Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- ILCE-1
Потребни преземања
- Ажурирањата треба да се инсталираат по хронолошки редослед!
- За вер. 1.32 или постара:
- Извршете ажурирање со вер. 1.35 (привремена верзија вклучена во овој софтверски пакет) преку програмата за ажурирање 01_Update_ILCE1V135.app.
- Откако ќе извршите ажурирање со вер. 1.35, употребете ја програмата за ажурирање 02_Update_ILCE1V201.app за да ажурирате од вер. 1.35 во вер. 2.01.
Ако веќе сте ја ажурирале верзијата на софтверот со вер. 1.35 или вер. 2.00, користете ја програмата за ажурирање 02_Update_ILCE1V201.app.
- За вер. 1.32 или постара:
- За да го инсталирате ова ажурирање, прво треба да го преземете драјверот за фотоапарат од Sony. Повеќе информации прочитајте во делот Како да преземете драјвер за фотоапарат од Sony во овој напис.
Информации за ова преземање
Преглед на ажурирањето
Го поправа проблемот кога фотоапаратот можеби нема да може да се поврзе со мрежата по инсталирање на ажурирањето на системскиот софтвер со вер. 2.00. Се извинуваме за непријатностите.
Ова ажурирање ги вклучува и следните поволности од ажурирањето со вер. 2.00.
Работи што треба да ги имате предвид пред да го извршите ажурирањето
- Запишете ги вашите поставки (во случај на ажурирање од вер. 1.32 или постара верзија):
- По ажурирањето со оваа верзија, поставките на фотоапаратот ќе се ресетираат на зададените вредности.
- Бидејќи ова ажурирање додава функции и големи промени во спецификациите, поставките на фотоапаратот ќе се иницијализираат како дел од процесот на ажурирање.
- Ви препорачуваме да ги запишете сите поставки на фотоапаратот пред да продолжите.
- Дури и ако сте ги зачувале поставките со помош на различните достапни функции за зачувување (како што се Save/Load settings (Зачувај/Вчитај поставки) и Save/Load FTP settings) (Зачувај/Вчитај поставки за FTP)), поставките пред вер. 1.32 не може да се применат по ажурирањето.
- Префрлување од Imaging Edge Mobile во Creators' App:
- Ако ја користите апликацијата Imaging Edge Mobile, имајте предвид дека ажурираните фотоапарати повеќе нема да можат да се поврзат со оваа апликација. Откако ќе го ажурирате фотоапаратот, инсталирајте ја апликацијата Creators' App.
- Проверете дали верзијата на апликацијата Imaging Edge Mobile е вер. 7.7.2 или понова за да го впарите фотоапаратот со Creators' App.
- Ако верзијата на апликацијата Imaging Edge Mobile не е вер. 7.7.2 или понова, ажурирајте ја пред да се обидете да го впарите фотоапаратот со Creators' App.
Исто така, функцијата NFC one-touch connection (Поврзување преку NFC со еден допир) што се користела за верзијата на фотоапаратот 1.32 или постара повеќе нема да биде достапна. - Ако ја користите апликацијата Imaging Edge Mobile, имајте предвид дека ажурираните фотоапарати повеќе нема да можат да се поврзат со оваа апликација. Откако ќе го ажурирате фотоапаратот, инсталирајте ја апликацијата Creators' App.
Придобивки и подобрувања
- Поддршка за апликации за мобилни уреди:
- Додава поддршка за апликацијата Creators' App
Забелешки:- Новата апликација за мобилни уреди Creators' App ја заменува апликацијата Imaging Edge Mobile. Апликацијата Creators' App ви овозможува да префрлувате слики од фотоапаратот во вашиот паметен телефон, да фотографирате од далечина и да користите други функции.
- Достапноста зависи од земјата и регионот.
- Додава поддршка за апликацијата Monitor & Control
Забелешки:- Апликацијата Monitor & Control се поврзува безжично со фотоапаратот и овозможува следење на видео и далечинска контрола преку паметен телефон или таблет.
- Достапноста зависи од земјата и регионот.
- Додава поддршка за апликацијата Creators' App
- Функции за снимање и репродукција:
- Додава поддршка за функцијата Relay Playback
- Додава поддршка за Breathing Compensation (Компензирање на промените во фокусната должина)
Забелешка: Информации за компатибилни објективи побарајте на оваа страница за поддршка. - Ја додава функцијата Sync Release (Синхронизирано активирање) којашто ги активира блендите на повеќе потфотоапарати заедно со темпирањето за активирање на блендата на главниот фотоапарат
Забелешка: За активирање на оваа функција, потребна е апликацијата Remote Camera Tool вер. 4.1.00. - Додава функција што ја прикажува рамката за фокусирање на екранот на Remote Camera Tool кога мониторот и визирот се исклучени
Забелешка: За активирање на оваа функција, потребна е апликацијата Remote Camera Tool вер. 4.1.00. - Додава поддршка за стабилизација на слика со координирана контрола помеѓу куќиштето и објективот. Информации за компатибилни објективи побарајте на оваа страница за поддршка.
- Додава функција што ви овозможува да ги ограничите сликите што треба да се репродуцираат со користење на повеќе услови за филтрирање, како што е статусот на пренос преку FTP
(FTP = протокол за пренос на датотеки) - Максималниот број на слики што може да се снимат во една папка е зголемен на 9.999
- Овозможува внесување Timecode (Временски код) со повеќенаменскиот/микро USB-приклучок. Временскиот код може да го поставите со изворната опрема
Забелешка: Потребен е наменски кабел со адаптер, што се продава посебно, за да се поврзете со изворната опрема за временски код. - Додава поддршка за увезување/префрлување помеѓу повеќе однапред поставени параметри за IPTC
(IPTC = Меѓународен совет за телекомуникации за печатот) - Додава поддршка за форматот C2PA (датумот на достапност на лиценцата не е одреден)
(C2PA = Коалиција за потекло и автентичност на содржините) - Додава поддршка за Custom Grid Line (Прилагодени линии во вид на решетка)
Забелешки:- Достапноста зависи од земјата и регионот.
- Функцијата Custom Grid Line (Прилагодени линии во вид на решетка) е достапна со платена лиценца.
- Пренос преку FTP и мрежни функции:
- Ви овозможува да вчитувате слики од фотоапаратот директно во апликацијата Creators’ Cloud
Забелешки:- Достапноста зависи од земјата и регионот.
- Потребна е вер. 2.3.1 на Creators' App или понова. Поставките мора да се прилагодат однапред во Creators' App. За повеќе информации, посетете го веб-сајтот за поддршка на Creators' App.
- Сега можете автоматски да закажете пренос преку FTP на заштитени филмови и фотографии
- Филмовите/фотографиите пренесени преку FTP сега може автоматски да се заштитат
- Сега можете да пренесувате одредени слики со приоритет за време на преносот преку FTP
- Додава поддршка за USB streaming (Стриминг преку USB)
Забелешка: Кога се поврзувате со уред со приклучок USB Type-C®, користете комерцијално достапен USB-кабел или адаптер за конверзија. - Додава поддршка за SFTP
(SFTP = протокол за безбеден пренос на датотеки) - Безбедноста на безжичен LAN сега поддржува WPA3-SAE
- Го подобрува фотографирањето од далечина и безбедноста на пренесувањето слики кога го користите софтверот Creators' App и Imaging Edge Desktop
Забелешка: Ажурирајте го софтверот Imaging Edge Desktop со најновата верзија (вер. 3.7.0 или понова).
- Ви овозможува да вчитувате слики од фотоапаратот директно во апликацијата Creators’ Cloud
- Друго:
- Го поправа проблемот кога фотоапаратот можеби нема да може да се поврзе со мрежата
- Го поправа проблемот кога сликите можеби не се пренесуваат правилно за време на преносот преку FTP
- Го поправа проблемот кога поставката за име на папката за фотографии може да се префрли од поставената вредност на зададената вредност (MSDCF) кога е отстранета батеријата
- Го поправа проблемот кога временскиот код не се задржува секогаш по рестартирање на напојувањето
- Ја подобрува стабилноста на експозицијата кога користите проширен ISO при снимање видео
- Ја подобрува работната стабилност на фотоапаратот
Забелешки:
- Погледнете го Водичот за помош за подетални информации во врска со сите ажурирани функции.
- Ова ажурирање е достапно само за Windows и macOS. Не е наведена верзија на мемориската картичка.
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувањаИнформации за датотеката
- Име: Update_ILCE1V201.dmg
- Верзија: 2.01
- Големина: 1.54 GB (1 538 554 073 бајти)
- Датум на издавање: 24-04-2024
Подготовка
Како да го направите следново: Ажурирање на фирмверот на фотоапаратот од Sony
Проверете ја верзијата на системскиот софтвер
Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 2.00 или постара, потребно е ажурирање. Ако ја користите вер. 2.01, не треба да вршите ажурирање.
Забелешки:- Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете ги датумот и времето на точните вредности.
- Ако се појави екранот за поставување на Language (Јазик) кога ќе го вклучите фотоапаратот, не заборавајте да го поставите јазикот.
- На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија).
- Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
Преземениот пакет ги содржи следните датотеки:
Забелешки:
- Кога ажурирате од вер. 1.32 или постара, прво извршете ажурирање со привремена верзија преку програмата за ажурирање 01_Update_ILCE1V135.app, а потоа употребете ја програмата за ажурирање 02_Update_ILCE1V201.app за да ажурирате со вер. 2.01.
- Ако веќе сте ја ажурирале верзијата на софтверот со вер. 1.35 или вер. 2.00, започнете од чекор 3.
- Привремената верзија ќе биде вер. 1.35.
Предуслови на системот
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со следните верзии на оперативниот систем Macintosh:
- macOS 12
- macOS 13
- macOS 14
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со следниот хардвер:
- Простор на хард дискот: 1,6 GB или повеќе
- RAM: 1,6 GB или повеќе
Друг хардвер
- Извор на напојување за фотоапаратот: Користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FZ100.
Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само ако нивото на енергија во батеријата етри цртички (или повеќе) или над 51 %. Ви препорачуваме да користите целосно наполнета батерија. Откачете го вертикалниот држач пред да го ажурирате системскиот софтвер.
- Користете го USB-кабелот што се испорачува со фотоапаратот.
Забелешка: Функционалноста на ажурирањето не се гарантира со друг USB-кабел.
Преземање и инсталирање
Важно известување
- Затворете ги сите апликациски софтвери пред да го ажурирате системскиот софтвер.
- Користете целосно наполнета батерија на полнење (NP-FZ100).
- За време на ажурирањето, не отстранувајте ја батеријата затоа што ненадејната загуба на напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
- Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот пред да ја започнете постапката за ажурирање.
- Ажурирањето на системскиот софтвер ќе трае приближно 30 минути. Не дозволувајте компјутерот да премине во режимот Sleep (Мирување) во овој период.
Забелешка: Ако компјутерот премине во режимот Sleep (Мирување) и ажурирањето се прекине, целата постапка на ажурирање треба да се започне одново. - Не отворајте го прозорецот About This System Software Updater (За оваа програма за ажурирање на системскиот софтвер) во менито System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер) затоа што тоа може да предизвика пад на софтверот.
- Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.
- Немојте да ги поврзувате фотоапаратот и компјутерот сè додека не добиете такви инструкции.
- Проверете дали компјутерот е поврзан на интернет.
- Следете ги инструкциите во прозорецот System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер):
На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → USB → USB Connection (Поврзување преку USB) и проверете дали е избрана опцијата Mass Storage (Масовно складирање). Ако е избран друг режим наместо Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage.
- Променете ја политиката за безбедност на Mac-компјутерите со процесор Apple silicon (Apple M1). Екранот About This Mac (Повеќе за овој Mac) ќе прикаже ставка со ознака Chip (Чип), по којашто следи името на чипот. Погледнете го написот Како да ја промените политиката за безбедност на Mac-компјутерите со Apple silicon. За Mac-компјутерите со процесор Intel, овој чекор не е потребен.
Како да преземете драјвер за фотоапарат од Sony:
- Посетете ја страницата за преземање драјвер за фотоапарат од Sony и преземете го драјверот:
- Кликнете на копчето Download (Преземи).
- Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
- Зачувајте ја датотеката на работната површина од компјутерот (препорачано).
Како да ја преземете програмата за ажурирање:
- Кликнете на копчето Download (Преземи) погоре.
- Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
Забелешка: Ќе започне преземањето на датотеката Update_ILCE1V201.dmg. - Зачувајте ја датотеката на работната површина од компјутерот (препорачано).
Забелешка: Големина на датотеката: 1.54 GB (1 538 554 073 бајти)
Чекор 1: како да го инсталирате драјверот за фотоапарат од Sony
- Затворете ги сите програми што се извршуваат на компјутерот во моментов.
- Кликнете двапати на датотеката Camera_Driver_2110a.dmg што ја преземавте. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
Забелешка: Ако сте го поврзале фотоапаратот со вашиот компјутер, прекинете го поврзувањето пред да ја извршите постапката. - Sony Camera Driver Installer (Програмата за инсталирање на драјверот за фотоапарат од Sony) ќе се прошири.
- Кликнете двапати на иконата SonyCameraDriver.pkg.
- Ќе се отвори екранот за инсталирање. Продолжете според упатствата.
- Од вас ќе се побара да ѝ дозволите на апликацијата да го инсталира новиот софтвер. Внесете ја лозинката за администраторската сметка.
Забелешки:- Ако оперативниот систем ја прикаже дијалог-пораката System Extension Blocked (Проширувањето на системот е блокирано) (вистинската порака ќе биде различна во зависност од верзијата на оперативниот систем), кликнете на копчето Open Security Preferences (Отвори ги претпочитаните вредности за безбедност). Ќе се отвори екранот Security & Privacy (Безбедност и приватност) на macOS.
- Ако оперативниот систем не ја прикаже дијалог-пораката System Extension Blocked (Проширувањето на системот е блокирано), преминете на Чекор 2 за да продолжите.
- За macOS 12, отворете ја картичката General (Општо) на екранот Security & Privacy (Безбедност и приватност) и кликнете на иконата со клуч. Кога ќе се побара да ја внесете лозинката, напишете ја лозинката што ја користевте за најавување со администраторската сметка, па кликнете на копчето Unlock (Отклучи).
- Кликнете на копчето Allow (Дозволи) за да му дозволите на системот да започне со вчитување на системскиот софтвер.
- За macOS 13 и macOS 14, одете во System Settings (Поставки на системот) и притиснете го копчето Allow (Дозволи) во менито Privacy & Security (Приватност и безбедност). Ако не можете да го најдете копчето Allow (Дозволи), обидете се со лизгање надолу на екранот.
- Откако ќе кликнете на копчето Allow (Дозволи), ако од вас се побара да извршите рестартирање, рестартирајте го компјутерот и вратете се на почетокот од постапката за ажурирање.
- Ако екранот Security & Privacy (Безбедност и приватност) не исчезне, затворете го прозорецот.
Чекор 2: како да ја ажурирате вер. 1.32 или постара со привремената верзија на софтверот
Ако ја користите вер. 1.35 или вер. 2.00, тогаш не е потребно да вршите ажурирање со привремена верзија.
