Функции

Звукот со висока резолуција нуди врвен звук

Извлечете максимум од дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава беспрекорни снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Дигитален засилувач S-Master HX: беспрекорна чистота на звукот

Уживајте во најдобриот звук со висока резолуција со дигиталниот засилувач S-master HX. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека на сигналот, S-Master HX ги репродуцира деталите и фреквентниот опсег кои се потребни за форматите во висока резолуција. За разлика од обичните засилувачи, тој го задржува дигиталниот сигнал сѐ до излезот преку звучникот, елиминирајќи го изобличувањето — за звук со висока резолуција, таков како што замислил изведувачот.

DSEE HX ги обновува вашите музички фајлови

Надминете го CD квалитетот. DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка кои се губат при процесот на компресија, DSEE HX нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.

ClearAudio+ ја збогатува вашата музика

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, без разлика каква музика ви се допаѓа.

Direct Stream Digital (DSD) репродукција за звук со висока резолуција 

Уживајте во висококвалитетен звук со аудио кодекот Direct Stream Digital (DSD) – специјално дизајниран за звук со висока резолуција. Овој 1-бит. формат применува низа високофреквентни 1-ци и 0-ли за создавање звучни бранови форми со поголема резолуција од стандардните кодеци. Резултатот претставува појасен и поостар звук со висока резолуција.

Проследување преку Bluetooth® со највисок квалитет: LDAC

Создаден од Sony, Bluetooth® LDAC кодекот нуди ново ниво на проследување музика. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®. Стапки на семплирање до 96kHz и поефикасно кодирање за безжичен звук со CD квалитет. 

Звук со висока провидност од наменски осцилатори со време

Двата посебни осцилатори со време, еден за фреквенции на земање примероци од 44,1kHz, 88,2kHz и 176,4kHz (CD/DSD), а другиот за 48kHz, 96kHz и 192kHz, овозможуваат целосно синхронизирана демодулација за чистота во звукот и бескомпромисни резултати без разлика на изворот на дигиталните содржини.

Компоненти и материјали за висок квалитет 

Деловите со мала импеданса како дебелата бакарна фолија (35µm) на печатената електронска плоча, кабел од бакар без кислород (OFC), и лемењето без олово со висока чистота придонесуваат за чистиот звук. LC (индуктор-кондензатор) филтерот за излезот за слушалките вклучува голем отпорник на намотката за мало изобличување и мал отпор, додека отпорниците од видот MELF и фолиските кондензатори го намалуваат шумот. Заедно овие елементи постигнуваат звук со висока резолуција на NW-ZX2 Walkman.

Повеќе формати за музика

NW-ZX2 поддржува формати на фајлови со звук со висока резолуција како и популарни формати како MP3, WAV, AIFF, WMA, AAC, HE-ACC, FLAC, ALAC.

CLEAR BASS: јасен и моќен бас

Дури и со засилена јачина на звук, функцијата CLEAR BASS нуди моќен бас без изобличување. моќност. 

VPT: звук со длабочина и присуство

VPT (технологијата Virtual Phones™) создава реалистичен звучен простор во вашите слушалки. .Изберете помеѓу студио, клуб, концертна сала или матрица. 

TRILUMINOS екран за мобилни уреди: живописен приказ

Воодушевете се од сликите со суптилна, богата и природна репродукција на бои. Ова го овозможува TRILUMINOS® екранот за мобилни уреди, производ на нашата експертиза од областа на BRAVIA телевизорите, оптимизиран за употреба во мобилните телефони со комбинирање на живописните бои и предностите од малата потрошувачка на енергија.

OptiContrast панелот прикажува интензивна црна боја

OptiContrast панелот, исто така првично развиен за BRAVIA, овозможува слики со зголемена острина и контраст. Подлабоката црна боја и посветлата бела боја заедно ѝ даваат на сликата зголемено чувство на длабочина и присуство. Дури и во светли простории и надвор ја одбива рефлексијата и создава јасна слика.

Интуитивен интерфејс на допир со Android™

NW-ZX2 е опремен со Android™ 4.2, правејќи го одличен паметен уред. Допрете на екранот и преземете ги апликациите од Google Play™ store за да играте игри, да ги гледате најновите популарни видеозаписи и да го прилагодите вашето доживување.

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Спецификации

NW-ZX2 е освежување во квалитетот. Извлечете максимум од звукот со висока резолуција, оптимизиран со технологијата S-Master™ HX. Дури и компресираните аудио фајлови се подобрени поблизу до звукот со висока резолуција со DSEE HX™ за богат студиски звук. Со преку 33 часа репродукција, можете да ја понесете музиката со себе каде и да одите.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX ја подобрува музиката до квалитетот на звукот со висока резолуција

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Капацитет од 128 GB (до 800 песни со звук со висока резолуција)

  • Уживајте во време на репродукција од приближно 33 часа за аудио фајлови со висока резолуција

Големина на меморија
128GB
Големина на екранот (инчи)
4" (10,2 см)
Резолуција на екран
854x480 (FWVGA)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
33 часа (звук со висока резолуција), 60 часа (MP3)
Тежина
235 гр.

Што има во пакетот

Кабел за USB, Кожна торба за носење, Разделник, Кратко упатство за почеток

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина