Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- Прибл. 57,7 мм x 120,4 мм x 14,9 мм (2,28 инчи x 4,75 инчи x 0,59 инчи)
- Тежина
- Прибл. 157 гр. (5,54 oz)
Моќност
- Време на полнење (брзо полнење)
- -
- Време на полнење (целосно полнење)
- Прибл. 5,5 часа
Медиуми за складирање
- Големина на меморија
- 64GB
Репродукција и екран
- Режим на музичка репродукција
- Репродукција со мешање / исклучено повторување / повторување 1 песна / повторување сè Опсег на репродукција (цел опсег / избран опсег)
- Звучни ефекти
- Директен извор (директен) / 10-појасен еквалајзер / контрола на тонот (ексклузивна функција) / DSEE HX / линеаризатор на DC фаза / динамички нормализатор
- Аудио репродукција
- MP3 (.MP3): 32 - 320 kbps (поддржува променлива бит-стапка (VBR)),/ 32, 44,1, 48 kHz, WMA (.WMA): 32 - 192 kbps (поддржува променлива бит-стапка (VBR)),/ 44,1 kHz, FLAC (.flac): 16, 24 бита / 8-384 kHz, AAC (.mp4, .m4a, .3gp): 6-320 kbps / 8-48 kHz, HE-AAC (.mp4, .m4a, .3gp): 32-144 kbps / 8-48 kHz, Apple Lossless (.mp4, .m4a): 16, 24 бита / 8-384 kHz, DSD (.dsf, .dff): 1 бит / 2,8224, 5,6448, 11,2896 MHz, APE (.ape): 8, 16, 24 бита / 8-192 kHz (брзо, нормално, високо)
- Забелешки за репродукција на звук
- ・Фреквенцијата на семплирање може да не одговара на сите конвертори. ・Датотеките заштитени со авторски права не може да се репродуцираат. ・Нестандардните бит-стапки или бит-стапките без гаранција се вклучени во зависност од фреквенцијата на семплирање. ・Датотеките од 4 GB (APE е 2 GB) или поголеми не може да се репродуцираат. ・Овој производ ги препознава изворите со поголем квалитет од CD (квантизација од 44,1 kHz/16 бита) и DAT (квантизација од 48 kHz/16 бита) како звук со висока резолуција. Симболот „HR“ се прикажува за извори со звук со висока резолуција.
- Видео репродукција
- -
- Забелешки за репродукција на видео
- -
- Резолуција на екран
- 3,1 инч (7,8 см), WVGA (800 x 480 точки)
- Вид на екран
- Капацитивен TFT екран на допир во боја со бело LED задно осветлување
- Преснимување со повлекување
- Да
- Методи за пребарување на музика
- Сите песни / изведувач / година на издавање / листа за репродукција / албум / жанр / композитор / висока резолуција / неодамнешни преноси / SensMe канали / папка
- Забелешки за репродукција на фотографии
- ・Фреквенцијата на семплирање може да не одговара на сите конвертори. ・Датотеките заштитени со авторски права не може да се репродуцираат. ・Нестандардните бит-стапки или бит-стапките без гаранција се вклучени во зависност од фреквенцијата на семплирање. ・Датотеките од 4 GB (APE е 2 GB) или поголеми не може да се репродуцираат. ・Овој производ ги препознава изворите со поголем квалитет од CD (квантизација од 44,1 kHz/16 бита) и DAT (квантизација од 48 kHz/16 бита) како звук со висока резолуција. Симболот „HR“ се прикажува за извори со звук со висока резолуција.
Издржливост
- Отпорност на вода
- -
Излез за слушалки (мини стерео приклучок)
- Максимална излезна моќност (JEITA 16 Ω/mW)
- 1,6-4,2 mW
Излез за слушалки (балансиран стандарден приклучок)
- Максимална излезна моќност (JEITA 16 Ω/mW)
- 1,6-4,2 mW
Софтвер
- Оперативен систем
- Оригинален OS од Sony
- Системски побарувања
- Windows® 10, Windows® 8.1, Windows® 7 macOS™v10.8-10.12
- Екран на допир
- Капацитивен TFT екран на допир во боја со бело LED задно осветлување
Поврзување
- Приклучоци
- Слушалки: Мини стерео приклучок, балансиран стандарден приклучок, WM-PORT: WM-PORT (повеќенаменски приклучок): 22 пина, Надворешна меморија: Micro SD, Micro SDHC, Micro SDXC
- USB поврзување
- Hi-Speed USB (компатибилност со USB 2.0)
- Безжични можности
- Bluetooth® вер. 4.2, NFC: Да
- Компатибилен Bluetooth® профил
- Компатибилни Bluetooth® профили*1 - A2DP (Advanced Audio Distribution Profile) - AVRCP (Audio Video Remote Control Profile) Поддржан кодек*2: SBC*3, LDAC, aptX *1 Bluetooth® профилите се стандардизирани според намената на уредот со Bluetooth®. *2 Кодек се однесува на компресијата на аудио сигналот и форматот на конверзија. *3 SBC е кратенка за „Subband Codec“.
Поврзување во мрежа
- WM-PORT
- WM-PORT (повеќенаменски приклучок): 22 пинови
Опции на бои
Што има во пакетот
- Содржина: ・Walkman (1) ・USB cable (1) ・Водич за запознавање ・Упатство за користење Со Walkman плеерот не се испорачуваат слушалки и Micro SD картичка.