- Кликнете двапати на датотеката Update_ILCE1V201.dmg што ја преземавте. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
- Датотеката Update_Update_ILCE1V201.dmg ќе се прошири.
- Кликнете двапати на иконата 01_Update_ILCE1V135.
- Во пораката ќе се побара да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за администраторската сметка.
- System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) ќе се активира.
Забелешки:- Ако системот не е подготвен да започне со ажурирање, ќе се појави порака за грешка. Преземете соодветно дејство според пораката, па повторно кликнете двапати на 01_Update_ILCE1V135.app.
- Ако се појави пораката You need to restart your computer (Треба да го рестартирате компјутерот), рестартирајте го компјутерот, па повторно кликнете двапати на 01_Update_ILCE1V135.app.
- Ако се појави пораката You need to install Sony Camera Driver (Треба да инсталирате драјвер за фотоапаратот од Sony), извршете ја постапката опишана во Чекор 1, па повторно кликнете двапати на 01_Update_ILCE1V135.app.
- Ако се појави пораката Check the Security & Privacy setting (Проверете ја поставката за безбедност и приватност), извршете ги чекорите 7, 8 и 9 во делот Чекор 1, па рестартирајте го компјутерот и повторно кликнете двапати на 01_Update_ILCE1V135.app.
- Вклучете го фотоапаратот и поврзете го со компјутерот преку испорачаниот USB-кабел. На LCD-екранот од фотоапаратот ќе се појави USB Mode (USB-режим).
- Кликнете Next (Следно). На долниот лев агол од екранот ќе се прикажат бројот на тековната верзија и бројот на верзијата по ажурирањето.
ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
Забелешка: Ако компјутерот не може да го пронајде уредот, на компјутерскиот екран ќе се прикаже пораката Could not find the camera for this update (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следното:- Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со друг приклучок.
- Откако ќе проверите дека тековната верзија на софтверот е 1.32 или постара, кликнете Next (Следно).
- Ако тековната верзија и верзијата по ажурирањето не се прикажани и од вас се побара да ја стартувате следната System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер), излезете од оваа програма за ажурирање и стартувајте ја програмата за ажурирање 02_Update_ILCE1V201.app.
- Потребно е ажурирање
- Стартувајте ја следната System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер)
- Потребно е ажурирање
- Фотоапаратот ќе се ресетира автоматски.
Забелешка: Иконата Loading (Вчитување) може да не се прикаже во зависност од верзијата на оперативниот систем што ја користите. - Започнете со ажурирање. По автоматското ресетирање, ќе започне ажурирањето и ќе се појави лента за напредок. Ажурирањето ќе трае приближно 30 минути.
ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
- Кога ажурирањето ќе заврши, фотоапаратот ќе се рестартира автоматски.
- Кога повторно ќе се појави LCD-екранот, кликнете Finish (Заврши).
Забелешка: По рестартирањето може да се прикаже предупредување за обнова на податоци. Тоа е нормално. Почекајте да исчезне предупредувањето. - Со ова завршува програмата за ажурирање 01_Update_ILCE1V135.app. Преминете на Чекор 3. USB-кабелот треба да биде приклучен.
Чекор 3 Постапка за ажурирање на софтверот од привремена верзија во вер. 2.01
Забелешки:- Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете ги датумот и времето на точните вредности.
- Ако се појави екранот за поставување на Language (Јазик) кога ќе го вклучите фотоапаратот, не заборавајте да го поставите јазикот.
- На екранот на фотоапаратот проверете дали за поврзувањето преку USB е избрана опцијата Mass Storage (Масовно складирање). Ако на екранот на фотоапаратот се прикаже Select USB Connection (Избери поврзување преку USB), изберете Mass Storage (Масовно складирање).
Забелешка: Изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → USB → USB Connection (Поврзување преку USB) и проверете дали е избрана опцијата Mass Storage (Масовно складирање). Ако е избран друг режим наместо Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage.
