Linear PCM диктафон A10 од серија А
Висококвалитетно снимање со прилагодливи микрофони
Независно дали вежбате или настапувате, со PCM-A10 може да снимате снимки со висока резолуција и да ги репродуцирате безжично со кристално чиста прецизност. Совршен за музичари во подем.
Компактен и лесен уред за снимање висококвалитетни снимки. Снимајте вежби на бендови, настани во живо или инспиративни моменти. Со батеријата што трае 15 часа (режим за снимање висококвалитетен LPCM со 96 kHz/24 бита) ќе ги доловите сите ноти.
Едноставна контрола преку паметен телефон со REC Remote
Активирајте ги и запирајте ги снимките, прилагодувајте ги нивоата и поставките и ставајте ознаки на песните преку вашиот паметен телефон. Апликацијата REC Remote е достапна на Google Play за Android или на App Store за уреди со iOS и ви овозможува да го контролирате диктафонот безжично преку технологијата BLUETOOTH®.
Слушајте од слушалки и звучници преку BLUETOOTH®
Одново уживајте во снимките со висок квалитет преку уреди со BLUETOOTH®. Едноставното поврзување со еден допир преку технологијата NFC ви овозможува да ги поврзете со само еден допир.
Снимајте и преслушувајте со апсолутна прецизност. Снимајте песни и звучни проби со звук кој го надминува CD квалитетот и уживајте во сè што сте снимиле со звук со висока резолуција.
Во мала група на луѓе, како што се деловни состаноци или собири, опцијата за зумирање ги доловува разговорите со оптимална јасност за да не пропуштите ништо.
За соло изведби или проби на мали бендови, изберете ја опцијата XY кога изведувачите се блиску до микрофонот, за да добиете природен звук и длабочина.
На отворен простор, настани на отворено и конференции, опцијата за широк стерео звук снима најразлични звуци, создавајќи чувство на реалистичност и широк простор.
Песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет отколку MP3-песните, па дури и CD-дисковите, така што ви овозможуваат да го слушнете секој здив, ритам и нота. Секогаш ќе уживате максимално во звукот, така како што бил снимен во студио.
3,2x повеќе пренесени податоци
Снимајте звук со максимум 96 kHz/24 бита, што е сериозно подобрување од фреквенцијата од 44,1 kHz и 16-битната стапка кај CD-дисковите.
Уживајте во звук без загуби со јасност и динамика какви што замислил изведувачот, со поддршката за репродукција на FLAC.
Активирајте ја функцијата „Проба“ додека се загревате и диктафонот автоматски ќе ги прилагоди нивоата на снимање според вашето свирење - однапред поставени и подготвени за совршено да ја доловат вашата изведба кога ќе го притиснете копчето за снимање. Сè ова може да се контролира безжично преку апликацијата REC Remote.
Зголемете ја внатрешната меморија од 16 GB со помош на microSDHC или microSDXC-картички и складирајте повеќе снимки.
Вградениот USB-приклучок ви овозможува да го приклучите вашиот диктафон директно во компјутер за да можете лесно да го полните и да ги префрлувате вашите снимки без кабли.
Приклучете статив преку вградениот отвор за статив за да добиете поголема флексибилност, поддршка и контрола при позиционирање на снимачот.
Спецификации и функции
- Вградена меморија
- 16 GB
- Maкс. Време на снимање LPCM 96 kHz, 24 бита
- 6 часа 35 мин.
- Батерија за снимање LPCM 96 kHz, 24 бита
- Прибл. 15 часа
- NFC
- Да
- Bluetooth®
- Метод на комуникација: Стандард за Bluetooth® верзија 4.0 Максимален опсег на комуникација: прибл. 10 м (33 ft) Фреквентен опсег: фреквенција од 2,4 GHz (2,4000 GHz - 2,4835 GHz) Компатибилни профили за Bluetooth®: A2DP/AVRCP/SPP Поддржан кодек: SBC
- Влезни и излезни приклучоци
- Приклучок за микрофон/надворешен влез (мини стерео приклучок) приклучок за слушалки (мини стерео приклучок) USB-приклучок (Type-A) отвор за microSD мемориска картичка компатибилна со High-Speed USB
- Тежина
- Прибл. 82 гр.
Што има во пакетот
Компјутерски софтвер (Sound Organizer2/зачуван во вградената меморија), заштита од ветер, торбичка за носење