Сите спецификации и функции
Димензии и тежина
- ДИМЕНЗИИ НА ФОТОАПАРАТОТ (Ш X В X Д)
- Прибл. 82 x 86 x 43 мм
- ДИМЕНЗИИ НА КАРТОНСКОТО ПАКУВАЊЕ (Ш X В X Д)
- Прибл. 145 x 185 x 54 мм
- ТЕЖИНА НА ФОТОАПАРАТОТ
- Прибл. 217 гр.
- ТЕЖИНА НА КАРТОНСКОТО ПАКУВАЊЕ(БРУТО)
- Прибл. 400 гр.
Технички спецификации
- РЕЗОЛУЦИЈА
- Макс. 1920 x 1080 за визуелна комуникација
- МИКРОФОН
- Микрофон x 2
- ИНТЕРФЕЈС
- USB 2.0
Моќност
- НАПОЈУВАЊЕ
- DC 5 V, макс. 500 mA
Што има во пакетот
- Додаток
- Упатство за инсталација
- Упатство за употреба
- Гарантен лист

Функции
Ambient Optimization Pro
Приклучете ја BRAVIA CAM од Sony во вашиот телевизор BRAVIA XR и уживајте во телевизијата како никогаш досега. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Тоа значи дека звукот и дијалозите ќе бидат појасни и пореални, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.
Автоматска калибрација на слика
BRAVIA CAM го мери растојанието помеѓу вас и вашиот телевизор и ја прилагодува неговата светлина за да уживате во слика со совршен квалитет секогаш, независно од вашата положба во собата. Сензорот за светлина и бои на телевизорот ги оптимизира сликите според осветлувањето за да обезбеди најдобро можно доживување при гледањето.
Автоматска калибрација на звук - прилагодување на балансот лево/десно
BRAVIA CAM ве следи вас и вашата положба, дури и ако гледате од страна, а потоа го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите во собата, ќе уживате во звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.
Автоматска калибрација на звук - автоматско зумирање на глас
BRAVIA CAM открива на која оддалеченост гледате и може автоматски да го прилагоди зумот на гласовите за да слушате јасни дијалози. Јачината на дијалозите на телевизорот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.
Предупредување за близина
Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и ве предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.
Контрола со гестикулации
Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја прилагодувате јачината на звукот и многу повеќе користејќи едноставни гестикулации, без далечинскиот управувач.
Автоматски режим за заштеда на енергија
Автоматскиот режим за заштеда на енергија ја оптимизира потрошувачката на енергија преку автоматско затемнување на екранот кога не сте пред телевизорот.
Видеокомуникација
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.
Лесно се поврзува, лесно се затвора
Поврзувањето на BRAVIA CAM со вашиот телевизор BRAVIA се врши брзо и лесно преку USB. Преклопникот за капакот на камерата на горната страна на BRAVIA CAM овозможува затворање на камерата за поголема приватност во секое време.