Серија NW-A40

Изберете стил. Добијте подобар звук.

Серијата NW-A40 се испорачува во уникатни бои на h.ear што се усогласуваат со вашиот стил. Уживајте во извонреден звук со висока резолуција и подобро проследување преку BLUETOOTH® со LDAC™.

ВРВНИ

Walkman® A40 од серија A

NW-A40 SERIES
Слика од Walkman® A40 од серија A

16GB|16 GB со слушалки|redgoldgreenblueblack

Палета h.ear
Hear Your Colours

Внесете хармонија во животот со боите на палетата h.ear. Таа е достапна во пет уникатни бои што беспрекорно одговараат на вашиот стил и начин на живеење.

Хармонични бои

Новата палета h.ear е достапна во бои кои совршено ќе одговараат на вашиот животен стил. Тоновите содржат спектар на нијанси и различни бои. Носете ги со вашата омилена облека - совршена хармонија.

Погледнете повеќе детали

Погледнете ја палетата h.ear од секој агол и разгледајте ги карактеристиките на дизајнот.

Слушнете ја разликата
Навистина реалистичен звук

Уживајте во најситните детали на звукот со висока резолуција и студиски квалитет, кој се одликува со подобар квалитет од CD. Страста за музика ги обединува сите компоненти, почнувајќи од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. 

Звук со Bисока Pезолуција

3,2x повеќе пренесени податоци

DSD
Уживајте во репродукција на DSD

Уживајте во природниот звук и деталите на DSD форматите на звук, благодарение на висококвалитетната PCM конверзија на серијата NW-A40.

DSEE HX
Обновете ги деталите во вашата музика

Со обновување на високите звуци што се губат при компресирањето, DSEE HX™ ги репродуцира вашите дигитални музички датотеки со богат и природен звук. 

S-Master HX
Извлечете максимум од звукот со висока резолуција

Оптимизиран за звук со висока резолуција, дигиталниот засилувач S-Master HX™ го намалува изобличувањето и шумот и ви овозможува да уживате во најситните детали на вашата музика. 

Прецизно изработени за извонреден звук
Новиот лем создава максимална јасност

Висококвалитетното лемење без олово создава поефикасна електронска врска помеѓу компонентите, вклучувајќи го и засилувачот S-Master HX™. Уживајте во репродукција на почист звук со јасни вокали при секое притиснување на копчето за репродукција.

Ново лемење
СТАР ЛЕМ
Ново лемење
НОВ ЛЕМ
Нова електронска плоча
СТАРА ЕЛЕКТРОНСКА ПЛОЧА
Нова електронска плоча
НОВА ЕЛЕКТРОНСКА ПЛОЧА
Нова електронска плоча за чист и силен бас

Електронската плоча е оптимизирана за подобрување на протокот на струја за стабилизирање на напојувањето. Тоа ви овозможува да уживате во музика со појасен звук и чист и силен бас.

Подобро проследување преку Bluetooth®

LDAC™ користи стандардна BLUETOOTH®-врска, но пренесува податоци до 990 kbps - приближно три пати повеќе од стандардните аудио профили. Како резултат се добива подобро безжично слушање што е поблиску до замислата на изведувачот. Целосната компатибилност со aptX™ HD-звук ќе стане достапна преку ажурирање на фирмверот.

Повеќе начини за слушање
Поништувањето на шумот ги стишува надворешните звуци

Сакате да ги слушате само вашите песни? Активирајте го поништувањето на шумот и компатибилните слушалки IER-NW500N/NE заедно со серијата NW-A40 ќе ги блокираат надворешните звуци.

Режимот за амбиентален звук ги пропушта неопходните звуци

Ако ги користите компатибилните слушалки IER-NW500N/NE, изберете го режимот за амбиентален звук и ќе можете да ги слушате надворешните звуци заедно со музиката.

DAC
Користете го NW-A40 како конвертор за дигитален звук

Кога серијата NW-A40 е поврзана преку USB, таа користи сопствена и прилагодена обработка за конвертирање на аудио сигналот од вашиот компјутер за да обезбеди поквалитетен звук.

Компатибилност со MQA
Репродуцира и декодира MQA™ датотеки

Серијата NW-A40 може да репродуцира и декодира MQA™ датотеки, за да можете да слушате уште повеќе музика без загуби во квалитетот.

Повеќе музика на дофат на вашите прсти
Меморија од 16 GB со можност за проширување
Проширете ја вашата меморија

Серијата NW-A40 има вградена меморија од 16 GB, но може да додадете повеќе со вметнување микро SD-картичка.

Батерија што трае 45 часа
Полнете помалку, слушајте подолго

Батеријата што се полни брзо ви нуди 45 часа за слушање, за да уживате во музиката цел ден.

Спецификации и функции

Уживајте во звук со извонреден квалитет што е обвиткан во боите што ги сакате. Звукот со висока резолуција ви овозможува да ја слушате музиката како што ја замислил изведувачот, а напредната електронска плоча и квалитетниот лем без олово за квалитетен звук овозможува кристално чист звук. Слушајте безжично - проследувањето преку BLUETOOTH® со LDAC ги зачувува деталите во сите песни, а NFC™ овозможува едноставно поврзување со еден допир.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Дигитален засилувач S-Master HX™ (CXD3778GF) за чист и квалитетен звук

  • Подобрувањето со DSEE HX™ ги обновува компресираните музички датотеки

  • Лесно поврзување преку BLUETOOTH® со NFC™ со еден допир

  • Дигитално поништување на шум и режим за амбиентален звук

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина