Сите спецификации и функции
Поддржан звучник
- Вид на куќиште на поддржаниот звучник
- Акустична суспензија
- Максимална влезна моќност на поддржаниот звучник
- 100W
- Номинална импеданса на поддржаниот звучник
- 6 оми
- Систем со поддржан звучник
- Систем на звучници со целосен опсег
- Поддржан звучник со целосен опсег
- 10 см, конусен тип x 1
- Поддржан звучник со магнетна заштита
- Не
- Материјал од кој е изработена кутијата на поддржаниот звучник
- Дрво
- Решетка на поддржаниот звучник
- Можност за отстранување / Платно
- Карактеристично ниво на чувствителност на поддржаниот звучник
- 86 dB (2,83 V, 1 м)
- Влезен приклучок на поддржаниот звучник
- Приклучок за звучници од тип со притиснување
Општи карактеристики
- Звучник со поддршка за Dolby Atmos®
- 2
Општи карактеристики
- Фреквентен одзив
- 70 Hz - 32.000 Hz, во согласност со спецификациите за Dolby Atmos®
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- Прибл. 178 x 145 x 180 мм 7 1/8 × 5 3/4 × 7 1/8 инчи (без приклучок за звучници / со решетка)
- Тежина
- Прибл. 3 кг / 6 lb 10 oz
Функции
Dolby Atmos
Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360º како резултат на прецизно позиционирање на звукот во вашето опкружување. На тој начин се добива богат звук што потполно во обвиткува, а благодарение на звучниците SS-CSE, звукот доаѓа кон вас дури и од горе.
Прекрасен опкружувачки звук
Нема потреба од сложени системи на звучници. Компактните звучници SS-CSE го надополнуваат вашиот систем и животен простор за да создадат доживување на опкружувачки звук како во кино.
Поставување врз звучниците што ги имате
Компактниот звучник SS-CSE може да се постави врз звучниците што ги имате за да добиете уште подобро доживување со опкружувачки звук. За разлика од стандардните звучници, тие се специјално дизајнирани да го одбиваат звукот од таванот и да создадат сеопфатен опкружувачки звук.
Монтирани високо на ѕид за доживување како во кино
Направете професионален систем за домашно кино со монтирање на дискретните звучници SS-CSE на ѕид во различни положби, како на пример, високо над телевизорот. На тој начин ќе добиете поефикасен и повеќедимензионален звук со Dolby Atmos за моќна домашна забава.
Дизајн на серијата CS
Звучниците SS-CSE се дизајнирани за беспрекорно да го надополнат вашиот ентериер, телевизор со тенок екран и AV-приемник. Компактната кутија е изработена со модерни техники за обработка на дрво и совршено одговара на звукот и дизајнот на звучниците од серија CS.
Богата акустика и цврста MDF-кутија
Дрвените кутии, оптимизирани од нашите инженери за звук, создаваат резонантна акустика. Несаканите вибрации се елиминираат и апсорбираат, благодарение на зацврстените внатрешни споеви со иверица со средна густина (MDF). Како резултат се добива јасна репродукција со големо распространување на звукот од емитувањата и филмовите.
Остар и јасен звук со целуларен конус засилен со мика (MRC)
Многу стандардни звучници користат конуси од хартија што со тек на времето може да се свиткаат и деградираат, а тоа доведува до изобличување на звукот. Вуферите со MRC на SS-CSE се цврсти и ја задржуваат својата форма дури и под силен притисок. Поради тоа може да ја зголемувате јачината на звукот на телевизорот, филмовите и на музиката без загуби во квалитетот на звукот.
Компактен и повеќенаменски
Компактниот профил на звучникот SS-CSE е идеален за дискретно поставување врз звучниците што ги имате или на ѕид. Независно дали сакате да добиете звук со Dolby Atmos како во кината или само да го надополните тековниот систем за опкружувачки звук, овој повеќенаменски звучник ќе ви обезбеди сеопфатен опкружувачки ефект.