- Кликнете двапати на датотеката Update_ILCE1V201.dmg што ја преземавте. Update_ILCE1V201 ќе се прошири.
- Кликнете двапати на иконата 02_Update_ILCE1V201.app.
- System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) ќе се активира.
- Кликнете Next (Следно). На долниот лев агол од екранот ќе се прикажат бројот на тековната верзија и бројот на верзијата по ажурирањето.
ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
Забелешка: Ако компјутерот не може да го пронајде уредот, на компјутерскиот екран ќе се прикаже пораката Could not find the camera for this update (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следното:- Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со друг приклучок.
- Откако ќе потврдите дека верзијата на софтверот се прикажува на екранот, кликнете Next (Следно). Ако тековната верзија на системскиот софтвер е 2.01, тогаш не е потребно ажурирање. Во тој случај, следете ги чекорите подолу:
- Исклучете го фотоапаратот од компјутерот.
- Кликнете Finish (Заврши).
- Исклучете го фотоапаратот.
- Извадете ја батеријата.
- Повторно ставете ја батеријата.
- Вклучете го фотоапаратот.
- Потребно е ажурирање
- Ако се појави следниот екран, исклучете го USB-кабелот и проверете ја верзијата на софтверот. Ако верзијата на софтверот е вер. 1.32 или постара, следете ги чекорите во чекор 2.
- Фотоапаратот ќе се ресетира автоматски.
Забелешка: Иконата Loading (Вчитување) може да не се прикаже во зависност од верзијата на оперативниот систем што ја користите. - Започнете со ажурирање. По автоматското ресетирање на фотоапаратот, ќе започне ажурирањето и ќе се појави лента за напредок. Ажурирањето ќе трае приближно 30 минути.
ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
- Кога ажурирањето ќе заврши, фотоапаратот ќе се рестартира автоматски. Кога повторно ќе се појави LCD-екранот, кликнете Finish (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.
По рестартирањето може да се прикаже предупредување за обнова на податоци. Тоа е нормално. Почекајте да исчезне предупредувањето.
Забелешки:
- Кај Mac-компјутерите што користат процесор Apple silicon, кога ќе заврши постапката за ажурирање, ви препорачуваме да ја вратите политиката за безбедност на првичната поставка.
- За Mac-компјутерите со процесор Intel, овој чекор не е потребен.
- Доколку е потребно, погледнете го написот Како да ја промените политиката за безбедност на Mac-компјутерите со Apple silicon.
Чекор 4: проверете ја верзијата на системскиот софтвер на вашиот уред
- На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија).
- Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
Прашања и одговори
Ажурирањето не завршува
Ако мониторот е црн повеќе од 30 минути, следете ги овие чекори за да го решите проблемот:
- Исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
- Извадете ги батеријата и адаптерот за наизменична струја од фотоапаратот, оставете го неколку минути, па повторно ставете ја батеријата или поврзете го адаптерот за наизменична струја.
- Рестартирајте го компјутерот.
- Вклучете го фотоапаратот и повторно извршете ја постапката за инсталација.
По стартување на System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер), екранот за проверка на верзијата не се појавува и се прикажува пораката Failed to update (Не успеа да се ажурира).
Во тој случај, можно е претходно да сте го ажурирале фотоапаратот користејќи го драјверот System Software Update Helper (Помошник за ажурирање на системскиот софтвер) и да не сте го деинсталирале тој софтвер:
- Преземете го System Software Update Helper (Помошник за ажурирање на системскиот софтвер) повторно и деинсталирајте го драјверот со помош на алатката за деинсталација во папката Uninstaller (Програма за деинсталација) на преземената датотека.
- Откако ќе го деинсталирате драјверот System Software Update Helper (Помошник за ажурирање на системскиот софтвер), кликнете двапати на Update_ILCE1V201.dmg за да го рестартирате ажурирањето.