Далечински управувач на допир за телевизорот
Едноставно и интуитивно
Интеракцијата со вашиот телевизор никогаш не била поинтуитивна. Прелистувајте ги содржините на екранот со подлогата на допир - нема потреба да го насочувате далечинскиот управувач кон ТВ екранот. Со вградениот NFC можете да споделувате фотографии безжично од вашиот паметен телефон на ТВ екранот со еден допир.
Користете ја подлогата на допир со брз одзив за допирање, штипнување, придвижување и прелистување на распореди за ТВ програми, видео записи на интернет, фотографии и многу повеќе.
Споделувајте фотографии, видео снимки и други содржини моментално и безжично од вашиот паметен телефон или таблет уред директно на вашиот ТВ екран. Сè се сведува на пресликување со еден допир преку NFC. Не се потребни лозинки. Ниту поставувања. Само поврзете ги со еден допир.
Прикажете ги сликите од вашиот Xperia™ таблет уред или паметен телефон на голем екран. Поврзете го далечинскиот управувач и проследувајте содржини кон вашиот телевизор преку Bluetooth® или Wi-Fi®.
Кажете му збогум на користењето повеќе далечински управувачи. Ако вашиот систем за домашно кино има емитер на инфрацрвени зраци (IR), тогаш ќе можете да го контролирате преку далечинскиот управувач на допир.
Големиот број функции не подразбира крупен дизајн. Тенката и лесна форма на далечинскиот управувач на допир лесно и удобно се сместува во вашата дланка.
Спецификации
Што има во пакетот
Инструкции за користење (известување за безбедност)