- What Hi-Fi?
- What Hi-Fi?
Со нашиот процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE), високофреквентните звуци и дискретните промени на аудиосигналот се обновуваат за да уживате во пореално доживување при слушањето. Исто така, може да ја приспособите музиката по ваша желба користејќи ги поставките на еквалајзерот во апликацијата Sony | Sound Connect.
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
Приспособете го звукот по ваша желба. Изберете некој од различните однапред поставени параметри за да го усогласите квалитетот на звукот според жанрот на музиката што ја слушате. Или, пак, создајте и зачувајте свои параметри со функцијата за приспособен еквалајзер во апликацијата Sony│Sound Connect.
Малиот дизајн на овие слушалки овозможува сигурно и удобно прицврстување за вашите уши. Заоблената форма предизвикува задоволство при носењето и ви овозможува да се концентрирате на најважното - музиката.
Откако ги издадовме првите слушалки за во уво во светот во 1982 година (MDR-E252), анализиравме огромни количини на податоци за формите на ушите од целиот свет. Слушалките WF-C500 се резултат на тоа истражување и нудат спој од форма што одговара на ушната празнина и нов ергономски дизајн за постабилно вметнување.
Цилиндричната футрола за полнење е неверојатно мала и практична за носење во џеб или во чанта, така што може да ги понесете слушалките каде и да одите. Провидниот капак со текстура на заматено стакло ѝ дава стилски и луксузен изглед на футролата.
Копчињата на WF-C500 овозможуваат репродуцирање, запирање или прескокнување песни и менување на јачината на звукот, a нудат и лесен пристап до гласовниот помошник на паметните телефони и воспоставување и одговарање на повици без користење на рацете.
Лесно воспоставување повици без користење на рацете благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Со притиснување едно копче може да се поврзете со гласовниот помошник на телефонот и да добиете насоки, да репродуцирате музика, да комуницирате со контактите и друго.
Функцијата Fast Pair го олеснува впарувањето на слушалките со уреди со Android™. Со еден допир и со прикажани упатства, WF-C500 нудат брзо и лесно впарување со уреди со Android™ преку Bluetooth®. Може и да ги пронајдете слушалките со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку паметен телефон.
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките WF-C500 со вашиот компјутер со Windows 10 преку Bluetooth®. На уредите со Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Слушајте музика до 20 часа благодарение на практичната футрола за полнење. Доколку треба брзо да ја надополните батеријата, со брзото полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција на музика до еден час.
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Ако сакате да слушате музика додека разговарате, отстранете само една слушалка од футролата за полнење и користете ја како вообичаено.
(A) Стандарден пренос од лево кон десно преку BT. (B) Истовремен пренос лево и десно преку BT кај WF-C500.
Чипот за Bluetooth® што го пренесува звукот до двете уши истовремено, заедно со оптимизираниот дизајн на антената, овозможува стабилна врска и неверојатно слушање. Малото доцнење на звукот придонесува и за одлично доживување при гледањето содржини.
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Во материјалот за пакување на WF-C500 не се користи пластика, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
Спецификации и функции
- ЗВУЧНИК
- 5,8 мм
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
- DSEE
- Да