NW-ZX500

Уживајте во извонреден звук

Walkman® NW-ZX500 е компатибилен со Android™, опремен е со Wi-Fi за преземање и проследување и репродуцира реален звук од сите ваши омилени извори на музика.

Погледнете зошто овој Walkman® е уникатен

Дознајте повеќе за технологијата за реален звук.

Лого ознаки за звук со висока резолуција и безжичен звук со висока резолуција
Висок квалитет на звукот
Слика до електронска плоча
Дизајниран за врвен звук
Walkman® NW-ZX500 во црна боја, поддржан од Android™
Преземање и проследување преку Wi-Fi
Лого за звук со висока резолуција
Сите ноти како што ги замислил изведувачот

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Со снимање и репродуцирање дигитален звук со повисока стапка од CD-дисковите (24 бита/96 kHz и повеќе), звукот со висока резолуција ви овозможува да слушате музика слична на оригиналната снимка.

Лого за DSD
Стандарден DSD од 11,2 Mhz / PCM од 384kHz

Врвен квалитет со стандарден DSD од 11,2 MHz со поддршка за балансирани слушалки и PCM од 384KHz/32 бита.

Лого за S-Master HX™
S-Master HX™

Дигиталниот засилувач S-Master HX™ го елиминира изобличувањето и шумот низ широк опсег на фреквенции за да добиете богат и сеопфатен звук.

Лого за DSEE Ultimate
DSEE Ultimate™

DSEE Ultimate™ користи AI-технологија за да репродуцира детални акустични нијанси и јасни високофреквентни звуци што често се губат при компресија на звукот.

Безжичен звук со висока резолуција 

Уживајте во проследување музика со звук со висока резолуција благодарение на LDAC - нашиот врвен безжичен кодек. Со 3x поголема бит-стапка од стандардниот BLUETOOTH®, можете да уживате во извонредно доживување додека ја слушате вашата музика. 

Лого ознаки за безжичен звук со висока резолуција и LDAC
Walkman® NW-ZX500 со балансиран излезен сигнал
Балансиран излез

Балансираниот приклучок со Ø4,4 мм пренесува посебен лев и десен канал до компатибилните слушалки за помал шум и појасен звук.

Дизајниран за врвен звук

Walkman® NW-ZX500 е прецизно дизајниран со материјали и компоненти од највисок квалитет за да уживате во неверојатно доживување при слушањето.

Алуминиумска конструкција
Алуминиумска конструкција

Цврстата алуминиумска конструкција нуди голема отпорност на електричен шум што му овозможува на NW-ZX500 да создаде јасен и моќен бас.

Обработен бакарен блок

Компонентите во внатрешноста на компактното куќиште на Walkman се монтираат на блок што е изработен од бакар. Благодарение на неговите поголеми димензии, во споредба со претходните модели, блокот придонесува за помала отпорност и подобро електрично заземјување за дигиталниот дел, овозможувајќи му на NW-ZX500 да создаде уште поостар звук.

Бакарен блок пред обработката
ПРЕД ОБРАБОТКАТА
Бакарен блок по обработката
ПО ОБРАБОТКАТА
Слика одблиску од електронска плоча со FT CAP
Новосоздаден FT CAP

Новосоздадениот FT CAP (полимерски кондензатор), што е специјално создаден за Sony и прилагоден од инженерите на Sony, го зголемува напојувањето на засилувачот заради балансирање на излезниот сигнал. Тоа му помага на NW-ZX500 да создаде распространувачки вокали и инструменти, како и моќен бас.

Лого ознаки за Bluetooth®, NFC™ и Qualcomm® aptX™ HD
NFC™ со еден допир и Bluetooth® за моментално поврзување

Технологијата Bluetooth® и поле за комуникации во близина (NFC) овозможуваат брзо и лесно поврзување со вашата музика. Допрете го вашиот уред со NFC до NW-ZX500 за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè. Достапна е компатибилност со LDAC и aptX™ HD-звук.

Икона за процесор за грамофонски плочи
Винилен процесор

Внесете ги топлината и карактерот на грамофонските плочи во дигиталните песни и повторно уживајте во убавината на мелодиите и динамиката на вашите омилени албуми. Уживајте во детална репродукција на нискофреквентна резонанца, отпорност на рачката за тон и површински шум што овозможуваат реалистично доживување при слушањето.

Лого за MQA™
Декодирање и репродукција на датотеките MQA™

Master Quality Authenticated е формат на звук што компресира големи датотеки со врвен квалитет без загуби во квалитетот за да можете да уживате во звук со висока резолуција на вашиот Walkman®.

Компатибилност со Wi-Fi за директно преземање и проследување

Одликувајќи се со поддршка за Android™ и компатибилност со Wi-Fi, NW-ZX500 ви нуди уште повеќе начини за слушање музика. Уживајте во омилените апликации за проследување и музика преку вашиот Walkman или поврзете го со компјутер за да пристапите до вашата музичка збирка.

Страничен приказ на NW-ZX500 со приклучок USB Type-C™
Приклучок USB Type-C™

NW-ZX500 има приклучок USB Type-C™ за лесно поврзување со различни уреди.

Слика од касета
Кориснички интерфејс во вид на касета

NW-ZX500 нуди специјален кориснички интерфејс во вид на касета и заштитник за екранот. Интерфејсот во вид на касета што се прикажува на екранот на Walkman® се разликува во зависност од кодекот на музиката што ја слушате.

Икона за траење на батеријата до 20 часа
Траење на батеријата до 20 часа

Уживајте во репродукција на MP3 со 128 kbps до 20 часа или во репродукција на FLAC со звук со висока резолуција со 96 KHz до 18 часа.

Walkman® NW-ZX500 со голем екран на допир
Поголем екран на допир за едноставно ракување

Екранот на допир од 3,6 инчи кај NW-ZX500 е 16% поголем од екранот на допир кај неговиот претходник NW-ZX300. Управувањето со вашата музика и уживањето во неа никогаш не било полесно.

Страничен приказ на Walkman® NW-ZX500 со отвор за SD-картичка
Можност за проширување на меморискиот простор за бескрајни листи за репродукција

Освен вградената меморија од 64 GB, достапен е и отвор за SD-картичка што ви овозможува да ја понесете дури и најголемата музичка збирка кога патувате.

Врвен дизајн

Заобленото куќиште на NW-ZX500 има завршна обработка од висококвалитетен алуминиум, дизајнирано е за удобно држење во рака и лесно се вметнува во џеб.

Страничен приказ на контролите на Walkman® NW-ZX500
Интуитивна контрола со странични копчиња

Пристапот до функциите за репродукција/пауза, менување песни и прилагодување на јачината на звукот е лесен благодарение на практичните и странично поставени контроли.

Прекрасно. Реално.

Потонете во звук што ве опкружува. Толку е реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте со изведувачот во студио. Со 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со серијата NW-ZX500 ќе уживате во 360 Reality Audio.

Спецификации и функции

NW-ZX500 е компатибилен со звукот со висока резолуција и е прецизно дизајниран за да репродуцира реален звук од многубројни извори на музика. Со Android™ и Wi-Fi може да уживате во омилените апликации за проследување и музика директно преку вашиот Walkman® или, пак, може да го поврзете со компјутер за да пристапите до вашата музичка збирка. Слушањето на вашите омилени мелодии никогаш не било полесно.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Дигитален засилувач S-Master HX™ за чист и квалитетен звук

  • Подобрувањето со DSEE HX™ го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Балансиран излез со 4,4 φ за помал шум и појасен звук

  • Користете Wi-Fi за да проследувате и преземате музика со вашите омилени апликации за Android

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина