Користејќи напредни технологии за слика и звук, BRAVIA® од Sony го пренесува спортот реалистично во вашата дневна соба, создавајќи реални слики со тродимензионален и амбиентален звук.
Гледајте ги сите случувања во 4K HDR и гледајте уште повеќе детали на големиот екран, а сите во просторијата ќе добијат добар агол на гледање благодарение на нашата револуционерна технологија X-Wide AngleTM што прикажува слика со препознатливиот и врвен квалитет на Sony од секој агол.
За најважните моменти во спортот треба острина. X-Motion ClarityTM од Sony ги прикажува дури и најбрзите моменти што рушат рекорди јасно и без заматување, за да уживате во секој круг, скок и победа.
СИМУЛИРАНА СЛИКА
За разлика од телевизорите со звучник под екранот, Acoustic Multi-Audio™ користи два звучници за позиционирање на звукот на задната страна на телевизорот што ги следат случувањата на екранот, а независните засилувачи го зголемуваат притисокот и стабилноста. Сè звучи толку реално, што ќе се чувствувате како да сте во стадионот на вашиот тим или на крајната линија на трката.
Acoustic Multi-Audio е достапен кај XH90 од 65" и повеќе, но и кај XH95 од 55" и повеќе. Контролата на независните засилувачи (Bi-Amp) е достапна кај XH95 од 55"-75"
Стандардните телевизори користат само еден ред LED-светилки; Full Array LED од Sony -благодарение на нашиот најдобар процесор за слика X1™ Ultimate - ги поставува низ целиот екран на XH95 за да ги прикаже сите важни детали што конкуренцијата не може.
XH90 ќе ве внесе во натпреварите благодарение на нашиот процесор за слика X1™ и Full Array LED што ги откриваат сите детали и ги прикажуваат во неверојатна резолуција 4K Ultra HD.
A8 го користи истиот процесор што е вграден во нашите 8K-телевизори и ги прикажува движењата со неверојатен квалитет на слика на OLED-екранот, беспрекорно синхронизирани со Acoustic Surface AudioTM.
Благодарение на напредоците во дизајнот и технологиите за слика, дури и во малите простории може да вградите телевизор со голем екран. Екраните со висока резолуција ви овозможуваат да седите поблиску до случувањата, а потенките рамки придонесуваат за максимална големина на екранот без да ги зголемат димензиите на телевизорот.
Денешните 4K-телевизори со врвна резолуција прикажуваат остра и јасна слика, дури и ако седите блиску до екранот или гледате во големи екрани. Препорачуваме висината на телевизорот да биде две третини од растојанието помеѓу телевизорот и местото од кое гледате. Оддалеченост за гледање: ①55": 100 см ②65": 120 см ③75": 140 см ④85": 160 см
Благодарение на потенките рамки кај нашите најнови телевизори може да изберете поголем екран без да се зголеми вкупната големина на вашиот телевизор. Гледањето ќе биде подобро бидејќи ќе се фокусирате на случувањата, а не на рамката околу телевизорот.