Walkman® WS620 од серија WS
Слушајте музика независно што спортувате. Спортскиот Walkman NW-WS620 може да се користи на отворено и е отпорен на најлошите временски услови. Тој нуди и едноставно поврзување преку Bluetooth® и впарување преку NFC™ со еден допир за полесно вежбање.
Без разлика каде се наоѓате и што правите, нашиот висококвалитетен Walkman со отпорност на лоши временски услови нема да ве изневери.
NW-WS620 е отпорен на солена вода на длабочина до 2 метри и може да издржи под вода најмногу 30 минути, поради што е совршен за пливање и водени спортови.
Без оглед дали спортувате на песок или трчате по плажа, нашиот издржлив Walkman е отпорен на мали честички.
Ако планинарите, NW-WS620 ќе ви биде совршен придружник бидејќи издржува екстремни температури од -5°C до 45°C.
NW-WS620 е тенок, лесен и удобен, практичен е за носење, има ергономски дизајн и не се поместува независно што спортувате.
Добијте батерија што трае 12 часа. Или, пак, ако се брзате, со полнење од три минути ќе добиете време на слушање од 60 минути.
Дали сакате да ја менувате стандардната листа за репродукција за вежбање? Проследувајте музика или други формати на звук од паметниот телефон безжично преку Bluetooth®.
Проследувајте од паметниот телефон преку Bluetooth® со едноставно впарување преку NFC™ со еден допир.
Примајте повици и менувајте песни преку компактниот далечински управувач што е отпорен на прскање. Прикачете го на прстот или зглобот за лесна контрола на звукот.