Функции
Звук со висока резолуција за беспрекорен звук
Уживајте максимално во дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција овозможува беспрекорна репродукција на музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.
Репродукција на Direct Stream Digital (DSD) од 11,2 MHz за звук со висока резолуција
Уживајте во висококвалитетен звук со аудио кодекот Direct Stream Digital (DSD) - специјално дизајниран за звук со висока резолуција. Овој формат со 1 бит работи на повисока фреквенција од стандардниот PCM дигитален звук што резултира со поприроден звук со премногу детали. Резултатот претставува појасен и поостар звук со висока резолуција.
Дигитален засилувач S-Master HX™: беспрекорна чистота на звукот
Уживајте во најдобриот звук со висока резолуција со дигиталниот засилувач S-Master HX™. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека на сигналот, S-Master HX™ ги репродуцира деталите и фреквентниот опсег што се потребни за форматите во висока резолуција. За разлика од обичните засилувачи, тој го задржува дигиталниот сигнал сѐ до излезот преку звучникот, елиминирајќи го изобличувањето — за звук со висока резолуција, таков како што замислил изведувачот.
DSEE HX™ ги обновува вашите музички датотеки
Надминете го CD квалитетот. DSEE HX™ ја користи нашата технологија DSEE™ за да ги подобри компресираните аудио датотеки на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка што се губат при процесот на компресија, DSEE HX™ нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.
Алуминиумска конструкција отпорна на шум
Цврстата алуминиумска конструкција нуди голема отпорност на електричен шум за да добиете јасен и стабилен звук.
Балансирано поврзување
Walkman® плеерот NW-ZX300 се одликува со приклучок за балансирано поврзување дизајниран за новиот кабел за балансирано поврзување со 4,4 Φ. Тој пренесува посебен лев и десен канал до компатибилните слушалки, за разлика од стандардните слушалки што имаат заедничко заземјување. Како резултат се добива многу подобро намалување на надворешниот шум и подобар стерео звук, како и повеќе простор за репродукција на моќен звук.
Фолиски кондензатор за поширока акустика
Одлуката да се користат фолиски кондензатори со подобар квалитет придонесува за поефикасен дизајн на електронската плоча и подобар квалитет на звукот. Овие фолиски кондензатори создаваат и напон со линеарен одзив низ целиот фреквентен опсег, што резултира со помалку изобличувања и шум кај сите содржини што ги слушате.
FT CAP (кондезатор со високопроводлив полимер)
Вложивме три години во развојот на FT CAP со единствена цел да создадеме моќен звук. Неговиот голем капацитет му овозможува да создаде стабилен напон. Тоа резултира со репродукција на одлично дефиниран и многу моќен бас преку излезот за слушалки.
Висококвалитетен звук со лем без олово
За електронската плоча и за целосно дигиталниот засилувач S-Master HX™ CXD-3778GF се користи висококвалитетен лем. Употребата на лемот на задната страна на засилувачот S-Master HX™ овозможува поефикасна електрична врска што придонесува за појасни вокали и звук.
Безжично проследување преку BLUETOOTH® со највисок квалитет: LDAC
Уживајте во вашата музика со подобар квалитет од CD квалитетот благодарение на безжичното пренесување на звук преку LDAC. LDAC користи стандардна безжична BLUETOOTH® врска, но пренесува со максимална стапка на пренос на податоци до 990 kbps - приближно три пати повеќе од стандардните аудио профили. Како резултат се добива подобро безжично слушање што е поблиску до замислата на изведувачите. Најдобриот начин за уживање во безжичен звук со компатибилни безжични звучници и слушалки со BLUETOOTH®.
Функција USB DAC за музика со повисок квалитет
Уживајте во одличниот квалитет на звук што го нуди NW-ZX300 како USB DAC (дигитално-аналоген конвертор) за вашиот компјутер или Mac. Кога ќе го поврзете и активирате преку испорачаниот USB кабел, NW-ZX300 ќе ја замени стандардната обработка на звук што ја врши компјутерот со сопствен и прецизно прилагоден хардвер. Уживајте во звук со врвен квалитет постојано, без разлика дали сте дома или во канцеларија, во кафе бар или работите.
Поддршка за MQA™ за проследување без загуби
Master Quality Authenticated е формат на звук што компресира големи датотеки со врвен квалитет без загуби, за да можете да уживате во звук со висока резолуција на вашиот Walkman.
Екран со мат стакло
Екранот на допир со мат стакло овозможува практична контрола на допир со помалку отпечатоци.
Интуитивно странично копче
Едноставната, речиси инстинктивна контрола со странично копче ви овозможува лесно да ја контролирате вашата музика.
Поголема издржливост на батеријата за подолго слушање
Никогаш не останувајте без енергија кога сте во движење. NW-ZX300 има доволно енергија за репродукција на MP3 со 128 kbps до 30 часа или, пак, за репродукција на FLAC звук со висока резолуција со 96 kHz/32 бита до 26 часа, така што не треба да се грижите дали ќе најдете полнач додека сте во движење.
Можност за проширување на меморискиот простор за бескрајни листи за репродукција
Освен вградената меморија од 64 GB може да користите и микро SD картичка, за да можете да ги понесете дури и најголемите музички збирки со вас додека патувате.