдоброто издание со помош на еквалајзерот со 5 појаси. Ќе можете да го поставите квалитетот на звукот во зависност од музичкиот жанр, со две зададени комбинации на параметри за сопствени аудио ефекти.
Прикачете го вашиот WALKMAN® преку USB на PC или Mac и располагајте со целата ваша музика од едно место. Едноставно копирајте песни со повлекување од Windows® или iTunes.
Ергономски облик за лесно користење кога сте во движење
Со тежина од 50гр. и дебелина помала од 1см, моделите од серијата E380 се лесни и компактни – идеални за носење во џеб. Изберете една од четирите бои во зависност од вашиот стил.
Уживајте во репродукција на музика до 30 часа со едно полнење на батеријата.
Слушајте ги сите омилени песни со меморија до 16GB.
Спецификации
- Големина на меморија
- До 4GB, 8GB
- Големина на екранот (инчи)
- 1,77" (4,5 см)
- Резолуција на екран
- 128x160 (QQVGA)
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
- 30 часа
- Тежина
- 52 гр.