Звучници со Dolby Atmos
Внесете ја најновата иновација за звук како од кино во вашиот дом. Звучниците SS-CSE се дизајнирани за Dolby Atmos - технологија за опкружувачки звук како во кината - и функционираат одлично со други напредни формати за опкружувачки звук како што е DTS:X™. Како резултат добивате опкружувачки звук што ќе ве обвитка од сите страни - дури и од горе.
Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360º како резултат на прецизно позиционирање на звукот во вашето опкружување. На тој начин се добива богат звук што потполно во обвиткува, а благодарение на звучниците SS-CSE, звукот доаѓа кон вас дури и од горе.
Нема потреба од сложени системи на звучници. Компактните звучници SS-CSE го надополнуваат вашиот систем и животен простор за да создадат доживување на опкружувачки звук како во кино.
Секоја компонента од звучникот SS-CSE е изработена за намалување на вибрациите и изобличувањето, за да добиете детали и острина какви што заслужува опкружувачкиот звук Dolby Atmos.
Звучниците SS-CSE беспрекорно го надополнуваат вашиот ентериер, телевизор со тенок екран и AV-приемник. Компактната кутија е изработена со модерни техники за обработка на дрво и совршено одговара на звукот и дизајнот на звучниците од серија CS.
Оптимизираните дрвени кутии создаваат резонантна акустика. Цврстите внатрешни споеви со иверица со средна густина (MDF) ги елиминираат и апсорбираат несаканите вибрации. Ќе добиете јасна репродукција со големо распространување на звукот од емитувањата и филмовите.
Многу стандардни звучници користат конуси од хартија што со тек на времето може да се свиткаат и деградираат, а тоа доведува до изобличување на звукот. Вуферите со MRC на SS-CSE се цврсти и ја задржуваат својата форма дури и под силен притисок.
Компактниот звучник SS-CSE е идеален за дискретно инсталирање врз звучниците што ги имате или на ѕид. Независно дали сакате звук со Dolby Atmos како во кината или да го надополните тековниот систем за опкружувачки звук, овој повеќенаменски звучник ќе ви понуди сеопфатен опкружувачки ефект.
Д: 180 мм без приклучок за звучници | В: 145 мм со решетка
СОВРШЕН ПАРТНЕР ЗА ЗВУЧНИЦИТЕ SS-CSE