Ве молиме прочитајте ја оваа страница пред да продолжите со најновото ажурирање.
На страницата за преземање ќе најдете објаснување за поволностите и подобрувањата што ги нуди најновото ажурирање.
Важни мерки на претпазливост при ажурирање од вер. 1.32 или од постара верзија
Редослед на ажурирање: Вер. 1.35 → Вер. 2.01 → Вер. 4.00
- Прво мора да ја ажурирате вер. 1.35 во вер. 2.01 пред да продолжите на најновата верзија (вер. 4.00).
- Обидот за директно ажурирање со вер. 4.00 ќе предизвика грешка.
Проверка на верзијата на системскиот софтвер
- Забелешка: Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете точни вредности за датумот или времето.
- Изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија).
- Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
За корисниците на апликацијата Imaging Edge Mobile:
- Ажурираните фотоапарати не можат да се поврзат со апликацијата Imaging Edge Mobile.
- Инсталирајте ја апликацијата Creators' App откако ќе го ажурирате фотоапаратот.
- Проверете дали верзијата на апликацијата Imaging Edge Mobile е вер. 7.7.2 или понова за да го впарите фотоапаратот со Creators' App.
- Ако користите iPhone/iPad, рестартирајте го уредот по ажурирањето на фотоапаратот, а потоа впарете го фотоапаратот со Creators' App.
- Ако ја немате најновата верзија на апликацијата Imaging Edge Mobile, ажурирајте ја пред да извршите впарување со Creators' App.
- Инструкции за инсталирање и поврзување на апликацијата Creators' App може да најдете во водичот за мигрирање од апликацијата Imaging Edge Mobile во Creators' App.
Дали верзијата на вашиот фирмвер е понова од вер. 2.00?
- Не, вер 1.32 или постара:
Прво извршете ажурирање со вер. 2.01 (преку 1.35), а потоа со вер. 4.00. - Да, вер. 2.00 или понова:
Извршете ажурирање со вер. 4.00 (најнова).