Функции
Звукот со висока резолуција нуди врвен звук
Од изворот до звучниците, Sony обедини повеќе технологии за да ви овозможи врвно аудио доживување. За фајловите со звук со висока резолуција, дигиталниот засилувач и специјализираните високотонци ја репродуцираат секоја суптилност, така што вие ќе ја чуете секоја нота онака како што замислил изведувачот. За MP3 фајловите, софтверот за дигитална обработка ја зголемува резолуцијата на компресираната музика за враќање на изгубените детали.
Дигитален засилувач S-Master HX™ за чист и квалитетен звук
Вградениот S-Master HX™ дигитален засилувач ви помага да го извлечете најдоброто од вашиот звук со висока резолуција. Тоа го постигнува преку намалување на нивоата на шум кои вообичаено се јавуваат кај високофреквентниот опсег, така што можете да уживате во чист, остар звук.
Технологијата DSEE HX™ ги подобрува фајловите
Технологијата DSEE HX™ (процесор за подобрување на дигитален звук) го подобрува квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции на вашата музика. DSEE HX™ ги обновува тие делови за добивање на висококвалитетен звук кој е поблиску до оригиналната CD снимка.
Компактен и лесен дизајн
Освен со врвен звук, серијата A на Walkman® со звук со висока резолуција се одликува и со врвен изглед. Лесниот и компактен дизајн можете едноставно да го сместите во џеб или чанта, а уникатниот контролен панел во форма на дијамант додава чувство на софистицираност.
Вградена и проширлива меморија
Модели се испорачуваат со вграден простор за складирање од 16GB или 64GB; подобрете ги со microSDXC мемориска картичка за бесконечно долги листи за репродукција.
Создаденo за слушање: ClearAudio+™
Направете го слушањето колку што е можно пореалистично. ClearAudio+™ детално го прилагодува звукот за добивање на прекрасно и емотивно доживување кое ќе ве опкружи. Слушајте музика и текстови со поголема острина и детали за доживување кое е многу слично со изведбите во живо.
Се одликува со aptX® технологија за безжично поврзување
Технологијата aptX® создава чист и безжичен звук кај повеќето најдобри паметни телефони, звучници, звучници во вид на лента, слушалки и таблет уреди во светот. Отсега, љубителите на музиката ќе можат да уживаат во богато доживување при слушањето кое може да го овозможи само aptX®: практичен безжичен звук кој не го намалува аудио квалитетот.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Повеќе формати за музика
Без разлика дали слушате нови фајлови во врвниот формат за звук со висока резолуција или постари песни во стандардниот MP3, серијата A на Walkman® ги подржува следниве популарни формати за поголема практичност: MP3, WAV, AIFF, WMA, AAC, HE-ACC, FLAC, ALAC.
Долгo траење на батеријата
Добијте време на репродукција на фајлови со звук со висока резолуција до приближно 30 часа и приближно 50 часа со стандардниот MP3 формат.
Спецификации
- Големина на меморија
- 16GB
- Големина на екранот (инчи)
- 2,2" (5,6 см)
- Резолуција на екран
- 320x240 (QVGA)
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
- 30 часа (звук со висока резолуција), 50 часа (MP3)
- Тежина
- 66 гр.